Дали мислеше на калкулацијата што јас ја направив и дека 24 пати во месецот е просек? Што подразбираш под неколку пакетчиња, има пакетчиња од 3/6/12 парчиња... Да можеби некој во еден ден и 4 пати ке има секс ама тоа е инцидентно, после со денови може да нема. Разбирам поголеми сексуални апетити ама да не претеруваме. Не сум чула, ниту па е физички издржливо да имаш секс 250 пати месечно, а толку парчиња кондоми па и повеке се купуваат со пола минимална плата како што спомна членката. За таква потрошувачка сигурно и некој попуст ке дадат Инаку баш моментално имате акција во Рамстор, 280 денари за пакетче со 12
Зборувам за мали пакетчиња со 3 парчиња. 120 ден се. За дурекс кажувам. Не дека се толку многу како пола просечна плата ама мислам дека не се исплати бидејќи купував. Скоро секој ден. А пилулите за контрацепција ми беа околу 170 ден за цел месец.
Ех, ако се сомневаш дали ќе те изневери, ќе се сомневаш и дали така послушно ти го следи советот да носи кондом.
@WildMk е целосно во право кога вели дека не можеш да бидеш 100% сигурен дека ти е верен партнерот. Ама и да е верен постои можност да си пренесете меѓусебно. Еве на пример една кандида од паднат имунитет поради употреба на антибиотици или од стрес, можеш да му ја пренесеш на партнерот. Па дури и употребата на орални контрацептиви може да предизвика кандида. Значи ќе се заштитите од бременост, ама од спб без кондом како?
Кондом носи по своја иницијатива. Доволно е информиран за да знае што е опасно, а што не. Сигурна сум за кондомот.
Ај жити се вајлд .. ако нема верба зошто уопште па да се мажи некоја.. па и деца да раѓа од некој копиљак во кого нема ни 2% верба... Ене го со мене работи по 12 саати на ден или ако не работи барем пред очи ми се мота... другите 12 е пак со мене што во кревет што на ручек/вечера.. Едноставно знам дека 24 саати пред очи ми бил..кога ли би стигнал да ебне на страна.. Со такви недоверби уште повеќе проблеми се ствараат во врските.. Тоа што ти си во отворен брак е сосема трето и се подразбира дека без кондом нема да имаш секс иако ти е маж.. Јас на пример па, нема да можам ни да имам секс со него ако не му верувам.. Веројатно со годините заедно си иде и довербата.. Е сега што има и такви мулиња како оние што си ги опишала.. не значи дека сите се такви А за кандида барем сите треба да знаеме како се пренесува.. ама ако се плашите толку од кандида, ни орален немојте да имате без кондом.. Какви страшни спб има ехее... тие не се закачуваат баш така лесно
Да де.. ако мажот се ебава без кондом со ефтини цуци позади мтв.. Такви мажи не ти ни требаат во животот.. Такви што животот не им е важен, зошто би ми биле мене па важни во мојов живот па уште и партнер да ми е.. мех
Пак не ме разбра Чекај попросто Маж што не се грижи за своето здравје мене лично не може да ми биде ни партнер а уште помалку па маж. Маж што не оди редовно на уролог, па и не прави редовен систематски преглед годишно - не ми е ни интересен.. Како јас одам 2-4 пати на гинеколог (поради др болести меѓудругото) така и тој може да оди.. Е сега... тој што се грижи за себе, не се ебава со непознати без кондом.. Ако реши да има секс без кондом со партнерка во долга врска, нормално е да испита се по него пред тоа.. Истото важи и за женската страна.. Под претпоставка дека се било ОК и двајцата се здрави, а притоа не се ебаваат на страна, не гледам како хив ќе закачат. Или било што... Кога веќе за хивот спомна ...Fun fact... братучетка моја закачи хив во болница.. нормално не преку секс. Така да.. живот. Само кога ќе умреме нема ништо да не боли и нема да имаме куп болести по нас за лечење
Епа затоа им викав да ги учат да користат кондоми, а не да им го 'прават ќефот' оти 'ги стегало', 'не им било убаво' и не знам какви не се' изговори.
Тоа е сосема ОК.. И јас сум за едукација и јас сум за секс СО кондом кога и двете страни не се сигурни еден во друг.. Всушност не сум ни помислила да легнам со дечко без кондом првите може 2год.. а скоро сите врски досега ми биле мање више вековни НО за мене е неразумно упорно да се инсистира на тој кондом кога се во прашање 2 зрели возрасни особи кои се во долга моногамна врска или брак.. ОСВЕН ако нема доверба во бракот/врската.. Малку додуша забегавме од темава ама ептен ми е заникаде кога некој ќе рече дека не можеш на никого да имаш доверба, не можеш да веруваш дека не те вара, дека нема спб по него.. Демек сајфај е да се испита
Абе, од ко видов по секс сајтовите и со луѓе што сум разговарала во брак што се, какви се' случаи има, повеќето не треба да имаат целосна доверба. Повеќето... * Ни во мажи, ни во жени. Возрасни, едуцирани, остварени жени, имаат секс со рендом луѓе, без кондом. Страшно е дури...
Ехее колку такви познавам.. и мажи и жени. Особено па во последниве 3-4 год се некои такви чудаци ми се мотаат околу .. па некои и ми се исповедаат за сексуални/брачни проблеми.. А тоа е нешто што најмногу мразам да слушам.. Но најголемиот број од нив гледам дека надвор од бракот го бараат тоа што не го добиваат во бракот... Не знам зошто би легнала со некој друг, ако се што ми треба си го добивам во кревет.. Сексот е само секс. Или е добар или се работи на поправање.. Јас сум од оние што едвај имаат време и енергија да поднесат еден маж во животов...да треба сега уште еден да трпам, ќе се скренам.. Веројатно затоа мојов ме вика мажомрзец
И зарем постои девојка што може да има секс, додека има кандида? Па и уште кондоми,инструкции.... јас не сум можела да се допрам тој период, а не пак секс...
Кој има поминато преку секакви инфекции, ќе сфати. Маж како маж ќе се излаже, ако не сега, може за некој период. (има исклучоци, не викам не.) Јас сум имала такви типци што 'се грижат' многу за своето здравје и оп инфекција. Да напоменам, не секогаш и со кондом е сигурно. Во текот на сексот, доколку му падне малку има шанса да се подлабави кондомот и да се закачи нешто. Затоа, типот под мишка и редовни контроли. Кандида или некоја лесна инфекција може да се добие ако е само со тебе.
Да, ни кондомот не е 100% заштита, но затоа при која и да е инфекција и слично, се јавуваат симптоми и нема што да се дискутира понатака или по секоја цена ќе се сексаат....ќе трпат болка непријатност,но мора да се изведе тоа