За во иднина,само се информирам... Не сум груб...Би се прилагодил на желбите на партнерката,а би можел да го засилам темпото ако ме понесе страста што не значи дека би се изживувал врз девојката...Не сум ненормален па да ја третирам како животно...
Да ги имам барем на ден мозокот и самодовербата, на 80% од овие кои пишале на темата...па да се одморам што би се рекло.
Само додека бев во брак. (Пред тоа не ни имав ) Сега на самата помисла језа ме фаќа. Дури и покрај заштитата, знаат паники да ме фатат од толку што сум затапана по работата и никако не сакам да оставам простор за мајчинство и болест што ќе ми намали квалитет на живот. Пиј апче, ти пиј апче. Море, читав пред некое време дека тестирале контрацептивни пилули за мажи. Со душа чекам да искочат. Колку девојчиња малтретираат, ги ставаат у паники од шо нејќат едно гумиче да стават. Абе, женско да не се родиш, со што створови се расправаме. Башка кондоми какви се` не искачаат на пазарот, се усовршува технологијата на заштита, се зголемува задоволството, малтене стануваат засилувачи на задоволството а не негова бариера. Секогаш да си имате у ташна. Не викајте машка работа се. Додуша се, ама вашето здравје е исклучиво ваша работа.
Абе сеа види, не е исто со гумче и без. Како и да е повеќето машки се заинтересирани да пробаат без кондом без размислувајќи за последиците, односно за бременост. "Нејзино" е, ваљда по таа логика се водат.
Едно е гумиче, друго е како камикази да си испукаш една хормонска бомба во тебе затоа што на партнерот му се испуштило иако ветил дека надвор ќе ејакулира. Од секс кондом не пука. За секс е наменет. Пука од неправилна употреба. Чести грешки: 1) Ко божем за поголема заштита некои користат два еден врз друг. Ова само ќе придонесе до побрзо пукање, поради фрикцијата, триењето, нормално нели. 2) Пакетчето од кондом се отвара со заби или остар предмет. Има жлепче за отварање, само прстите се доволни. 3) Не се чуваат во паричник, заден џеб од фармерки, или места кадешто ќе нема доволен простор и има триење. 4) Се користат лубриканти на база на масло за кондоми од латекс што е погрешно. Најдобра опција за овие кондоми е лубрикант на база на вода или силикон. 5) За жал некои жени имаат односи додека примаат вагиналетска терапија на база на миконазол или лекарства против паразитски и бактериски инфекции. Супстанциите во тие лекови може да ја намалат функцијата на кондомот затоа што го разјадуваат латексот. Не сум доктор, ако во некој детал погрешно сум упатена, отворена сум за корекција.
Фала ти.Само не знам кај би го носел ако не во паричник или заден џеб пошто онакви торбички за околу појас или од страна со појаси не носам,неудобно се чувствувам,ме стега.И чаре? Останува цела кутија да носам па бар нека има за подолготрајни односи
Па ваљда на улица нема да имаш секс. Дома ќе ги чуваш, во кола во оригиналната кутија. Ако веќе толку итно треба а немаш при себе, ќе претрчаш до најблиската продавница и ќе купиш нови.