Не ми е јасно како тоа Норлевото го пиете како бонбонче. На двете недели, како некоја терапија. Цццц убаво му било да си свршува и аааајде. Не знам стварно.
Колку години имаш? Оди на гинеколог и разговарај за тоа како можеш да се заштитиш. Едуцирај се малку - ќе ти препише контрацептивни таблетки ако не сакате да користите кондом. Но и контрацепцијата не е секогаш 100% сигурна заштита од бременост. Оди на гинеколог и прашај си.
Не знам, тоа докторот ке ти го објасни. Норлево се користи за да се спречи бременост во случај на непланирано свршување. Орална контрацепција ти е соодветна опција ако сакаш да имаш секс без кондом а притоа да не мислиш дали можеби некој сперматозоид отпатувал до матката.
@Justicija а за Норлевото(апче за ден потоа) се надевам разбра дека не смееш да го пиеш повеќе од два пати годишно?
Мислиш на спирала ? Имам ставено но телото ми го препозна страното тело... Да да Ми пага косата од нив
Оралната контрацепција се таблетките, не спиралата. Но, како и да е, штом се си пробала и имаш нуспојави од се, објасни му на дечко ти дека за негов ќеф нема да си го уништуваш здравјето и или нека се спријатели со кондомите или нека заборави на секс. Уште не ми е јасно како можат да постојат луѓе кои сексот без кондом им е поважен од здравјето на нивната сакана.
Се надевам дека тролаш! Спирала се става само ако веќе си родила. Со твоево знаење, боље секс да немаш. Или можеби и абортус е добра опција?! После секое зачнување да те чистат и супер... и муж среќен и ти среќна. Ццц свашта!
па нека не свршува у тебе ма... Се пие до 72 часа после ризичен однос ама да знаеш дека ќе пореметиш и циклус и се.
@Justicija си го жртвуваш сопственото здравје за љубов...бравос...тоа е вистинска љубов...се надевам барем тој кондомо мразачот знае да го цени тоа...и ќе го цени и во иднина...
Па некој ако толку многу ме сака...најважно ќе му биде моето здравје.. А не да ми кажува дека не сака кондом да користи...а јас да пијам апчиња и да си предизвикувам хормонско пореметување на организмот..
@Justicija Норлево е за ако ви се згреши да го земиш еднаш и не е безбедно да се зема после секој однос или поќе пати во годината. Сем кондоми имаш поќе начини на контрацепција, имаш дијафрагма, контрацептивни таблети, цервикална капа, шо не, само оди на гениколог и немој да пробваш ништо на своја рака, а особено не да пиеш Норлево редовно. Ако изборот ти е контрацептивни апчиња, ќе одиш кај докторот и тој ќе ти препиши соодветни. Исто така можи да практикувате прекинат однос, ако не сте паничари и знајте дека е океј да се практикува. И ние долго време менвавме кондоми дур најдовме едни кои му се добри и него и мене, па сфаќам едноставно да не трпиш кондоми, иако тоа не е услов за секс без никаква заштита ако немате во план дете.
@Justicija , ме разочара искрено. Не може да си толку наивна да му се сневиди?!? Не сакал кондом?!?! Ако не сака кондом, нема ни секс и ај со здравје!
Јас со дм од скоро почнавме да имаме без кондом ,заедно сме скоро 5 години и зошто да не кога му верувам и внимава,до сега еднаш имам пиено норлеово ни пукна кондомот и тогаш ми се поремети добиеното ,повторнон е би пиела норлеово.
И јас сум пиела Норлево поради пукнат кондом. Цел организам ми се порамети. Ни на памет не ми доаѓа пак да се напијам. Незнам како може некој да си го загрозува здравјето заради кејф на дечкото. Не сме ние играчки.
Не сака кондом,а сака да свршува во тебе?Ок пред да му дојде да сврши,удри му бокс во стомак,во глава,и ке му се врати,и секој пат така додека не научи или надвор да свршува,или кондом да става.Ако и ова не помага,до тебе цигла,а почне крици да испушта со циглата во глава,искрено ти го зборам ова,извини ама вакви машки само тоа заслужуваат.
До сега практикувавме прекинат однос , но јас сум паничарка и купувам само тестови .... Таблети само едно пакетче имам испиено и се појавија нус појави.... Затоа барам друг начин...