1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексуално образование (Sex Education) [2019]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Someonespecial, 19 февруари 2020.

  1. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    ќе има 4та сезона?
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Не ми се баш допадна последната сезона. Искрено и имаше интересен почеток, потоа направија storylines кои ми беа безвезе. И крајот ми беше мех... не ме направи воопшто емотивна, цело време гледав уште колку има останато пошто не ми беше како на време ќе склопат се што треба.

    Ова новото школо беше апсурдно, но тоа и беше поентата. Токсична позитивност, fake ass bitches, токсично woke. Ми се допаѓа што дадоа критика на тоа, но потоа направија сезоната да биде она што го критикуваа (премногу woke). :D Асексуалност, полигамија, донирање средства за операција на гради кога можеа за нешто покорисно, ех. Имаше многу глупави моменти, искрено. Моите реакции беа идентични ко на Руби 100% од времето. :D

    Руби инаку ми е еден од омилените ликови. Навивав за неа и Отис многу уште кога беа заедно, но она заслужува подобро. Не го можам Отис кога иде по Мејв ко мува без глава, досадни ми се до бесвест, заспиванка.

    Имаше многу непотребни приказни, пример Вив и тој нејзиниот насилен дечко и приказната за таткото на Џаксон. Ништо не придонесоа за гледачите и за целокупната прича.

    Адам и татко му, таа приказна ме исполни и ми го разнежни срцето, тоа е се што сакав. Единствено нешто што ме допре сезонава до коска. Обожавам комплицирани ликови, односи и особено постепен девелопмент на истите. :l:

    Чудно ми беше и тоа што му се случуваше на Ерик, дури и смешно, кога ќе размислам рационално океј ми е што навлегоа во тоа религија и хомосексуалност и прифаќање, ама некако ми беше сето тоа глупо и не ме многу интересираше, можеби субјективно мислење повеќе отколку реална критика.

    Ејми имаше убав крај во врска со наоѓање на нејзината пасија, исто тоа ми беше битно како со Адам. Не ја гледам хемијата меѓу неа и Исак, ама ватевер, нека си е среќна.

    На крајот 100% бев сигурна дека Отис ќе го води радио шоуто наместо мајка му, ама погрешив.

    Се на се, не ми беше нешто сезонава, мнооогу повеќе уживав во претходните. Некако не сум задоволна со крајот, нешто ми фалеше. Но добро, останува една од најинтересните серии на Нетфликс со добро обработени ликови, сериозно имам многу омилени ликови.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Искрено, слаба сезона. Ја изгледав во два дена одма ко излезе ама очекував повеќе. Можеше комотно да заврши со третата сезона бидејќи беше предобра, оваа некако ко ради реда направена.

    Се согласувам во голем дел со тоа што пиша @Srckata28 Премногу нови непотребни ликови, премногу фокусирање на други карактери наместо на главните, премногу исфорсиран wokeness. (На крајот дури средствата ги собраа за операција за Кал (facepalm) а требаше за таму каде што хранеа бездомници)

    О ми беше премногу антипатична и дволична.

    Визиите на Ерик сосема непотребни и чудни беа, не сфатив зошто баш тогаш му текна да биди пастир.

    Исто ко сосема исфорсирана ми беше хемијата меѓу Ејми и Ајзак. Еднаш се заглавија во лифт заедно и готово. :D Башка многу е крипи бидејќи Мејв имаше нешто со него, а и е најдобра другарка на Ејми. Ејми со Стив беа предобар пар претходните сезони, не им требаше да ги разделат.

    За Отис и Руби никогаш не бев, од авион се гледаше дека Отис не ја гледа на тој начин на кој таа почна да го гледа. Ми одат супер како пријатели само.

    Отис и Мејв ми се ОТП, и жално ми беше што не дозволија да бидат заедно. Иако од една страна разбирам пошто имаат само 17 години и свои соништа за следење, но не знам сепак мислам дека можеа повеќе да се потрудат. Го имаа долгоочекуваниот секс со емоции и се, за да се разделат и само едно писмо Мејв да му остави. |(

    Сцените со смртта и погребот на мајката на Мејв беа емоционални и ме допреа.

    Хајлајт на оваа сезона да не е жива катастрофа беа Адам и татко му. Ми се допадна што повторно се зближија и станаа вистинско семејство, и Адам си продолжи со нормален живот. Сакам да мислам и дека успешен дејт имаше со девојката на фармата.

