Јас тоа го кажав заради лично искуство на мој бивш партнер кој употребуваше и му помина. И канестенот не е кујзне што па да и предизвика или да и комлицира некоја состојба и плус јас кажав и потенцирав да си посети УРОЛОГ дека ние нее сме стручни. На крај краева прашува на форум и секој од свое искуство ќе си каже што знае. А дали било ракија или не незнам пробај, пази само да не се опиеш.
За канестенот да почне да делува треба да помине недела две, а за тоа време ако е нешто друго, може уште толку да се исфрли дечкото, посебно ако се кондиломи. Здравстени проблеми никогаш не се решаваат со погаѓање преку искуство на друг.
Епа ако има свест некој нема да ме слуша ниту тебе ниту мене ниту било кој друг на форумов, само ќе прочита мислење/совети и ќе си побара помош од стручно лице Секој од свое искуство што сака ќе пише бре богдачува нејзино си е тоа дали ќе послуша или не, јас си го кажав моето искуство и не погаѓам ничие. Не се фаќај ко слеп за стап.
Повторно јас со моите паранои. 29ти ден од циклус ми е, а сеуште немам добиено. Во последно циклусот не ми е воопшто точен, де ми доаѓа на 25 дена, па на 30, 36дена итд. Скоро сите односи ми се со кондом, евентуално да почнеме прва рунда на голо ама само на минутка и веднаш става заштита. Овој пат пробавме без заштита на втор ден од циклус но односот траеше кратко, премногу ми течеше и прекинавме, 5минутки максимум траеше. Дечко ми не ни сврши, ни во текот на односот, а ни одпосле. Си имав нормална менструација после тоа, ми траеше 6 дена. Сум имала и односи после тоа ама цело време со заштита и вадење надвор пред да сврши. Дали има потреба да се плашам и стресирам шо уште не ми доаѓа? Да напоменам имам симптоми, како болка во јајници, зголемен исцедок и болка во гради, ама толку ми е страв шо дури почнав да сонувам тестови за бременост а свесна сум дека ем прва рунда, ем не ни сврши вооошто па и за време на добиено беше. И не ме карајте за односот без заштита, свесна сум за ризикот од инфекции, но немав никаква промена во исцедок, во ништо буквално. Исто така имав и чист пап тест пред 2 месеци,а предтоа веќе ни се случило да имаме односи без заштита, а и долго време сме во врска.
Те читам уназад пола година цело време истото го прашуваш. Дали ако ти кажеме дека не си бремена ќе ти олесни ли? Ако немаш доверба во партнерот за свршување имајте постојано со кондом ама ти и тогаш мислиш дека си бремена. Многу си параноична треба да поразговараш со психолог зашто ова ти штети лично на тебе па може и со самиот стрес што си го предизвикуваш сама ти доцни циклусот и не добиваш. Тоа ми е пологично отколку дека си бремена..
Свесна сум за тоа. Параноична сум да, поради тоа 99% имаме односи со кондом. Ама во долга врска сум, некогаш и се ќе промакне да имаме без, сепак не сме два дена заедно. За доверба имам, знам дека не би направил ништо што ќе биде непосакувано за двајцата. За оваа работа разговарав со матичниот гинеколог, и и се пожалив дека често имам паники без да има потреба за тоа. Ме искара и ми објасни се убаво ко да имам 10години, и покрај тоа шо се имам изначитано на оваа тема. Ми предложи орална контрацепција ама не сакам да се трујам со апчиња. Како и да е, очигледно треба да олабавам, ама тешко ми иде.
Ја читам и темава и другата Дали сум бремена? веќе многу многу пати. Да им речете да направат вазектомија ако више сакаат без кондом? И онака е реверзибилно. Јас вака планирам во иднина.
За бременост треба да ти сврши внатре, никако поинаку. Плус си имала менструација, па и втор ден ко ќе течи најмногу, и да ти свршел внатре ќе биди исфрлено со крвта секако пошто прочитав 6дена ти траело крварењето. Вака ни ти свршил ни ништо, џабе си ја трескаш главата. Зато можи и не ти иди и ти се пореметил циклудот, стресот чуда прај. @Tan4ence само машките сакаат ли без кондом? Ко ние чупињата малоумни да сме, па сосила ќе не тераат така на голо. Се си е ствар на договор, ако не сакам без кондом машкото на гла да се намести џабе ќе му е.
Повеќе машките. Ама еве, и девојките нека се. Нели е подобро да се сецне тој па да бидат раат место да се стресуваат тука секој пат? Пошто секојдневно читаме вака. Јас најсериозно би го условила на ова ако сака без кондом. И сега и во иднина.
После незаштитен однос, по колку време треба да се прави тест за бременост? Или да се земе апче за ден потоа
Апче до 72 часа мислам дека треба, а за тест барем еден ден да ти доцни, порано ако направиш ќе ти даде погрешен резултат.
Apche maksimum 72h po nezashtiteniot odnos, mislam Ama kolku povekje chekash, poslabo e dejstvoto na apcheto Inaku, mn silno apche e, hormonska bomba i mozhe mn problemi da ti napravi Dozboleno e samo 1 na 6 meseci da se zema Test se pravi koga ke ti zadocni minimum 1 den
Не, те чека тебе да ја просветлиш. Дај одговорете на прашањето ако знаете, изгорени сте да солите памет.. Апче за ден потоа до 72часа максимум од односот, ама што побрзо толку по ефективно. Тест за бременост 2 недели после однос ама за најточни резултати почекај прво да ти доцни.
Апчето што побрзо можеш. Најмногу до 72 часа од односот. Ама и тоа не е 100% сигурно. За тестот....чекај да ти доцни. Или ако се поминати две недели од ризичниот однос.
Да не имала незаштитен однос со тој пред да раскине? Па сега може и доцни. Ако е така, касно е за апче пиење.