Сега вака си седам и си листам по форумов и налетав на нешто што веќе го имам слушнато, но сега се потсетив. Дека има шанси да се забремени од предсемената течност. Дечко ми има премногу, а секс без кондом имаме, долго време сме во врска и не сакаме кондом (јас поготово) и некако ми е шубе сеа, не сум спремна за раѓање.. Предходниот дечко немаше воопшто, ама овој има многу, орално кога го задоволувам некогаш и нагони за повраќање имам..
Уште едно прашање. Другарка има секс со еден дечко веке долго време и само со него , но завчера имале последен пат, а денеска имала многу бело прање ептен течно како вода со лоша миризба. И сега нели испаѓа дека овој шврљаљ... Ке оди на гинеголог, но не интересира дали е можно да е од нешто друго или е тоа што мислиме? Сеуште не му кажала на дечкото, а премногу е нервозна и напната ама не сака да избрза..
Заради белото прање? Извини вака, ама размислувате пред да кажете нешто или? Може да е поради инфекција, може да е поради паднат имунитет, може да е поради овулација... Ама баш дека е пошто дечкото со друга бил...
Нека оди на гинеколог, тука никој не може да и даде точна причина. Јас кандида кога имав (не бев сексуално активна тогаш) имав симптоми што немаа врска со стандардните.
Јас не сум многу упатена, еднаш ми се случи нешто такво кога раскинав со бившиот и се видовме уште неколку пати имавме секс и закачив страшна инфекција и испадна дека е од него, гинекологот ми рече дека е преку секс ( не се сеќавам на името на инфекцијата) што секако не значи дека во случајот на другаркава е така, но она прво на тоа помисли зошто пред два дена имале секс, а пред тоа се било ок ..
И инфекциите настанати од секс не значи дека се зашто едниот бил со друг партнер или двајцата одат со уште двајца. Може да е вирус кој наместо да кашлаш со устата, кашлаш со половиот орган. Најпросто кажано. А инфекција може да те нападне и од мочање во вц во кафич и сл. Може и едниот да е настинат, а кај другиот тоа да се манифестира таму долу. Има милион вакви примери.
Се тоа супер, ама тешко дека кламидија или трихомонас можеш за закачиш од мочање во вц во кафич. Прво нека провери другарка ти брисеви. Кога ќе кажат што е, обавезно нека се лечи и дечко и. Најдобро да си поразговара со гинекологот, ќе и каже можни начини за пренесување на конкретната инфекција што ја има. Типувам на гарднерела.
Не спомнав име, вид, тип на болест, инфекција ниту нешто слично и не сметам дека дијагноза за било што може да се даде на форум од две реченици напишани. Наведувајќи име само го насочуваме пациентот кон погрешен пат на лечење. Само наведов примери зашто очигледно е дека членката не е сексуално едуцирана пред да стане активна, за жал. А има доктори и места каде што се дава дијагноза и име на тоа што го има другарка и.
Здраво. Со дечко ми имавме секс без кондом и после пола саат сакавме втора партија ама тој не го изми. Ставивме кондом па после го извади кондомот, продолживме со орален па после пак вагинален секс ама без кондом... дали има шанси да останам трудна ? Не сврши во мене ама да не останало од претходно? Се извинувам на експлицитното објаснување ама немав друг избор каде да прашам...
По темава се гледа колку имаме сиромашно образование и едукација во гранката бременост и СПБ. Девојче, шала ли е прашањето или да?
Како може да останало нешто,кога сте имале орал????зашто имате секс,кога основни работи незнаете?зоштооо???Земете обавезно отворете на интернет,и се да прочитате во врска со сексот и настанување на бременост. Под итно ПЕТИЦИЈА ,да се воведе во УЧИЛИШТАТА ЧАС ПО СЕКСОЛОГИЈА,ОВА ВЕЌЕ НЕ Е ЗДРАВО.