За жал, не можам да се сложам со тебе во делот дека сите знаат како да се заштитат. Не знаат сите, не се сите доволно едуцирани ни информирани. Никој не разговара со родителите (чест на исклучоци), ниту пак со гинеколог околу сексот. Недостига сексуално образование во училиштата. А на нет има многу непроверени информации на сомнителни веб страници, така што е лесно да си дезинформиран. А СПБ мора да се спомнуваат, оти мажите, а некогаш и жените (многу ретко) немаат никакви симптоми и мислат дека се здрави.
Ама мислам дека ми ја сфаќаш целта на мојот разговор А за симптоми, недај боже да ги дочекаме... заради тоа се редовните прегледи на гинеколог и секогаш двајцата партнери имаат улога за СПБ, кога веќе сакаш толку да дебатираш за тоа во секоја тема
Добро разбирам секс со кондом да се заштитите од бременост ова она од спб ама кога ќе дојде време за деца што ќе правите баш ме интересира. Инаку дека има разлика има огромна, од инает само може да се каже дека е исто.
Аха значи така прават овие деца што имаат. Одат на доктор вака и вака сакаме дете да праиме дај испитајте да не имаме некоја болест? Јас досега не сум слушнала некој така да прави. Муабетот ми беше за сексуално преносливи болести, пошто се плашат од болести, а утре ден кога ќе дојде време за бебе незнам како ќе го прават. Штрк нема да им го донесе сигурно. За да спречат болести не би трбало да менуваат партнери како чорапи, тоа е целата поента во овој муабет а не кондомите и докторите. А и баш ме интересира кој е тој пар што се земале па отпосле за бебе се одлучиле? Многу се ретки.. Јас скоро сите што ги знам се земале бидејќи девојката забременила.. Не велам дека нема исклучоци ама најчесто вака се случува во денешницата.
Што има да се испитам кога 4 години сум со еден и единствен дечко. Ниту тој по курви иде ниту ја по други мажи ниту менуваме партнери поради искуство како што повеќето велат овде. Тоа ти е исто како да собираш искуство за дишење воздух. Искуство бе, за секс за менување партнери.. А и баш ме интересира кој се испитува денес бе луѓе ај битете реални. 99% од паровите се земале бидејќи девојката забременила најчесто несакајќи... Бидете реални кој иде да се испита пред да праи дете.
Фала богу дека не си слушнала.. Сега јас ќе решам да имам дете и ќе одам ќе зборам по луѓе дека со сопругот бевме на испитувања.
Луѓе со претходни болести и луѓе со проблеми, луѓе кои сакаат да се раат во тек на бременоста и прво сакаат да се усигураат дека прво они се во ред па после да прават деца.
Отвори ја темата за проблеми со забременување и ќе видиш дека се испитуваат. Затоа што ако твојата бактерија се пренесе на детето, после тоа има проблеми. А баш дека е супер сексот без кондом, често читаме постови за апчиња за ден потоа.
Да де да, ако е за нешто друго може да се слушне ама за ова не. Испитувања бе, а 90% пред брак забременуваат. Па доколку и самите не знаат колку партнери смениле добро би било испитувања да направат не велам не.
Па да ама обично испитувања прават пошто не можат да останат бремени подолго време а не пред да планираат бебе да прават. А иначе да супер е, има и друг начин на контрацепција, немора тоа да е апче за ден потоа.
Не збориме за малолетници, збориме за возрасни,зрели луѓе. А не знам дали знаеш дека инфекции не се добиваат само со промена на партнери?
Тоа што ти мислиш дека спб се присутни само кај промискуитетни покажува колку си неинформирана на темата. Знаеш дека голем дел спб се или асимптоматски или долго неактивни пред да се активираат? И не, не прават сите испитувања, во право си за тоа, зошто во 19 век сме уште заглавени кај што срамота е да се збори за секс.
Знаеш дека луѓе се раѓаат со сексуално преносливи болести, нели? Ако си користел кондом, а си бил и со 10 луѓе не гледам причина зошто да не. А, проблеми мислев секакви. Се испитуваат луѓето оти некои имаат генетски проблеми што се пренесуваат од генерација на генерација.
Се зависи од човек до човек на крајот. Јас му верувам, долго време сме заедно и секс без кондом имаме од самиот почеток, а контрацептивни таблети од скоро почнав да користам, пред тоа си свршуваше надвор. Најголе дел од времето сме заедно така да му верувам а и искрено се приметува ако шврља на страна некој. Инаку ништо не е сигурно 100%, ниту кондоми ниту табленити јасно ми е тоа. Секако дека знам, се добива се и од не водења на хигиена и слично. Секако дека знам дека се раѓаат така, поради нивните родители. Јас не гледам причина да се биде со 10 луѓе. И кондомот не дава 100% сигурност.
@SugarHoney бројот на партнери има врска, да. Ама пример СИДА може да е неактивна, а да ја поседува некој. И да си му прва може да ти ја пренесе доколку не користете кондом. Подобро со кондом отколу без.