Не користиме кондоми туку јас си пијам контрацепција и никогаш не свршува во мене. Тоа вчера беше не сакајќи и бев во паника после бидејќи знам дека контрацепцијата не е 100% сигурна и плус ризични денови беа. Немам испиено 7 таблети од ова пакување па затоа испив и норлево за да не ме боли глава. На него ништо не му кажав. Свесна сум за последиците. Имам пиено норлево пред 2 години и не сакав повторно да дојде до ова ама немав друго решение. Се надевам последен пат го пијам.
Кога ја читам темава си мислам дека лапате аналгин онака лабаво,ама кога ке прочитам убаво,си викам алал да им е за храброста,се надевам дека еден ден нема да се каете за последиците.
А за да не ве боли глава и двајцата, зашто не користите кондом ? Само клукај се ти со контрацептивни и норлево, последици по тебе допрва ќе има .
Ако пиеш контрацептивни може слободно да свршува во тебе. Ризик за бременост има помал отколку при однос со кондом. Не можат да кажат 100% затоа што е подложно на човечки грешки, не затоа што не се сигурни контрациптивните.
Еве ја као машко, ја не можам да ве разберам вас женските. Као, имате ли ум? Зошто ќутите, зошто дозволувате се, зошто само вас да ве боли глава? Ако одите по линија на помал отпор ќе си се клукате со апчиња кои ќе ви реметат цел метаболизам.
Читај убаво погоре напишав. Прв пат сврши во мене ненамерно. За тоа е норлевото нели. Никој од кеиф не го пие. Не си играме знаеме дека е штетно апчето но во исклучителни случаеви како мојот подобро е да се испие отколку да се остави на случајност. Сакав да кажам дека ќе ме боли глава од причина што ќе бидам напната и исплашена дали ќе добијам.
Ќе бидеш напната секогаш кога ќе имате секс, а ако е со кондом да не бил скинат, ако е со апчиња да не па не делуваат, ако мочал и се измил да не му останал некој сперматозоид, а ако е петинг преку фармерки дали фармерките беа доволно дебели за да не ја пропуштат спермата, ако е свршување во уста дали постои начин да стигне до јајце клетката па исто тело е јбг ќе најде пат, а најстрашно па ако е анално, шансите се најголеми. Ако толку се плашите апстинирајте, зошто глава да ве боли секој ден. Плус и мешаш апчиња, микрогинон и норлево, си прашала ли гинеколог дали смее така. Си можела да ги комбинираш со виски, кад је бал нек је маскенбал. И зошто само тебе да те боли глава а он да не се замара. Кажи му нека направи вазектомија, па двајцата со мирна глава. Уствари ти и тогаш ќе најдеш сомнеж. Прекини со таблети, се уништуваш. Користете кондоми а и сексот не е играчка, се дешаваат "несреќни случаи" како што викаш, треба да бидете подготвени двајцата, не само ти. И отварај си очи уште сега дали му е гајле за твоето здравје, да не читаме после трагикомедија во теми-ме затрудне па ме остави.
Таблетите не ги пијам поради заштита од бременост пишав и во други теми уште откако ми ги препиша гинеколог. Ги земам заради полицистични јајници и дечко ми не свршува во мене, не дека имаме нешто против кондоми но јас кога веќе пијам контрацепција не гледаме потреба од кондом. Тоа што вчера сврши во мене беше скрос несакајќи или да кажеме несреќен случај. И норлевото можеби немаше потреба да го пијам но се испаничив читајќи упатство од микрогинон. Само да објаснам бидејќи веднаш напаѓате, дали ни било гајле за здравје или не знам за што.
Чекај сега, он сака или не сака со кондом? Нели преска спомна болење глава. Ти не можеш вечно да пиеш микрогинон, проблемот ќе се среди, може и веќе е среден. Апчињата се хормонски, не знам како мислиш дека не влијаат на твоето здравје.
Никогаш не користевме кондом, не сака најверојатно. Знае дека пијам апчиња и сметаме дека нема потреба. Иако знаеше дека пијам никогаш не сврши во мене. Ова вчера беше прв пат затоа спомнав болење глава. За апчињата знам како влијаат ама морам да го испијам ова пакување па да одам на преглед.
Епа јас на тој момент целев, зошто тој не би сакал кондом а ти може да се труеш со апчиња. Многу себично, еднострано. Тешко му е да натегне една гумичка, тебе ти е полесно да голташ апчиња. Дури и кога пиеш терапија, може да користи кондом.
Не ме заебавај, знаеш на што мислев многу добро Го надополнив дискусот со едно сериозно прашање. Кажи ми мислење, ако сакаш...
@Abeja што ја напна девојката? Убаво е пишано дека она веќе пие контрацептивни апчиња и сметаат дека не треба кондом. Ја нигде не прочитав дека она сака кондом а он не. Доктор и рекол да пие хормони, ама ете ти стручната знаеш дека она се уништува. А да, преку екран знаеш дека
Знаев дека некој ќе ме искритикува како @Abeja И по други теми сум читала и други членки исто да пишуваат но ете сепак се обидов да објаснам за да не настане караница во темава.