Од времето е мислам И мене веќе трет ден ми доцни, до периодот е. А можеби и стрес, многу се секираш па затоа. Чим не свршил, шансите да забремениш од предсеменова течност се најминимални, скоро невозможни.
Ќе чекаш да ти дојди, не можиш ништо. Тоа што имаш симптоми значи ќе ти дојди кај и да е, само треба да пробие.
Ќе ти дојде. Мене преку цела година ми е точна како швајцарски часовник на 31 ден, а декември и јануари редовно ми доцни и тоа по 5-6 дена, најверојатно од времето. Не се стресувај, опушти си ја душата, ќе дојде. Не свршува внатре, тестовите негативни, relax .
Od kako ispiv apce norlevo pred edna ipol nedela sabajlevo prokrvariv kafeava mnogu temna tecnost mnogu sum isplasena da ne e znak na bremenost ve molam kazete mi mislenje?
Стварно и јас се прашувам како се нафаќаат или толку е тешко да се контролираат сексуалните нагони?! Мене ми се има случено да почниме сексуален чин, ама се прашавме, сакаме да шетаме дете за раче или?! Се посмеавме и прекинавме.
И после ќе прочиташ прашање - Колку чини абортус? Толку ли е тешко да се прочита нешто на интернет пред да се почне со сексуални односи? И не е само бременоста проблем. Во прашање се и сексуално преносливи болести.
Јас имам редовен секс со дечко ми и скоро никогаш не користиме кондоми. Тоа не значи дека не пазиме. Се додека не сврши внатре нема никаков простор за паника.
Се додека имаш секс без кондом постои шанса за бременост. Иако шансите се мали, сепак ги има. Доколку немаш никаков секс, тогаш можеш да кажеш дека нема простор за паника.
Шансите се премногу мали и искрено не верувам во муабетот дека некоја одтанала трудна од исцедокот. Можеби сум грешка, но сепак тоа е мое мислење...
Точно е дека се многу мали, прашање е дали некоја воопшто останала бремена од предсемена течност, ама никогаш не можеш со сигурност да кажеш дека сте имале секс без кондом и ти нема шанси да останеш бремена. Нема шанси за бременост ако немаш секс воопшто.
На пример да сврши пред време или од возбуда да не се тргне на време. Вака или така, има шанси. Всушност не е само до тоа како се практикува сексот туку паниката и психички зависи од девојката / жената, условно кажано. Мене би ме убила параноја колку и да е тој сигурен дека извадил на време и јас да му верувам
Му верувам потполно на партнерот и знам дека без моја дозвола не би направил такво нешто колку и да е напален. Да, се согласувам дека се е до девојката. Иако за други работи сум голем паничар, за оваа немам гајле
Ти му веруваш и тој си верува на себе, но, прашање на секунда е. И да не сака, некогаш може да се случи и да не се тргне на време. Ризикуваш, и ти и тој, нема врска довербата или тоа дека не би свршил без твоја дозвола. А за болестите, тоа не треба ни да се дискутира, тука барем воопшто не можеш да веруваш.
И што е најинтересно.... Баш таквите ќе напишат мислења од типот - мислам дека имам некоја сексуално пренослива болест, ми касни неколку дена - дали има простор за паника, ..... Се клукаат со Норлево како да се бонбони. Многу напредна младина.