Повеќе практикувам без кондом но некој пат може да се случи да користам пошо сакам да го осетам тој (feeling) на свршување внатре во вагината и мрдањето на пенисот дополнително ме пали..
Дај бе не кењајте без веза. Часот по сексологија не е услов за да се спречат спб и бременост. Колку не само кампањи за цигари, алкохол и дрога има, па пак користите иако знаете за потенцијалните болести. И дај одговарајте конкретно на поставените прашања не тупете со морал и утопија како би било кога би било.
Озбилни прашања-да. Ама работи како: имавме односи, тој не сврши во мене, имавме орален, ама не му беше измиен. Дали сум бремена. Да, од плунка може да се забремени.
Вака,порано пробувавме да имаме секс но не влегуваше,е денес пак пробавме и незнам како али ете бидна но не осетив дека влезе пошо чувствував болка и одеднаш потече крв и тоа не малку,туку повеќе и можеби 3 минс течеше..и пошо не сум баш информирана,после кинењето,менструацијата нормално си иде како и до сега или има некакви промени?
Би требало да ти дојде нормално . Јас изгубив невиност на денот кога требало да добијам ( не водев евиденција тогаш кога точно ќе добијам , покасно пресметав и излезе дека сум добила на време ) . Менструацијата ми требаше 7 дена , што за мене е сосема нормално . Секогаш ми е по 7 дена . Би требало да си добиеш нормално ( барем јас така мислам ) .
Да не се лажеме, чувството со и без кондом е многу различно..дури и најтенките кондоми се чувствуваат.. Кожа на кожа е сосема различен филинг. Ако си има партнерка со која гледа иднина и бебе, макар и да не е во блиска иднина бебето, не гледам ништо лошо во тоа. А ние жените секако можеме да се заштитиме од бременост ако сакаме секс без кондом.. Ако имам партнер на кого верувам и гледам иднина со него, не знам зошто па да немаме секс без кондом. Ма да јас верба во мажи баш и немам...ама сепак
Морам да не се сложам со тебе за ова Даст, бидејќи и да си во долга или сериозна врска и да гледаш иднина со партнерот, ако не си спремна за бебе, не би требало да ризикуваш. Ризик секогаш постои, а да имаш дете е една од најголемите и најсериозни одлуки во животот, која треба свесно и трезвено да се донеси, а не несакајќи. Да не спомнувам се попратно што доаѓа со непланирана бременост, како нерешено станбено прашање, недоволно финансии итн. Кога има љубов меѓу партнерите е полесно, ама проблеми можат да искрснат многу. Затоа барем јас, сметам дека треба многу одговорно да се однесуваме на оваа тема, иако сите знаеме како е најубаво.
Секогаш ама баш СЕКОГАШ кога се има секс без кондом мора да е свесен човек дека се може да излезе од тоа.. од кандида, бебе па се до посериозни спб.. НО..доколку имаш партнер со кого заедно планирате иднина, зошто сексот без кондом да е толку трагичен? Под претпоставка дека се зрели за тоа и спремни да ги сносат последиците.. Ако не се зрели и одговорни, препорачливо е воопшто да немаат секс. Никогаш и на никого не им е се решено пред да дојде бебето, затоа што не знаеш што носи животот ни во тие 9 месеци додека си бремена. Може да имаат средено станбено прашање и двајцата да се во раб.однос ама во 4тиот месец фирмата нејзина да отиде под стечај а него да го избркаат од работа бидејќи намалуваат раб.сила.. И? Нели се си средил во животот? Сепак не си.. Животот си е тркало, никогаш нема да си само горе ниту само долу...онака суптилно си не треска од време на време и тоа е тоа.. Треба да научиме како да живееме со животните предизвици.. Сепак, еве јас ќе се земам за пример ... јас во животов сум немала партнер со кого не сум се гледала во иднина заедно.. По години, сексот без кондом се наметнал сам по себе.. како и да е, свршувањето внатре НЕ. Но секогаш сум била свесна зњ последиците и секогаш ЈАС се заштитував со контрацептивни пилули. Не живееме во 15ти век, кој не сака да думка бебе ќе се заштити. Од страна на спб секогаш сум била на чисто и секогаш редовна контрола и на двајцата.. со тоа што сум имала доверба дека не легнува со други.
Со дм со години имаме секс без кондом, не сум до сега имала никаков проблем. Си се средуваме полека, имаме и двајцата добра работа и да бидне бебе ќе биде сакано и се ќе има што треба.
Има многу причини поради кои зрел човек може да не е спремен да има дете. Точно дека никогаш не може се да биде совршено и доаѓаат неочекувани ситуации, меѓутоа едно е да стапиш во брак и да се одлучиш да имаш дете свесно, кога си психички и финансиски спремен, а сосема друго е непланирано тоа да се случи. Јас лично, не гледам зошто би препуштила на случајност нешто толку важно, кога можам да се заштитам. Колку и да ми е сериозна врската и колку и да сум зрела за да се справам со ситуацијата, не би ризикувала доколку не сум спремна на таков чекор и имам други желби и планови кои сакам да ги остварам пред тоа. Едноставно кажано, зошто да биде комплицирано, кога може да биде многу поедноставно? Сепак секој за себе одлучува.
А зошто мора да си во брак за да имаш дете? Секако, секој за себе си знае.. Само сакав да кажам дека ако некоја сака да се заштити не треба да чека од мажот, сега има начини жената да си се заштити самата себе. Па со тоа и сексот без кондом не го гледам за толку табу тема. Секако, ако е сигурна во поглед на спб..дека е чист партнерот. Инаку ништо од сексот.. Ма да јас ни со кондом не би имала секс ако знам дека има било каква спб
Не мора да си во брак за да имаш дете, јас лично сакам да сум, а до тој момент да имам решено и станбено прашање и да сум финансиски и секако психички спремна да станам мајка. После тоа секако дека се може да се случи, ама можам да се потрудам барем за тој дел кој зависи од мене. Стапувањето во брак само поради бременост за мене не е во ред, ама ете сите го практикуваат. Инаку те разбирам што сакаш да кажеш и точно дека ние и сами можеме да се заштитиме, сепак контрацептивите не би биле мој прв избор.
Не сакам да ве плашам мили мои но една феминка(нека пише ако се препознае,ќе ја тагнам само да ја најдам)со маж и со пазење и свршување надвор ете ја бремена е.Не дека е чест случај,него ете се случува,зависи и од организам.Нема ништо сигурно во денешно време.