Ако имате сигурен партнер и сте во долга и стабилна врска не гледам потреба од кондом. Ако партнерот знае да се контролира секако, и ако вие си го знаете телото и знаете да калкулирате плодни и неплодни денови сами, да ги чувствувате, а не апликација да ви каже. И ако не му верувам и мислам ќе шврља, нема ни да сум со него на крај краева. Плус ако партнерот има историја на повеќе партнери, а јас планирам нешто сериозно, ќе му побарам да направи тест за СПБ.
Исклучоци има секогаш и во се. Кога би размислувале така поарно во манастир да идеме Може инаку секако ама тоа пак би било наследено од рогителите и нивна негрижа. Кога големиот број на сексуални партнери не би бил помодарство такви случки и исклучоци би имало помалку. А инаку сум алергична на латекс, има пишувано и во друга тема за ова.
Не те разбрав со манастирите ама ајде. Инаку баш е лесно да се лажира бројот на сексуални партнери, не дека денеска сите се поштени.
Сакав да кажам ако се сомневаме така во се не би требало ниту секс да имаме ниту на улица да излегуваме пошто и на улица да излезеш има процент да те згази кола или некој токмак да те силува или ограби. За тоа реков манастир. Знам дека е лесно ама кога уште од детство познаваш некој како во мојов случај па и не е така баш едноставно. Се зависи од човек до човек.
Да, сѐ зависи од одлуката на двајцата партнери и ти можеш да си правиш како што сакаш, никој не те убедува да правиш било што, особено зошто веќе долго си сексуално активна. Ама не е во ред тука да пропагираш како сите спб се добиваат од често менување партнери, зошто едноставно и не е точно. Дури и да си во право, имај на ум дека тука те читаат и девојчиња што допрва стануваат сексуално активни и што некој многу лесно може да ги убеди дека немал многу партнерки зошто него му е поубаво без кондом. Добро ти пиша членката погоре, многу малку се информирани особено помладите на темата, и не е во ред да се пласираат дезинформации од типот на спб се добива само од менување партнери. Па и дури и да е така, кој планирал колку партнери ќе има? Или да се заглавиме во нефункционални врски, само за да немаме голем број партнери сексуално? И да се надополнам, нема ништо лошо во спб тест, нема потреба да се прави толкава стигма. Ако другите не се тестираат, не значи дека не треба да се тестираат. Секако тоа ќе излезе некогаш на виделина, подобро порано и да се среди, отколку откако ќе направи последици по здравјето.
Реков дека и од не водење на хигиена може да се закачи некоја бактерија или болест. Ако човек е доволно разумен нема да легнува со кој стигне така да не можее да кажеме дека никој не планирал или планирал кој колку партнери ќе има. Знам дека ме читаат девојчиња но добро би било да се информираат пред да направат таков чекор. Не дека и ја бев про кога првпат имав секс ама знаев како се останува бремена и слично. И не пишував прости мислења од типот, дечки имаме анален и орален секс ама сеуште сум невина не сум имала вагинален страв ми е. Баш прееска читав и искрено не ми беше ниту за смеење ниту за плачење. Невина бе, а анален и орален секс имала.. Оној кој има желба и сака да се информира не замо за секс туку за што било оже многу лесно да најде секакви информации барем денес.
ОК гледам дека имаш некои ставови дека мора да си само со еден партнер во животот и не гледам како да продолжиме со дискусијава, зошто факт е дека и подолги врски некогаш доаѓаат до крај, па нема веројатно да идеш во манастир после На тоа мислев кога реков не можеш да планираш, зошто утре може и да раскинете, па да имаш некој нов.
Да де јасно ми е се тоа, ама менување на партнери двоцифрени бројки ова она мене не ми е во ред. Ај еден два ама десет? Мислам ти ако си баксуз и од првиот ќе закачиш нешто веќе зборев за тоа дека можност секогаш постои и во се. Ама со толкава бројка на партнери човек ситурно оди со здрава нога во трн. 99%, и не само физички, таквиот човек и на духовно ниво не е ок. Да не го исклучиме тоа. Со поголем број на партнери си ја зголемуваме можноста за спб, јас немам ништо против луѓе кои имале или планираат да имаат повеќе партнери, јас лично не би. Да разјаснам пред време да не бидам нападната.
