I sto mislite za predsemena tecnost? Dali postoi rizik posle prvata runda? Dali navistina nemoze od prva runda da se zatrudni posle prva runda e po rizik
Прво, не може да се забремени од предсемена течност сама по себе. Има мал ризик ако после првата партија не се измокри за да го исфрли секој потенцијален сперматозоид, или полошо не се избрише. Сепак за да немаш вакви грижи користете кондом.
Од вакви играчки и демек го извадив на време,еве ќерка родив.Ако не планирате бременост користете заштита,за да нема несакана бременост и поголеми проблеми после.Слушајте паталец,а не гаталец...
Они нека спијат на тоа уво дека од предсемена течност не се останува бремена. После ќе прочиташ во темите како да абортираат.
Колку и да е ретко, пак постојат шанси. Треба да се мисли на време, а не после да си ја чукаш главата и да не спиеш со денови.
Jas i posle dve god vrska seuste koristam kondom ali mi se desava i bez toa ali sepak si treba mn vnimanie
Мене една работа ме чуди. Кога девојката ќе остане бремена, машкото и вика - Ти си виновна. Требало да се заштитиш. А он не требало? До кога само женското ќе биде виновно.
Пред 3 дена имав незаштитен однос (свршување надвор), но после тој однос чувствувам болки во долниот дел на стомакот еве веќе 3 дена ме боли без прекин. Првиот ден имав и болки во пределот накај анусот но тие прекинаа, а болките во стомакот не престанаа а треба да добијам за 5 6 дена. Дали има простор за загриженост или болките ги имам бидејќи треба да добијам?
Ако ти е пишано да забремениш ќе забремениш и од течноста ... Ако не ќе се "мачиш" како мене и во плодни денови ќе свршуваш внатре па нема да фати одма...
Ај што не можам да сфатам како не се плашите од бременост и имате секс без кондом, ама уште поголема дилема ми е како не се плашите од сексуално преносливи инфекции и болести