Не сфаќаат гледаме секој ден.. И што е најстрашно не се плашат од ништо друго само од бременост. Ни една нема пишано дали е можно да закачила некоја бактерија/инфекција или други преносливи болести.. И што е уште пострашно 80% од нив не одат на гинеколог, даваат изговори дека им е страв/срам или као демек имаат закажано за следната недела...
Нема тука најмали шанси за бременост,во сите денови за време на менструацијата има најмали шанси за бременост.но,сепак,не е препорачливо тогаш да се имаат односи бидејќи кога се менува слузницата на матката и таа крвари за време на менструацијата тогаш се создава ризик за многу инфекции ако се имаат односи за време на менструацијата,а и некогаш кај некои женски може да има овулација веднаш по менструацијата,така што треба да се избегнуваат односи за време на менструацијата бидејќи спермата може да преживее пет дена во организмот на жената,така што дури и за време на менструацијата постои минимален ризик од бременост и затоа не е препорачливо да се имаат односи за време на овие денови,евентуално со кондом и со свршување надвор заради заштита од бременост и од инфекции во последните два дена кога се намалува или,пак,е минимално крварењето за време на менструацијата.
Па и не баш. Постојат многу видови за заштита за да не си цел живот татко. Ама младите толку се едуцирани изгледа..
Јас сум изгледа од ретките што имаат редовен секс и тоа без кондом тој дечкото многу ретко ставаше кондом а јас сеуште немам никаква бременост досега.
Не ништо само кога свршува ми свршува на телото секаде освен кај вагината не. Па сигурно и затоа нема да има ништо. Ама со него јас сум најсигурна за секс. Тој е внимателен и мисли на секакви работи и последици кои можат да настанат. Неможе баш со било кој да се има секс, не може да се верува во секого.
Тоа што свшува надвор не значи ништо. Не знам како се чуствуваш најсигурно кога не сте се испитале претходно а имате односи без кондом. Затоа што не знаеш што може да ти пренесе, а ни ти на него. Тоа е далеку од сигурност и зашитен секс. Те цитирав тебе, ама ова се онесува на сите кои имаат незаштитен и небезбеден секс. Си играте со сопственото здравје.
Мене па обратно ми е. Секс без кондом ми е шубе пошо ми е страв од сите болештини, не толку од бременост. Со нов партнер нема шанса да дозволам без, ми е гајле шо е боље, шанса не-ма. Со партнери со кои сум била во подолга врска на рака можам да избројам колку пати сум имала незаштитен секс. Шо знам, ја сум од оние цури шо смараат за такви ствари, јебига.