Не ја читав целата дискусија, само за делот за цената на кондомите да прокоментирам, дека два пати го спомна како битен фактор. Ако половина минимална плата требаше да се дава за кондоми ретко кој би користел. Ваше си е што ке користете како заштита ама нема потреба да се преувеличува. Пакетче дурекс со 12 парчиња е околу 400 денари. Многу често се и на акција по околу 300. Ако израчунеме со нормалната цена 24 пати (пример) во месецот по 2 кондоми = 1600 денари месечно.
Не знам како имате сфатено дека се развиваат спб. Според вас, цел свет е заболен од спб.Јас никогаш не сум фатила ништо, а кондоми не се сеќавам кога последен пак сум користела,бидејќи имам алергија. Со постојан партнер, не знам како замислувате да се инфицирате. Не знам дали знаете, бактерии и дел од спб, се појавуваат и од паднат лош имунитет,стрес... Затоа се си придонесува,имунитет,хигиена, исхрана...едноставно целокупната грижа. Ние сите сме потенцијални носители на сите болести и се, прашање е кој,кога,дали и на каков начин ќе ги развие. Не велам да не се користат кондоми,напротив,доколку менувате партнери секако дека е задолжителни. Но со постојан партнер, не гледам причина. Гинеколошки преглед/уролошки не се прави еднаш годишно кога имаме или се сомневаме во нешто. 4/5 пати годишно е сосемс нормално. Немој да сте со тоа сфаќање “ќе користам кондом и топ ќе ми биде, нути гинеколог/уролог,ниту исхрана хигиена...”
На форумот магично сите одат минимум два пати на гинеколог, имаат константно секс со кондом па дури и орален, а во реалноста сосем трето. Од сите шо ги познавам а се сексуално активни, ниту користат редовно кондоми, ниту го тераат партнерот да прави испитувања дали е здрав, ниту па спијат по гинеколози. Шо и нормално не го оправдувам, ама то е шо е. Јас користам константно заштита, иако сум во доолга врска со меѓусебна доверба. Едноставно иам преголем страв од несакана бременост и нема шанси да се крстам само во дечко ми да го извади навреме. Контрацептиви не иди во предвид да земам, здрава права сум и фала богу немам никакви проблеми со циклусот. Да ставам трн во здрава нога за да си терам на голо, епа нече мочи. А се спомна цена на кондомите. Кој ве тера да купвате од најскапите, и од 10 денари вршат работа. Ако то ви е изговор секако.
Па за да има заштита на ниво треба и добри кондоми. И да скапи се. Две пакетчиња кондоми некој може да потроши во еден ден. Тоа погоре калкулацијата е само просек, и не е така во реалноста. Од друга страна, друг начин за заштита од СПБ освен кондоми нема. Ако единствено од бременост се плашат двајца партнери можат да бираат од многуте опции меѓу кои и контрацептиви. Не зборувам за менување партнери, во тој случај би рекла задолжителен да е кондом, но моногамна врска е ствар на договор кој начин на заштита ќе се користи. Јас му имам пренесено на мојот сопруг бактерија и двајцата се лечевме. И тоа е. Се случува.
Абе вие изгледа не знаете дека никому не можеш да веруваш. Тоа во брак, после 20-30 години, луѓе дознаваат дека им биле неверни партнерите, не пак 'сериозна' врска. Ај не си прајте Бајрам со умот. Какви приказни знам со изневерување, од прва рака... ехее...
Постои и шанса да не плесне со кола некој лудак кој се фатил за волан. Па значи тоа дека треба во четири ѕида да седиме и да не излегуваме на улица поради тоа? Се фаќате за ситници. Ако изневерил некој не значи дека сите ама баш сите се такви.
Па реков. Ако се сомневаш во се така ич не излегувај на улица пошто од кај знаеш во тој момент кој будала се фатил за волан. Може да те прегази. Што е сигурно, сигурно е.
Леле ве молам со негативните мисли. Да не живееме, најдобро нели? Се вртите во круг цело време за секоја тема, една иста оеиказна и одговор. Многу хомофобично и ограниченост ви имаат коментарите. Ништо повеќе
Со удари од возило немам многу искуство, ама со мажи кои изневеруваат, два тона... Поарно од кондом, нема. Хомофобично? Кај виде хомофобија, жити очи?
Аха значи тоа индивидуално било. Ама и се зависи од човек. Мене за сомнеж ми треба причина или искра некоја. Од чиста мира не се сомневам во ништо. Ама ако ти така мислиш и така функционираш и тоа е ок, не е ништо погрешно.
Се жени и по 2 месеци ми пишува да сме се виделе оти 'сакал да клецни нешто ново'. Жена му е бремена и ми пишува да сме се виделе 'оти немале секс сега'. Пример...
Знам, има свашта, од секогаш имало. Ама тоа не мора да значи дека сите се такви и дека треба сомнеж без причина да имаме. Дополнителен стрес е тоа. А ја не би да го имам.
Абе немај ти сомнеж, ама користи си кондом. ХПВ на пример, може да е носител и нема да знае. А не дај Боже да ти пренесе тебе, па маки да мачиш после цел живот.
Не знам, чудно е, правиш дете со човек кој потајно се сомневаш дека може и те изневерувал. Не оди едното со другото некако. Со толкава недоверба не знам до брак како би стигнале.
Му верувам, во отворен брак сме. Ако еба, користи кондом. То е се' што е битно. Научете ги да користат кондоми.