Се извинувам јас како машко што реплицирам на оваа тема..али јас веке 6 год со жена ми се пазам и свр.надвор и тоа без кондом..тука секако игра голема улога машкиот потек..треба да биде препазлив. А секако понекогаш и ми недостига тоа другото чувство
Затоа што животот не е бајка и по книга,убаво ти пиша @Dust погоре,не е крај на светот за твоите амбиции ако имаш бебе,се е перцепција,а знаеш што е уште потрагично,кога ќе си ги оствариш сите замисли и ќе застаниш и ќе речеш ајде сега време е за бебе,ама бебе нема.... а годините си поминуваат.
Значи според тебе треба се да препуштиме на случајност? Дури и најголемата и најважна одлука за имање дете?
Според мене не е крај на светот ако имаш секс без кондом со човекот со кого си спремна да го поминеш животот и се пазите да свршува надвор.
Психички и финансиски спремен за брак и дете?? Кога се породи сопругата моја со синот, имав 27 години, 9000ден плата (двајцата по 9000), 130е дававме, за кирија плус сметки плус јадење-пиење, немав кола ( со точаци одевме на работа), немав а и сеуште немам никаква подршка од родителите. Знаеш што се случи? Тоа дете ни донесе среќа и радост во домот после 2 месеци јас добив унапредување и платата ми се качи дупло, жена ми после 1 година исто, Купивме кола, куќа, заглавивме до врв со кредити. И баш кога бевме најзаглавени ја направивме ќерка ми! Во моментов син ми е одличен ученик и државен шампион во неговиот спорт! Никогаш ама баш никогаш не сум гледал на тоа дали “имам можност и средства“ за да имам дете. Да немаше сопругата здравствени проблеми, веројатно и трето ќе имавме ( иако сеуште имаме можност) И, да Кондом не сум користел никогаш со сопругата, освен кога решивме да имаме деца! И сеуште не користам! А секако, додека не се осигураш во партнерот дека тој/таа ти е изборот за заеднички живот во иднина ( не велам брак), нормално е дека ТРЕБА да се користи кондом.
Па и јас велам да се пазите де,дека не мора баш и кондом,зошто како што веќе кажаа,сексот воопшто не е ист. На крајот на краиштата најбитно е колку сте сигурни во партнерот.
Без кондом! Свршување на стомаче, газе Во сериозна и озбилна врска без.. Секс за една вечер и такви раб КОНДОМ!
Колку и да си сигурен во партнерот, ако не си спремен за дете не треба да ризикуваш, а незаштитениот однос колку и да внимаваш, сепак носи ризик. Баш ми е мило за вас и верувам дека вашите деца ви донесоа неизмерна среќа и радост, меѓутоа како што веќе објаснив не гледам зошто би одела воопшто на некаков ризик, ако моментално не сум спремна за дете? Зошто не би се заштитила ако имам други планови во моментов, а не брак и деца? Толку е едноставно. Јас би сакала да сум финансиски спремна и со решено станбено прашање кога ќе се одлучам на тој чекор и целам кон тоа. Секако дека плановите не секогаш излегуваат онака како што сакаме, ама наше е да се потрудиме да го оствариме тоа што сме го замислиле. Никогаш ништо не е совршено и не може да биде, ама тоа не значи дека најважните одлуки во животот треба да ги препуштиме на случајност.
Во долга и сериозна врска со партнер со кој планирате иднина не гледам ништо лошо да не се користи кондом. Ако не планирате за дете ќе се пазите, има многу методи и начини да не дојди до бременост. Точно е и дека е ризик, но ризик на кој свесно се изложуваат двајцата партнери и се согласни дека ако се случи нешто ќе се сносат со последиците како што имаат замислено.
не, лошо напишано Кондом не сум користел со неа никогаш, ниту деца кога сме решиле да правиме ниту во било кој сексуален секојдневен однос
Со 20тина илјади заеднички примања храните 4 усни, сте купиле кола, куќа, општо животни трошоци, сметки, облека, излегувања ? Алал ви вера. Ќе рече некој Македонија било лошо место за живеачка
Тој што сака да работи може да се снајде и после работа и за време на слободните денови да кречи по куќи, ако знае некој знает (а може и да го изучи) да работи и тоа, водовод, струја, стаклар и ред други работи. Дури и да продава тоа што може дома да произведе.. Ама тие што не сакаат, можат само да лежат и да кукаат колку е тежок животот во мк..а тоа каков му е животот на Роберт не беше ни темата, али нека ..знам дека нема да замери
Всушност баш полошо е да добиеш дете а да не си спремен отколку да сакаш да имаш а да не можеш да го добиеш. Во првиов случај и себе и него го уништуваш.
Прашај ги и ти децата што трпат со години насилство од родителите зашто не сакале да ги имаат. Може и вака нели? Бај да уеј, зборев за одделни личности.