Колку може да ти е сигурен ,,вчера" што си го запознала? Зошто не користевте кондоми? Се плашиш од бременост, ама не користиш кондом, не можам да те разберам. Вака знам му имаше дозволувано и на тој бившиот. А за СПБ изгледа ич не ти е гајле, важно секс да имаш и да не останеш бремена.
Вака сега. Јас прв пат ќе се напијам вакво апче. Прво, со бившиот е расчистено. Второ, со машкото што се гледам имам верба и не е некој од улица пошто ми беше другар. Трето, ако се напијам од ова апче кои ќе се последиците. Четврто, ПАП тест направив и ми е чист, освен што има некое воспаление, денес ми стасаа резултатите. Петто, двајцата сме свесни што направиме и затоа сега се грижам и јас и тој, кој секако ми рече да му кажам денес што ќе напрам и дали ќе ми дојде. Беше во паника и тој. Алхохолот не однесе кај што не треба.
Прво, со кој сакаш, што сакаш прави се додека е сигурно. Мене лично не ме тегретира тоа дали ќе закачиш болест. За едни смешни 100 денари (колку што кошта кондом) си правите стресови. За мене сигурен е некој што го знам година, пример. Најлесно е некој да те оплоде, сега ти си го береш гајлето и си испаничена. Тој ваљда си пијуцка кафенце, важно вчера му поминал ќефот. И пред да ме нападне некој паметен, да, се користи кондом со некој со кој имаш прв пат односи. Тоа „некое воспаление“ не ми изгледа на шала. Нема доволна количина алкохол што ќе ме натера да имам односи со некој што го знам кратко и тоа незаштитени. Сфаќам дека на некој односот му е издувен вентил или било што, ватевер, Ама, рандом форумски лик не може да знае што ти е. Од План Б апче ќе ти се поремете цел метаболизам и цел циклус пошто преку процеси го убиваш ембрионот (ако постои).
Нема сигурен партнер луѓе. Јас дури и маж кога ќе имам ќе инсистирам со кондом и пред да се одлучиме за бебе ќе се тестираме и двајцата. Кој сака нека е нема шанси да си го ризикувам моето здравје.
Ако треба утре да ти дојде, тоа значи дека не си во плодни денови и ако он не свршил во тебе, шансите ти се 0,0001% да си бремена. Да беше во плодни денови шансата да забремениш ќе беше поголема, но сепак мала. За да забремениш треба многу работи да се погодат, не е така лесно. Не се труј со апчиња.
Искрено се надевам дека трола. На 30 години после сите мислења, продолжува да се понаша како 15 годишна.. Повеќе се грижи за животот на сестра и отколку за сопствениот живот
Koјзнае, јас секакви луѓе имам сретнато во текот на мојот краток живот, ова воопшто не ме чуди. Него, гледате дека секаков коментар или критика за неа дека уште не се опаметила и сл. воопшто ко да не ја регистрира, си пишува коментари некои по нејзино за да си ги оправда постапките. Оф топик сум, ама чим до сеа нешто не и влегло во главата од се што ја имаме советувано (јас само еднаш), тогаш џабе пишуваме, ќе си се изгори во животот еднаш лошо, и можеби тогаш ќе сфати. Ни од туѓите грешки не учи, ни од своите. Епа вреди ли веќе да се пишува?
Јас истото го мислам...премногу пати и имам дадено совет наредниот коментар е веќе сосема друго како да не ги чита. Се изненадив како личност на 30 год незнае што прави со својот живот...ако до сега не се изгорела и не сфатила тогаш нема ни да сфати...Колку само се обидуваме да и помогнеме се полошо некако станува...Се надевам ќе ни објасни што точно се случува
За воспалението не мора да значи дека и е од незаштитен однос. Ама тоа како деца, пијани па ајде не знаеме што правиме, не и е окк. Иако не е во плодни денови, таа сака да се фура со апче како да е бобнбонче, кое и те како може да и наруши матболизам, повеќе од односот кој го имала, без да се свести дека ако нема кондом, поарно да немаат. Ама ова како незрели ајдее ќе имаме, па ќе си ја чука главата како останала бремена и све останато, па како овој нема да го признава, ќе вика којзнае чие е бебето, итн..итн... Ако знам дека сум пред добивање, не ми се плодни денови, плус еднаш прва рунда не заштитен завршиле работа, па одат на друга и е малку И чудно бе пијани, а втора рунда да тераат и пази при пијаност надвор свршил, а биле надвор од контрола..
