Здраво девојки имам 20 год и имавме однос без кондом бидејќи немавме во моментот заштита. Hадвор сврши и уверен е дека ништо не згрешил но сепак многу се плашам оти ми доцни веќе 11 дена и само гради ме болат засега како и секогаш пред да ми дојде. Но еве уште не ми иде и уште повеќе сум под стрес. Настината сум периодов и често знае да ми задоцни дури и по 15дена. Не ми е прв пат олку да ми доцни но сега посебно ми е страв ради незаштитениот однос доколку сум бремена ќе си се убијам не сум спремна за мајка
Тест направи. Нема што да се убиваш, штом прифаќаш секс без заштита го прифаќаш и ризикот од истиот. Едноставно е.
Ако до толку не си подготвена за бременост тогаш немој да ризикуваш. Друго е да имаш незаштитен секс ама да си свесна за последиците и да бидеш подготвена да ги прифатиш. Велиш дека не ти свршил внатре, ако е сигурен и ако му веруваш тогаш нема потреба за паника, не си бремена. Штом циклусот не ти е редовен тогаш не го сметај за симптом а гради болат и пред да ти дојде така да не паничи без потреба. А во иднина памет во глава, сега можеби внимавал и не ти свршил ама некогаш може да се заборави па после ти да си имаш проблеми. Подобро заштита отколку нервози и грижи секогаш кога ќе ти задоцни.
Ќе почекам уште некој ден во случај да не ми дојде ако не ќе направам тест. И во секој случај ќе ве известам. Благодарам на советите.
Мислам дека не си бремена и не треба да паничиш. Но! Како што и други ти кажаа, доколку не си спремна на ризик, не практикувај друг пат незаштитен секс. Најмногу за да имаш мирна глава. А кондомот не штити само од бременост, штити и од сексуално пренесливи болести... а тоа го знаеш. Затоа, што е сигурно - сигурно е.
Да ве известам. Ми дојде дури денес после 18дена доцнење Бев на лекар ради тоа што ми доцни и си одредив матичен гинеколог за прв пат, ми закажа преглед за во среда па ќе видам што е проблемот се надевам нема да е ништо сериозно
Здраво девојки, сакав да ве прашам, синоќа имав односи со дечко ми без кондом (глупава грешка) сврши надвор, но јас почуствував како да сврши малку во мене и во тој момент му викнав, и он ми кажа дека уопште не бил внатре во мене во моментот кога сум му викнала, не знам дали ми се причини или стварно осетив нешто. Гледавме после не дека може нешто да се види, но вака некој видливи траги немаше. Мене требаше уште пред 2 дена да ми дојди (често ми касни затоа што имам проблем со јајниците, сум била на доктор за ова), веќе два дена ме боли малце стомакот во долниот дел повремено и сум доста нервозна..значи имам симптоми на ПМС но сепак се размислувам дали да се напијам апче или не? Ќе ве молам за мислење, фала однапред.
Ако ти кажал дека не свршил во тебе не земај апче, но без заштита повеќе немој за да не бидеш во оваа ситуација.
Машкото најдобро знае кога свршил. А тоа што си осетила нешто не верувам да е спермата, не се осеќа она толку лесно ( јас и воопшто не ја осеќам). Ќе ти дојде, не се грижи.
Вчера имав секс без кондом. Требаше да ми дојде вчера и еве денес ми дојде. Дечкото сврши надвор дури по 5 мин откако го изваде. Може да ти дојде и да останиш трудна? Не се сомневам нешто претерано оти видов дека сврши надвор ама сепак.
Може ако спермата прелетала некако онака и влезила без да тропне абе си се најадила некогаш само од гледање храна? Не сфаќам. Велиш не сврши во мене, бремена ли сум..