    Тие што немате гледано уште а планирате, немајте големи очекувања од сезонава. :lol: Има исто многу критики на интернет. Некако остави чувство ко да не требаше да постои воопшто оваа сезона, или да треба да има уште една.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.986
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Машки
    Премногу остри критики за сезонава насекаде на интернет. Апсолутно не се согласувам дека беше лоша, ко што се мнозинство од рецензиите од гледачите на Rotten Tomatoes на пример. 39% fresh е ужасно лош рејтинг и е тотално нереален. Ми делува ко намерно бутање рејтинг од изнервирани конзервативци.

    Дали беше на исто ниво како другите сезони? Секако дека не.

    Мене најголем проблем ми претставуваше тоа што сѐ беше избрзано, цело време почнуваа нови приказни и наративи што не можеа да ги завршат како што треба и беа вклучени ради реда.

    Руби ми е убедливо омилен лик, неверојатно е колку може позадинската приказна да ми го смени мислењето за одреден лик во серија, и стварно ми е жал што на крај остана со невозвратена љубов.

    Сѐ на сѐ, океј сезона, убедливо послаба од претходните. Штета е што ја завршија со полоша сезона, ама добро. 6.5/10
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Уess, Ruby love. :inlove::inlove:
     
    На _iKarmen, senjorita-v и staycalm им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Мислам дека по пат се загуби поентата на серијата. Причината зошто беше одлична е што имаше силни главни плотови кои се развиваа бавно и постепено, поткрепени со интересни епизодични случки (индивидуалните сексуални проблеми за кои најчесто споредните ликови бараа совети). И беше интересно затоа што покрај забавна slow burn приказна имаше и пораки за инклузивност, диверзитет, репрезентација на секакви сексуалности, ментални болести, disabilities и семејни проблеми.

    Е сега работата е што во оваа сезона (и делумно во претходната) решија дека фокусот на серијата ќе биде ова второво а главните приказни, романсите, пријателствата, решиле да ги стават во втор план.

    Звучеше како да седнале на маса, да направиле листа од рандом проблеми со кои може да се соочи една личност поврзани со секс и врски и после вртеле тркало за на кој лик да му го тупнат проблемот. Од кај излезе тоа Вив да влезе во насилна врска, и на тоа да се троши screen time во последната сезона? Или она со расипаниот лифт? Ко да, валидни проблеми се ама како да постоеја само да исполнат квота на хитнати теми, никаква длабочина немаа, постоеја, се решија и толку.

    Други работи што не ми се допаднаа:

    1. Lazy writing. Како може нивното школо да го затворат зашто е ептен опседнато со секс, а ова другово што е arguably скроз испуштено од раце може не само да постои, туку и да има неквалификуван ученик што држи секс клиника. :^)
    2. Дебатата за изборите немаше никаква логика. О имплицира дека какви ти се родителите - таков си и ти, нешто што многу пати е побиено во серијата. После испадна дека Отис ја аутна оваа а немаше врска. И некако О успеа да ја добие публиката иако I'm asexual не е никаков изговор да гоустнуваш луѓе??? Ениуеј.
    3. Тоа што ги раскинаа сите омилени парови, почнувајќи од Ејми и Стив, преку Адам и Ерик ( :u: ) па сè до Отис и Мејв. Нема никаква литературна смисла да тизнуваш пар од првата епизода, на крај да ги разделиш на толку глуп начин и серијата да заврши со кадар од тоа како двајцата мизеруваат во своите соби.
    4. Тоа ме води кон следното. Никаква среќа немаше во крајот на серијата. Кал буквално сред депресија заврши. Добро, таква е реалноста, не е сè розово, врски прекинуваат, луѓе се осеќаат ко шит, бла бла... Ама дали дојдовме ние тука реалност да гледаме или забавна тинејџерска feel-good серија? Ко сакам среќен крај, сакам да го видам тоа што сум го чекала а не секој по свој пат.
    5. Ликовите станаа лоши. Секогаш кога некој ќе направеше нешто несоменено неетичко, одма има оправдување дека така постапил бидејќи како мал не го прифаќале. |( (О со нејзините постапки кон Руби и кон тие што ги гоустнала, Аби со нејзината токсична позитивност, како и Ерик со изневерувањето)
    6. Speaking of Ерик, зошто стана поп!!!??? Huh? Дефинитивно ми се бљуцкаше од оние њу вејв моменти на прифаќање религија како комјунити, дека Бог е ултра-супер-екстра либерална црна жена, дека можеш да си и христијанин и геј (мало сутра). Ќе преминев преку тоа ако комплетно не го упропастеа ликот на Ерик. Ептен црквар го направија.

    Тоа е сè ај гес. Позитивни точки ми беа Адам и Руби, единствените ликови што имаа логичен развој од почеток до крај. Сè друго беше обид за некој реализам и побивање литературни стереотипи ама беше ужасно изведено и и' даде многу млитав крај на серијата.
     
    На _iKarmen, sparklie, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.