Секој си прави како што сака секако, факт е дека ризикот е поголем кога се менуваат голем број партнери тоа секако, но како што кажа, нема гаранција дека си безбеден со било кој партнер. Тоа ми беше и поентата на целата дискусија.
Не сме се разбрале тогаш, се извинувам. Во врска со болдираното: За да закачиш некоја болест не мора да менуваш партнери како чорапи. (Иако веројатноста тогаш е поголема нормално). Може да имаш таква среќа па да добиеш болест од дечко што ти е прв и што сте долго време во врска, т.е што му веруваш дека не е*нувал нешто на страна. Кај ХИВ се разликуваат 4 периоди -период на инкубација, период на акутна инфекција, латентна фаза, и СИДА. Латентниот период е асимптоматски и може да трае дури до 20 години. При тоа, треба да се знае дека СИДА не се пренесува само преку полов однос, туку и преку допир со крв. Значи твојот партнер и да не ги менувал партнерките како чорапи, можеби бил во допир со заразена крв. А тоа нема начин како да го дознаеш без испитувања,нели? Друго, има инфекции што се пренесуваат без директен контакт, туку преку чаршав на пример, преку разменување на облека. Не е се' толку едноставно како што мислите. Мислам дека секоја девојка треба да знае основни работи околу СПБ пред да се впушти во сексуални односи. Не е работата само еј еден партнер имам, сигурно нема од него да префатам,му верувам. Доволно е тој еден да имал една заразена пред тебе. Ништо не ве кошта да користите кондом. Не е толку скратено задоволството, а последиците можат да бидат тешки.
Како па да не.. процентиве ти се од ракав фрлени 90% .. Се читаш ли ти бе? Според статистиките околу 15% од жените не можат да останат бремени во првата година од имањето незаштитен секс со намера за бебе т.е со свршување внатре Додај ги тука тие што се пазат.. 90% бремени биле..мај ес.. Подобро да не се тешите со вакви глупости.. И да..човек што се грижи за здравјето прави пап и брисеви редовно.. Па и пред започнувањето на секс без заштита е логично да испитаат. Тоа што не раскажуваат наоколу е затоа што уште живееме во вакво заостанато општество, па ако кажеш дека си била да испиташ спб одма цел град ќе те научи, а најчесто муабетот од уста на уста ќе се зачини со некој сочен детал како на пример дека имаш некоја спб па си отишла да се тестираш
Ќе одиме на генеколог пред да имаме секс и по маало ќе раскажуваме да не знаат. Баш и се мислев така да направам и јас.
Здраво, сакав да прашам нешто во врска со ова.. - вака значи ја со дечко ми имавме повеќе односи, па дури и заедно поминувавме вечер, спиевме, имавме односи и.т.н... последниот пат ми сврши внатре ненамерно после тоа осетив дека тоа се случи го прашав ми рече дека свршил внатре, брзо реагирал откако го извади уште свршил но свршил и внатре тоа се случи пред 2 недели после тоа пред неколку дена имав менстурација дали постои шанси да сум бремена имам 20год.. исто така откако свршил после 30мин. или 1сат. пофторно имавме однос дали постојат шанси да сум бремена? - Прочитав по некои страници дека постои личноста да е бремена иако имала менстурација... Ве молам дајте ми некој одговор...
Секако дека знам. Јас не реков дека од еден партнер не може да се закачи ништо и дека си 100% сигурна така, јас реков дека со менувањето на партнери процентот да се закачи некоја болест е драстично поголем од оној кога имаме само еден партнер.
Гледаш дека не знаеш. Кандидата ја има секоја жена и таа може да се активира само ако организмот е недоволно силен за да ја држи успиена. Кога ќе се активира може да прерасне во поголем проблем доколку не се третира правилно. Од кандида може да се јави и кандида албиканс,па трохомонас па хпв итн... Значи една кандида може да предизвика 100 проблеми. Тоа значи дека не мора да имаш секс со повеќе партнери за да имаш некоја пренослива болест. Нареден пат чичко гугл поубаво ќе ти помогне
Леле знам тоа, сакав да кажам доколку имаш проблем со кандида можеш да пренесеш и на оној со кој имаш полов контакт. Најмалце стотици мислења имам читано по форумов како членки пишуваат дека нивните партнери се жалат дека имаат проблеми после секс, тоест имаат чешање, црвенило, печење и слично.