Имам братучетка што работи во аптека.Вика виагра и норлево највеќе се трошат,на исто рамниште со аналгин,кафетин.Тоа многу кажува за нас како нација.Јас најискрено би ги забранила без рецепт,или би ограничила возраст.
Kaков рецепт за норлево ти се молам. Апчето е план б, последен спас за оние на кои им се згрешило и мора да го земат најкасно до 72 часа. Пуштете луѓето да живеат како шо им одговара, прави светици и светци сте сите на форумот. Не дека ја бранам членката која побара помош, ама кои сме ние да ја тормозиме со нашите совети? Ако остани трудна, таа ќе остани, ако закачи болест, таа ќе закачи. Ако си го поремети организмот со апчето, пак на нејзина совест оди. И шо се потресувате толку, чим некој решил да има односи тогаш сам си е одговорен за последиците.
Добро е, удрил народов на секс. Не дај Боже на хелекс и лексилиум да сме. Вака бар ќе не знае светот како народ за ќефои праење Е сега како беше онаа, грешки сме луѓе праиме... Или обратно
И која е логиката да трчаш по рецепт за апче кое се пие при итна потреба? За вијаграта не знам. Знаејќи како делува, ефектите од вијаграта мислам и не можат да бидат лоши.
Па ако и е толку сеедно што прашува за апчето?Незнам дали ти делувам потресено ама воопшто не сум.Неможе некој кој е сексуално активен да праша дали може да остане трудна,а притоа да не сврши внатре.И да пие онака апче,чисто од мира,раат да биде,кога знаеме какво е апчето,какви се последиците.Не правиме муабет за витамин ц
Апче за ден потоа не го убива ембрионот туку спречува бременост, а ако е веќе бремена, тоа е тоа, апчето не е за абортирање.
Да? Ете не сум запознаена како тоа функционира. Моја грешка тогаш. Јас мислев на друг начин функционираат. Значи веќе ако е оплодена апчето нема никаква функција иако не минале 24 часа?
Da, toa sprechuva opluduvanje, ama ne deluva na vekje oplodena jajce kletka, zatoa shto pobrzo se zeme, toa poefikasno e
Да, нема функција ако е оплодена ама шансите да се оплоди за 24 часа се скоро еднакви на 0, затоа апчињата делуваат во најголем број од случаите, а и во случаите каде не делуваат, тоа не е затоа што веќе била оплодена туку едноставно и покрај апчето се оплодила. Некогаш и 5-6 дена се потребни за да се оплоди.
Да се надоврзам на темата, за дискусијата неколку страни наназад: Кандидата ја има секој, уште од раѓање. Се добива при првиот контакт со родниот канал. Во нормални услови е океј, и ја има на површините на усна празнина, и гастро и урогенитален тракт. Арно ама кога ќе падне имуниот систем, или наруши Пх на средината, се размножува и настанува инфекција. Во тек на бременост стапката на носителство е најголема. Кандидата може да ти предизвика полесни нарушувања, но во хронична фаза предизвикува и ендокардит, уретрит, апцес на мозок, менингит...Значи не се закачува, туку ја имаш цело време. За да се излече, потребно е што побрзо да се открие и третира - со антифугални средства. Трихомонијаза е предизвикана од Trichomonas vaginalis. Домаќин е човекот, се пренесува преку сексуални односи. Може да биде асимптоматска инфекцијата - скоро кај половината, а кога не е, тогаш има секрет вагинален кој е зелен или жолт и мириса непријатно, болки и непријатност при однос, пелвични болки, цервицит. Е трихомонијазата создава можни компликации за стерилитет, компликации при бременост и породување и зголемен ризик кон ХИВ. Кај мажите е најчесто асимптоматска, со можен уретрит само. Тие се најчестите носители и резервоари на инфекција. Многу е тешко да се контролира бидејќи многу случаеви се асимптоматски. Некој имаше напишено дека е наводно глупост, односно луѓето не се тестираат пред забременување. Исто дека партнерот си го познавате, заедно сте незнам колку време, сигурни сте дека не оди по други. Ова апсолутно не е никаков сигурен показател дека вие не сте преносители, или партнерот. Секоја свесна, информирана, едуцирана личност би отишла да се тестира кога сака да забремени, исто и партнерот. Луѓе, 21 век е. Едуцирајте се, се е лесно достапно. Само треба да се заинтересирате малку. Во денот сигурно губите пола саат-саат скролајќи низ фб и инста.