А како може некој да има сексуални односи без претходно да се информира за последиците, како се забременува и сите тие работи што спаѓаат под тема секс? 21 век сме, имаме интернет, наместо да се брукате овде, искористете го Чичко Гугл и слични страници кои овозможуваат едукација, барем денес лесно е.
Како бе зашто??21 век,достапни на интернет сите информации и тоа бесплатно.Наместо да има односи,и да пишува тука глупости,ке земе ке бара и ке се едуцира АМА ПРЕД ДА ИМА СЕКС.
Не мора на интернет, има доктори, матични гинеколози. Гинекологот може се убаво да објасни, ако го/ја прашате. Ама проблемот е што младиве девојки мислат дека на гинеколог се оди после прв секс. А на гинеколог се оди штом добиеш циклус.
Океј бе брат не се сите секс гуруа, она си праша ние може а и не мора да и' одговориме Да се едитирам: Дека е потребна сексуална едукација потребна е и те како
Никој не се родил учен тоа е факт,ама има нет,има бесплатно од А до Ш да се едуцираат,и пак тоа не го прават бе брат.И ја не сум знаел,ама сум ги прашувал постарите,јбг не го фатив интернетот за информации околу сексологијава,па затоа прашував у маало постари батковци,и комшики,мораш да се снаоѓаш пред да дојде јајцето на газот.
Може да посети и гинеколог а и за време на систематски прегледи се држат такви лекции кои ќе ти помогмат во иднина, само кој слуша. Денес се срамат да посетат гинеколог, посебно доколку е машки. Од тука почнува сиот проблем.
Па имаат избор ако е полот проблем. Не се сите гинеколози мажи. Проблем е што не се зборува отворено за сексот со цел да се едуцираат младите. Најлесно е во училиштата да се воведе сексуално образование, така младите не мора да се срамат од никого, а ќе се информираат пред да стапат во сексуални односи. Убаво би било ако може со родителите да се зборува на таа тема, ама и тука може да се каже дека срамот е присутен во голема мера, од двете страни. Башка не сите родители се едуцирани за заштита и спб.
Па добро да, јас уште како многу помала мајка ми ми зборувала, ми објаснувала, ми давала совети плус јас лично многу сум читала статии, форуми, па еве погоре прашав дали може да се забремени од предсемена течност. Некаде имам прочитано дека може, а некаде дека нема шанси и пак прашав тука, за лични искуства или од некој близок.. Не секогаш може да прочитаме баш најточни информации од интернет и не можат сите да разговараат со родителите како што јас можам со мајка ми.. И во многу случаеви родителите се тие што се незаинтересирани за таква комуникација. Факт е дека треба повеќе едукација, се согласувам дека треба и по училиштата да има, од друга страна колку ке биде ефикасно тоа не знам со оглед на образованието во државава и генерацииве колку се заинтерсирани општо за школо.. На крај краева овој форум служи за тоа, да прашаш ако нешто не ти е јасно и не сфаќам зошто секогаш мора да напаѓа и навредува, ако мислите дека е глупаво прашањето прескокнете го и готово.
Дај боже барем тогаш да одат. Еве не знам, можеби помладиве се попаметни и поедуцирани ама од искуство со мојата генерација? На гинеколог се оди кога ептен ќе стане критично Нож до коска критично. Нередовен циклус? Ааааа, од стрес тоа. Болни, преболни циклуси? Нормално е тоа, женско си, пиј си апче, ќе ти помине. Доле нешто чеша? Од детергентот, од влошките, од купката... Спб? Пап? Што е тоа? Другарка ми бремена остана, немаше матичен гинеколог. Бебето е дете веќе, последен гинеколог што ја видел беше акушерот... Нашетана, образувана девојка. На гинеколог се оди кога ќе почне доле да смрди-труе, ептен да чеша или кога ќе се појават брадавиците. Односно, кога ќе биде прекасно. И нормално дека Норлево ќе се пие како витамин Ц, зошто појма немаат кои се ефектите и штетните последици. Битно момакот да и ужива на „голо“. @JustBeautiful, те разбрав што сакаш да прашаш. Страв ти е од предсемената течност. Затоа, нареден пат- кондом! Вагинален секс, кондом. Мењате поза, вадите кондом, терате оралка, продолжувате со вагинален секс? Нов кондом. Единствен начин 100% сигурен начин да не останеш бремена е апстиненција. Следната најдобра работа е кондомот. Ќе си имате едно пакетче секогаш со вас и ќе бидете одговорни и паметни. Уживај, не си трудна.
