Bolestite ne se gledaat so golo oko, tie se cuvstvuvaat posle seksualniot cin. Zatoa zastitata na zdravjeto na dvata pola preku koristenje na prezervativ treba da bide prioritet.
Дечки, јас пред некое време тука ве прашав дали има некаков ризик за бременост од кинење на кондомот на сред чин а партнерот да нема свршено, тие што ми одговоривте ми рековте не а многу читав за предсемена течност и слично а кај мене психата си го прави своето, денес ми е 28ми ден и треба да добијам а еве уште не сум добила а менструацијата ми е редовна односно континуирано ми доаѓа барем 1 ден порано од 28миот ден и прв пат ми се случува ова време да немам добиено и стварно последнава недела сум цело време под стрес, посебно последниве 2 3 дена и стварно не знам дали има простор за паника. Некој совет?!
Совет.... да се смириш... психозата и нервозата не може да влијае за нешто што се десило пред 3-4 недели... само ти прави стрес на организмот ...
Совет, да се опуштиш малце за да може да ти дојди. Самата психа и нервоза не дозволуваат да ти дојде на време. Опушти се и ќе ти дојде за 2, 3 дена.
Последната менструација ми беше на 19 ноември, а неколку денови претходно имав незаштитен однос и при тоа партнерот ејакулираше во мене. Пред неколку денови направив тест за бременост, но да спомнам дека не го направив наутро, не знам дали има тоа некаква врска, на пакувањето пишуваше дека може да се направи во било кој период од денот, иако е најдобро наутро, но јас бев нестрплива. Резултатот беше негативен. Денес ми е 18 ден од последна менструација, но јас имам крв исто како пред добивање на циклус што имам. Прашањето ми е дали има некоја можност тестот да беше невалиден или да ми дал лажни резултати? Денес е петок и секако ми е касно за на гинеколог, во понеделник ќе одам на контрола, но ме фаќа малку паника, зошто и пред некој месец истото ми се случи, т.е. во еден месец два пати да добијам.
Претходно. Значи деновите пред да добијам имав незаштитени односи, па на 19-ти ноември добив менструација, кога правев тест испадна негативен, па денес пак добив, односно 18 дена од последната менструација. @Hello me
Направи си тест, зашто во почетокот може да покажува негативен. Тестот за бременост е најточен после 2 недели од ризичниот однос И како бе дозволувате така? Ем без кондом, ем да свршува во тебе?
@LoneWolfGuy, јас би направила, ама не знам колку би бил валиден дека сега имам менструација. @Shery, односи со кондом имавме само првата година од врската. Долго време сме заедно и правено е муабет на таа тема, доволно сме возрасни и свесни за постапките и "последиците" од незаштитен секс. Не ни претставува проблем тоа дали сум бремена, само се прашувам дали би можело да сум и покрај тоа што добив менструација по незаштитените односи, а еве денес пак и пак ќе нагласам дека ми е 18-ти ден од последна менструација, а инаку добивам на 24 до 26 денови најмногу. Сакам само да слушнам мислење, а утре ќе се консултирам со матичниот гинеколог секако.
Мислам дека не си бремена штом 2 пати ти дошло после незаштитениот однос. Можеби поради х причини ти дошло порано. Но сепак после циклусот направи си тест.
Имав не заштитен однос денеска, не сврши во мене, дали има можност за бременост..се изначиитсв многу работи за предсемената и ќе полудам...
Од предсемената течност има шанси за бременост кои се минимални и зависат од многу фактори. Не е дека толку лесно се забременува. Ако сте толку паничарки зошто практикувате незаштитени односи?
Незнам дали е соодветна темава да си прашам, месец ипол како се породив со мм имавме однос бев кондом, но немав добиено менструација денес добив.. Има ли шанси да останам бремена?