А чекај что кога ќе дојде време за бебе? Или сексот само за уживанција е? Еве ние зме долго време заедно, не шврљаме на страна, не сме менувале партнери како чорапи во минатото, хигиена на високо ниво, од што да се плашам?
Пред да се одлучите на бебе се прават прегледи за да се исклучат било какви инфекции. А и ја водам хигиена ептен ама ете долго време влечев кандида од паднат имунитет и непазење на исхрана.
Бебе сигурно нема да правиш со секој. Туку со личност со која си подолго време заедно и знаеш дека ти е верен (иако никогаш не можеш во тоа да бидеш 100% сигурен), плус за да би имала јас со некој секс без кондом и да планирам бебе, ќе барам да се испита партнерот дали е здрав и редовно да прави контроли. Колку и тоа лудо да звучи, ама мене здравјето ми е на прво место. Ако можам јас да одам редовно на преглед на гинеколог, ќе мора и тој. Во денешно време, во никој не можеш да бидеш целосно сигурен, во врска со верноста, ни во брак, а камоли во врска. За менувањето партнери во минатото, па доволен е само еден партнер да имаш или тој да имал заразен со нешто, па да се зарази/ш па тоа да се пренесе и меѓу вас. А болестите колку што знам покасно покажуваат симптоми.
seks bez kondom samo so siguren partner. so nekoj sto ne ti e siguren OBAVEZNO zastita. ima polovi bolesti koj se strasni.
ти не шврљаш на страна ама за партнерот никогаш не можеш да знаеш со сигурност. Луѓе во брак се па шараат ваму таму а не па во врска.
Ми треба совет Пред еден саат имав однос, прво тој сврши на страна а после некои 15 мин имавме однос (кратко неполна минута) со свршување надвор секако Прашањето ми е дали има потреба да се напијам норлево или не? Исто така да напоменам дека пред односот уринираше, видов на апликацијата 19ти ден од менстрација и тоа ме плаши..
некогаш се чудам на прашањава. Јас сум имала секс свршувал надвор убаво па потоа сме продолжувале. Не еднаш туку секогаш така. Нит сум се потресла дали ќе останам трудна нит па сум останала зашто знам дека нема ни да останам на таков начин.
Да во право си, премногу сум читала и сум се информирала околу овие работи но ете пак ми е страв. Знам дека втората партија е по ризична бидејки може да останало нешто или грешам? Плус плодни денови
Се чудиш на прашањата нивни ама и ти навистина многу добар совет делиш.. А зошто кондом не користете? Сега се плашиш и ќе се мислиш дали ќе добиеш или не...сами си комплицирате. Ризик постои затоа треба секогаш да уринира и да се измие, но за да се заштитиш не само од несакана бременост туку и спб користете кондом. Навистина не знам зошто сама би се ставила на таков ризик доколку не планирате бременост.
Јас се чудам како можеш ти да се чудиш на прашањата кога ни самата не си информирана. Ако не уринира измеѓу двете партии секс и тоа како може да се забремени ако нешто останало во каналите.
Користиме кондом, но ете во моментот немавме така бидна. Затоа ве прашав за совет бидејки не знам што да правам...
Па штом сте немале требало да се воздржите од секс. А не поради кратко задоволство сега да си ја чукаш главата. Па не сме животни, луѓе сме, имаме разум, треба да знаеме да се контролираме, а не да дозволуваме страста да ни го контролира однесувањето.
Ако уринирал и свршил надвор не би требало да има проблем, но за следен пат не си дозволувај вака, бидејќи и стресот делува на хормони и циклус. Затоа поголема залиха на кондоми при рака, за да си заштитена не само од бременост туку и од спб.