Пичка не е џеб! Како бе не споредуваш со предмети!? Па после, дробиш за тоа, колку си бил 'чувствителен' за жените. И што ако се разделите? Демек 'оштетена' ќе биде поради сексот? 'Неквалитетна роба'? Дај преиспитај си ги размислувањата.
@Волшебникот и ако воопшто нема химен? Ако се скинал претходно на некој начин? Ако на гинеколошки преглед се случило? Ако при пенетрација не се кине? Како ќе се увериш дека си и прв?
Не коментирам поќе. Читајте ги коментарите целосно ама и дешифрирајте ги и ќе сфатите шо кажувам цело време. Ако треба нешто, приватна порака. Позич ве сакам "феминистки" и борете се секош како и на форумов. Одам сега на друг борд малце да размрдам.
Абе нема ни што 'да се уверува'. Што к*р-фактор е некој си онаму, да ми прави 'проценка за вредност', по тоа, дали и колку сум имала секс?
Има добри терзии за мали пари го средуваат џебот, дури и конците ги прават да може да се ресорбираат по извесно време. Ни шев се познава ни ништо. Парите се на сигурно. Се извинувам, не ми беше поента да споредам орган со предмет. Никој не рече сите жени да одат од 13 години да имаат односи со овој и со оној, проблемот поради којшто се реагираше се простиве генерализации. Имав еден познаник, стално ги генерализираше келнерките. Сите тие идат со газдите не знам какви се што се, негова ќерка по десетина години не можејќи да најде работа по струка, погодете кај се вработи? Во кафич.
Не па, него го прашувам оти му било битно ете...А очигледно слабо стои со биологија... @Волшебникот а чим си волшебник можеш ли на нас скинатите со некаква магија да ни ја повратиш невиноста? Да не се резилиме знаеш...
У реду е дечко, имаш 18 години, сеа брзо си изгубил невиност, претпоставувам заљубен си во девојчето и си мислиш дека тоа ќе трае вечно, ќе се земете, ќе имате деца и ќе бидете заедно довека. Сепак животното искуство, кое ти го немаш (што е и причина за твојот став) покажува дека врски започнати толку рано прилично ретко завршуваат со брак (што не значи и дека нема шанси тоа да се случи). Луѓето се менуваат, созреваат, им се менуваат мислењата, желбите, плановите, целите и амбициите и неретко во тој процес патиштата со партнерот се разделуваат. Сега размислуваш вака, за 5 години поинаку, за 10 уште поинаку. Терај си со врската, не се опседнувај со невиноста и не се обидувај твојот став да им го наметнеш на другите, искрено смешно е да очекуваш од некој на 25 години да се согласи со тебе.
Ама чекајте малку.. дечково е потпишан Волшебникот па ништо чудно таа негова девојка која наводно ја има да си ја создава волшебно само во неговите мисли.
Ако ти е дупната главата - тиши паметот. Се согласувам за сите вакви компарации!! Убо вака и пример ко ќе имаме.
Со првото потполно се согласувам и за мене тоа мислење е ок и за последната реченица е ок тоа шо секој има различни мислења. Мене не ми сметате никој ниту ме интересира ваш живот ваше право. Јас цело време кажувам нешто како првото али е негативно е зз вас За другото не се согласувам.
Дали и таа тебе ти е прва? Да Штом толку му даваш на значење на хименот, зошто имате секс пред брак? Имам секс али после сексот јас не планирам другиот ден да раскиниме да излези дека само целта сум си ја исполнил. Што ако еден ден раскинете? Сум имал секс, не планирам да раскинам пошто не сум воспитан да бидам во врска колку за секс и после чао. Тогаш како ќе бидете со други партнери? Кога не само за девојката, туку и за себе велиш дека треба да бидете чисти како солза без претходно да сте имале секс со други партнери? Таа немала претходно ниту јас сум имал претходно однос.
Кај жена мерило за вредност не е хименот. Ако мене не ми е гајле дали имам химен или не, нема шо тебе да ти е гајле. Оти реално, поќе боли некој да е со мене од жал дека ме скинал. Поќе боли него да ми раскини и да си ја барам среќата со друг. Таа твоја девојка, велиш и да не ја сакаш не би ја оставил оти си ја скинал. Прво, ти ќе се фрустрираш во врска без љубов и страст. Следно, за век ќе му ебиш психата оти си ја лажел дека ја сакаш. И последно, те вреѓаат/ ме зошто ти сите скинати жени ги спореди со предмет. Ти. Поголема навреда нема од то па колкаво сакаш дете да си, нема нешто шо ќе напрајш па некоја жена да ти го прости ова. Срам да ти е. @Волшебникот
Те 'вади' тоа што си малечок... Имаш време да научиш многу работи. Не можеш цел живот да го потпреш на кинење химен.
Сите сонуваме за волшебник како тебе, да ни приредува магии и чаролии секој ден, секоја минута да ни е волшебна, во знак на домаќинска взаемна маѓепсаност. Аххххххх
А јас имам 41 и ти викам дека грешиш. Не е убаво што размислуваш од аспект на 'невиност', дали некоја е 'вредна' или не. Доброволен сексуален однос меѓу партнери, е за обострано задоволство. И не може да размислуваш единствено од аспект на тоа, дали некоја имала секс или не. Не ја прави повеќе или помалку човек тоа. Луѓето се комплексни и имаат еден куп карактеристики кои ги прават луѓе, не само еден параметар (во случајов 'невиноста').. и твојот личен идентитет не се сведува само на тоа дали си имал секс и со колку. Со некого си, затоа што го сакаш, почитуваш и гледаш како рамен на себе, а не поради имање или немање химен.
Што ако таа ти раскине? Ти нема да и дозволиш? Нема да ја оставиш на мира? Ќе и се качуваш на глава, ќе ја напнуваш да се смирите? Дали ако девојката ти раскине, ќе фатиш друга девојка? Дали таа другата мора да биде невина? Бидејќи ти веќе нема да бидеш како што велиш чист како солза. Се надевам ќе ми одговориш и на ова
Магија поперс си напраила.. Ај ме умревте со тоа невиноста, знајме дека има слобода и секој шо сака нека си прај
Не само таа.. и ти имаш слобода да одбериш со кого ќе го поминеш животот. Не смееш да останиш со некого/ја, само и единствено, поради тоа што ти бил/а прв/а во кревет. Ќе изибие тоа некаде со време...