Би било корисно да се потсетиме, Биологија - 7мо одделение! Извор Википедија Кај жените, процесот на овулација е контролиран од хипоталамусот на мозокот преку ослободувањето на хормоните кои се лачат во предниот резен на питуитарната жлезда, познат како лутеинизирачки хормон (ЛХ) и фоликулно-стимулирачки хормон (ФСХ). Во фоликуларната пред-овулациона фаза на менструалниот циклус, фоликулата во јајникот претрпува низа трансформации предизвикани од ФСХ, од кои главно е зголемувањето. После тоа, се формира отвор во фоликулата и јајце-клетката излегува низ тој отвор. Овулацијата е предизвикана од скок на количините на ФСХ и ЛХ кои се ослободуваат од питуитарната жлезда. Во текот на пост-овулаторната фаза, јајце клетката патува низ јајцеводите кон матката. Ако јајце клетката се оплоди од сперматозоиди, таа може да се всади во ѕидот од матката во текот на следните 6-12 дена. Кај жените, плодните денови се неколку дена пред овулацијата. Просечно, овулацијата настанува на 14 дена од просечниот 28-дневен менструален циклус. Но, нормално е денот на овулацијата да варира од просекот, со можност таа да се случи помеѓу десеттиот и деветнаесеттиот ден од циклусот. Самата должина на циклусот не е прецизна мерка за денот на овулацијата. Иако по правило побрза овулација би требало да резултира со пократок циклус, варијациите помеѓу жените може да бидат и по цела седмица. Почетокот на овулацијата може да се детектира по разни знаци, но тие најдобро ги распознава самата жена. Тие се промени во грлото на матката, во слузницата, во базалната температура, болка во јајниците и засилен осет за мирис.[1] Многу жени имаат засилена желба за секс неколку дена пред овулацијата.[2] Една студија заклучува дека привлечноста на жените се зголемува пред овулацијата.[3] А доста корисно и видеово, бар првите 10тина минути особено за темава
Од почетокот не користеме кондом, а и не планираме. Се пазиме, до сега нема свршено во мене. Но и да биде нешто, ќе биде од љубов направено.
Исклучиво со кондом.Верба немам во никого.Колку љутки сум имал ама се плашам не толку од бебе да затрудне некоја од мене колку од тоа да не закачам болест.
Женски ги знам симптомите за бременост и за пмс, но ме интересира дали има баш некој специфичен симптом со кој би знаеле дека станува збор за бременост? Пишувам во оваа тема ради тоа што сум имала без кондом па чисто информативно да чујам.
Ми треба итно информација. При крајот на јануари имав потреба да пијам Норлево, поради незгоден случај. Од кога го испив, имав циклус по две недели скоро, и потоа баш кога требаше да го добијам следниот циклус. И еве веќе ми доцни 17 дена. Во петокот, пред три дена правев тест за бременост и беше негативен. Но од кога го испив апчето навака имам исцедок со прљаво бела до жолтеникава боја, мислам дека тоа е некаква инфекција или нешто слично. Ми треба ваша помош, досега немам посетено гинеколог, бидејќи ми е премногу страв. Но имам многу големи мачнини во пределот на стомакот и грбот, нагони за повраќање и вртоглавици.. Хелп
Не сум експерт ама знам дека апчето е хормонско така да пореметени ти се хормоните.. кога тестот излегол негативен нема место за паника. А жолтеникава течност е дефинитивно инфекција, некогаш и тоа го пореметува циклусот. А за на гинеколог нема потреба да се плашиш тоа не е ништо страшно сите жени одат барем еднаш годишно и ако имаш инфекција потребно е да се лекува како што треба, затоа што тоа не е играчка..
Imavme seks so kondom, odkako svrsi po nekolko minuti stavi drug kondom i prodolzivme no svrsi nadvor od menee i dvata pati Po dva dena imavme bez kondom no ne svrsi vo mene Denes trebase da mi dojde no nema nistoo a i nemav nikakvi simptomi prethodnive denovi, denes malku imav bolki Dali ima shansi za bremenost, ve molam vo golema panika sum
И јас имав без кондом, ризик е во секој случај.А вака мислам дека нема место за паника, иако и јас сама паничам.Ајде нека ни дојди и да бидиме паметни следен пат.
Znam deka ne svrsi vo mene no sepak panicam i mnogu se nerviram, denes trebase da mi dojde no nema nistoo i uste povekje mi predizvikuva panika
И кај мене исто само што беа секунди во прашање и во паника сум сеуште. И минатиот пат паничев и ми доцнеше 4 дена затоа не се нервирај сега следен пат пази, и за мене ова пазењево важи !! хх Ајде ќе ни дојде, без грижи.
Не е баш нормално да ти доцни многу, сега ако се во прашање 4 дена ради клима,стрес,антибиотици океј е.Инаку ако е причина циста,бременост може и фазла.Но, иммам слушнато на некоја и доцнело 10 дена 11 па не била трудна.Сепак не се води ти по ова, ако се сомневаш на инфекција провери се, ако се сомневаш на бременост исто провери после 12 дена од односот.