Страшно е што навистина е така Џабе интернет и цела технологија, кога не научија дека треба редовно да одат на редовни прегледи на 6 месеци или година.
@Annath, за жал, знаеш кој оди редовно на преглед? Оние што, кога бевме млади и зелени, наседнаа на финтата „ама не ми се дига со кондом“ па сега цел живот ќе оправаат хпв-а, оние што имаат цисти и оние што си имаат фрки со хормони. Остатокот? Како да не бе, ќе давам пари за џабе. Мора поголема едукација и дигање на свеста. Џабе интернетот, џабе достапните информации. Многу сме тапа.
Сум имал само без, но би преферирал да користам кондом. Разумно е. Озбилна работа се преносливи болести, и терминалната, дете. Е сега за тие што се малку десензитизирани не знам.
За ова си скроз во право. Уште пред многу години кога мене мајка ми ме носеше на гинеколог, а сеуште не бев сексуално активна, постарите другарки што веќе имаа богата сексуална историја и партнери ме прашуваа зашто идам и се смееа.. Имам другарка што на 27 години воопшто нема отидено со оправдување дека не и е ништо и дека и било срам.. Ама пак ќе кажам мислам дека родители се повеќе виновни што не ја створиле таа навика кај децата.
Не го реков тоа, користам но во тој еден случај партнерката сакаше без иако инсистирав. Бев да се проверам после тоа секако, се беше во ред.
Крив е системот, не велам не. Но, за жал сите сме под тој систем. И јас сум немала некои јаки предавања.Но, човече сум читала по интернет, книги сум читала, по списанија.Ако на нешто човек се нафати, мора да има пред тоа некоја едукација.Ако се сака се се може.Доколку, сме виделе дека од системот аир се нема, барем сами да се едуцираме...За нашето здравје се работи. Гледам често прашуваат за бременост, а ретко да прочитам дека имаат страв од СПБ. До толку ли ви се сигурни партнерите па и кондоми да не користите па единствен проблем би ви било несакана бременост? @Nausicaa 100% се согласувам. И жално е што одењето на гинеколог е табу тема.А, уште пожално е што статиатиките покажуваат висок процент на рак на дојка и матка на нашето поднебје.Многу девојки не знаат за самопреглед и како да препознаат доколку не дај Боже имаат. @John Snow Џони, за мене гуру е некој со многу големо искуство.Општи работи да се знае не значи дека е гуру.
Фала на сите на одговорите, значи јас штом практикувам секс без кондом со него сум свесна за ризиците. И двајцата сме си први еден на друг и сме во доволно сериозна врска да можеме да си дозволиме и незаштитен секс. Она што ме натера да пишам е дека кога зборував со другарка ме исплаши дека деф сум бремена а јас мислејќи дека со оралниот не остана ништо немав грижа на совест. Фала ви многу што се грижите за мојата сексуална едукација. Не планирам да се објаснувам веќе колку знам и дали одам на гинеколог или не. Поздрав
Здраво девојки, Последниот однос со дечко ми ни беше на 1ви Декември(незаштитен), а менструацијата ми заврши на 18ти Ноември. Секако си пазиме и сврши надвор од мене, но еве сега ми доцни 4дена. Дали има простор за паника? Инаку од симптоми на добивање немам ништо освен што имам грчеви во долниот дел на стомакот.