Па веројатно е запознаена со тоа штом сака да оди левел ап. Убаво е да се сконцентрираме да одговориме на тоа шо е прашано понекогаш.
Zdravo zenski nova sum i sakam da ve prasham za mislenje imav intima so mojot dechko no bidejki nemavme kondom ne sakav da imame direkno odnosi samo dva tri pati vleze i toa ne cel bidejki sum tesna i go stopirav ne sakav dali e mozno da zabremenam on vika nema shasi poshto vika ne moze samo se doprevme sho se vika ve molam za odgovor
Леле дечки, ве молам едуцирајте се пред да пробувате било што. 21 век е, имате информации на дланка буквално со интернетов, па дури постои (или барем постоеше) посебна едукативна тема на форумов, напишана од модераторите за безбеден секс. Не правете глупости, не сте мали деца и разберете дека ќе сносите последици ако не се едуцирате на време. ЕДИТ: Еве ја темата што ја спомнав: https://forum.femina.mk/threads/Што...енувањето-Прочитајте-и-информирајте-се.23425/
Девојки, сношти со партнерот имавме секс без кондом, втора партија беше и го извади пред да сврши. Последен ден од менструација ми беше, имав само по некоја капка крв вчера а денес ич. Не ми се ни плодни денови ама се изначитав приказни за бремености од претсемена течност и како шо сум паничар по природа малку се исплашив. Се мислам дали да земам Норлево зашто веќе имам пред неколку месеци испиено кога ни пукна кондомот. Совет?
Секогаш постои можност, а телото најдобро ти си го знаеш кога/како/што може. Пример, јас пред некое време открив дека не можам да забременам 2/3 дена пред мензис.
Напиј се за да бидеш спокојна и за да го елиминираш секој ризик. Друг пат користете заштита за да не се плашиш. Особено во тој период кога имаш менструација, за заштита од инфекции а не само за заштита од бременост.
Оти без кондом имавте секс? ----------------------- Ова за сите важи: Ме нервирате со тоа Норлевото! Не се бомбони! Хормонален шок на организмот му правите!
Како да земе пак Норлево кога скоро пиела? Па не се бомбони тоа, па ај кога ќе им текне. Памет во глава наместо на секое да се пие Норлево. Кога веќе ти е страв и паничиш зашто воопшто ризикуваш без кондом?
А зашто мора одма хистерично да и пишувате сите и да ја судите? Не разбирам што ви е целта? Еднаш не се задржавте на прашањето.
Ако не прочита "прашањето" е совет. И сите шо пишаа погоре и дадоа совет. Никој никого не суди. Убаво е да се знае во што се впуштаме и какви последици можеме да очекуваме.
Никој никому нема право за судење и не судиме ако пишеме дека тоа не е во ред. И јас се согласувам со горните членки дека не е играчка хормонално апче. А сеа ги лапаат како шеќерчиња. За краткотрајно уживање без кондом може да се нанесе долготрајна штета на организмот. Дај девојки малку водете одговорност за себеси, чувајте се .. Потпирајте се и на себе ,а не само на партнерот па после да си чукаш глава дали го извадил на време, да не шприцнал или да не лизнал.
На кратко да сумирам: 1. Не сакате бременост и се плашите од сексуално преносливи болести, користете кондом. 2. Не сакате бременост, а не ви е страв од сексуално преносливи болести, идете на гинеколог нека ви препише соодветна контрацепција. 3. Сеедно ви е доколку дојде до бременост и не се плашите од сексуално преносливи болести, тогаш терајте без. Толку е едноставно. Не можам да разберам прашања од типот дали сум бремена бидејќи не користевме заштита, а не сакам да сум бремена. Што да се одговори тука? Значи ве молам бидете си одговорни заради сопственото здравје.
Какви се тие последици кој може да ги има тоа апче ако се пие често? До стерилитет може да доведе или само до пореметување на циклусот и слично? Јас знам дека братучетка ми ги пие често и нема проблем.
Целта ми е да пазите на здравјето! За вашето здравје се работи. Вие ако не се грижите за себе, кој очекувате повеќе да се грижи?
@нина122 хормоните се пореметуваат скроз ко што знам. Од често користење. И да, ако не му верувате на партнерот немајте незаштитен однос. Али се дешава, океј е. Членката што праша не верувам дека ќе остане бремена. И не верувам дека вашите проповедања за сејф секс тука ќе сменат нешо, џабе трошите мислења. Ја ако сум имала незаштитен секс и паничам ќе дојдам тука некој да ме утеши, а не да ми кажува што како треба да праам. Сите што прашуваат тука не се до толку глупи и неедуцирани, него само бараат некој лично нив да им упати утешителен збор.
АЈ НЕ СЕ ГЛУПИРАЈ,СО ДЕЧКО МИ СМЕ ВО ВРСКА 6 ГОДИНИ И СЕКОГАШ ИМАМЕ БЕЗ КОНДОН И ИМАМЕ ПО 3 ТУРИ НИТУ СЕ МИЕЛ НИТУ НИШТО ПА ПАК НЕ СУМ ОСТАНАТА БРЕМЕНА ДО СЕГА!!!! ЗАТОА НЕ СЕ ГЛУПИРАЈТЕ со тоа норлевото,НЕ МОЖЕ ДА ИЗРАСНЕ КИТКА БЕЗ СЕМЕ !!!! ЗАТОА УЖИВАЈ И НЕ СИ ГО ПЕРИ МОЗОКОТ СО ЧИТАЊЕ НА ТАКВИ ТЕМИ
Ако не треба да трошам мислења за "проповедања за сејф секс“, тогаш зашто да ги трошам за тешење на некој што свесно неодговорно се однесува? И да, искрено сметам дека има и многу неедуцирани на оваа тема, па можеби моето мислење или мислењето на некоја друга членка со ист став, ќе промени нешто.