1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс без кондом

Дискусија во 'Секс' започната од strawberry18, 21 ноември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Рано е.
    Не паничи сега.
    Терај си го животот ко ништо да не било.
    Ако ти касни, тогаш ќе направиш тест.

    Не се опседнувај! :hug:
     
    На Andrea_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Andrea_

    Andrea_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    20
    A dali otkako ke napravam test dokolku mi kasni, sum bremena postojat nekoi apcinja ili samo abortus?
     
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    3.736
    Пол:
    Женски
    Docna e za apcinja.. ali ne si bremena ke ti dojdi;)
     
    На WildMk и Andrea_ им се допаѓа ова.
  4. Andrea_

    Andrea_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    20
    Vi blagodaram premnogu na site devojki.. barem sega mi e polesno
     
    На WildMk и Youknow им се допаѓа ова.
  5. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    141
    Доколку меѓу двата односи партнерот се измил и уринирал немаш простор за паника.Друг пат користи си заштита за на тебе да ти биде помирна главата :)
     
    На slatkickamala и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  6. slatkickamala

    slatkickamala Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Можно ли е да доцни од стрес незнам дали треба да добиам денеска или ми касни 3 дена последен однос имав на 20 април секако ејакулација надвор а симптоми за циклус имам веке подуени гради и болки во јајници но незнам кога би требало да добиам мислам нема простор за паника с вчера си имав односи али заштитени и двете партии последната менс ја имав на 13 април денскс напраив тест после 22 дена и негативен е
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Малку ме јаде туѓиот срам.

    Ако добро прочитав,имаш 26год и по коментариве ти прв пат сега одиш на гинеколог(ако воопшто си била) и поставуваш некои општи прашања што би требало да ги знаеш според фактот дека си ЖЕНСКО и од љубопитност ќе сакаш да ги дознаеш,ако ништо.

    П.С. Поздравија таа докторка што ти кажала “ништо…да си пиеш Норлево” и кажи и да си ја скине дипломата.
     
    На sj *O*, Keytii, S.W.A.G и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Очајно ни фали Сексуално образование во школите.
     
    На sj *O*, mode-kristina, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски
    Јас би кажала, домашно “образование” комуникација мајка-ќерка, па потоа се друго.

    Јас сум поставувала прашања во темава,не велам не…но ова е…
     
    На sj *O*, oblace1, Fallen.Angel и 5 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ама и за домашно образование треба родителите да се доволно отворени и да имаат доволно разбирање и да немаат предрасуди.

    Нив прво треба на тоа да ги научиме, за тие после отвотрено да разговараат со своите деца.

    И не само 'ќерки', туку и синови.
    Синовите се оние кои се наденаа на Јавна соба и се иссмеваа со девојки.
    Нив дури повеќе им треба сексуално образование, отколку на ќерките.
     
    На sj *O*, mode-kristina, Glowy и 9 други им се допаѓа ова.
  11. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Не велам дека не им треба и на синовите. Тоа се подразбира секако.

    Се надоврзав на коментарите на членката во врска со апчето ден потоа и орална контрацепција и слично.

    Се започнува од дома, другото е се надополнување.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не започнува ништо од дома кај нас.
    Колку родители познаваш, кои отворено разговараат со своите деца за сексуално здравје, СПБ, бременост, сексуално вознемирување, силување, репродуктивно силување итн итн..?
     
    На sj *O*, mode-kristina, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  13. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Како нивните родители со нив, така и они со своите деца.

    Ретки се тие што направиле промена во комуникацијата родител-дете.

    Сите чекаат промените и воспитувањето ии се, да се случат во училиштата.
    Никој не посегнал да работи дома со детето за се.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Јас зборувам отворено за се' со ќерка ми.

    Ама не е доволно.
    Не е таа сама на светот.
    Комуницира и со други, не само со мене.
    Па ќе научи извртени 'вистини', па поради возраста и со самото тоа наивноста, ќе налета на мажи кои не ги почитуваат жените и мислат дека сексот е нешто што жените 'им го должат'.

    Затоа треба сите да се едуцирани.
    Или барем, мнозинството.
     
    На sj *O*, mode-kristina, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  15. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Како ти, така сите треба да почнат да ја применуваат таа комуникација со своето дете и со тоа детето добив мотовација да почне само да истражува, да се самозапознае, да чита, да се едуцира и да разменува мислења со луѓето.

    Нашите балкански родители, се во ситуација да пре би да си ја земат дома наставничката и да работи СЕ со детето, бидејќи нели “она за што е наставничка??? Треба да ги учи за се!” , а нивните родителски обврски се да го однесат и земат детето од училиште и тука завршува се
     
    На sj *O*, mode-kristina, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.213
    Допаѓања:
    162.689
    Пол:
    Женски
    Многу работи треба. КАКО ќе стигниме до таму? Со едукација. Сексуалната едукација треба да се подразбира зошто се работи за нагон шо ни е есенцијален. Е родителска обврска да учат децата за светот, како и сексуалноста и сексуалниот нагон, здравите врски и сл. Ама е и општествена обврска да се учат децата на овие работи зошто на крај на ден тие деца одат во општеството, а се на нагонска база има силни емоции и реакции. Тие деца ќе бидат неисполнети, збунети, ќе прат грешки кои можи да се избегнат, ќе се мразат ради сопствена сексуалност, ќе се срамат и кријат зошто се сексуално активни и слично.

    А многу луѓе не се отворени кон секс ед и мора да се најди начин да се отворат. Овај е начинот. Не е балканскиот родител шо сака наставникот се да му прај, балканскиот родител не ни сака секс ед и сака да одржава статус кво. Зато и треба да има. За тие деца да се научат и да можат со нов светоглед тоа знаење да можат да го пренесат на своите деца и така се крши кругот за кој ти зборуваш - родителот да се грижи за ова. Впрочем, многу луѓе не разликуваат токсични врски и образци, многу луѓе имаат нормализирана педофилија ( врска со малолетен партнер, неќев да пишам груминг, ќе користам термин педофилија зошто сум згнасена колку е нормализирано и никој не гледа проблем со ова), многу луѓе не прифаќаат различна сексуалност од она шо се смета за „нормална“, многу луѓе сметаат дека е срамота да се збора за секс, сексуалност, желби, привлечност и сл. То е друга причина зошто треба сексуална едукација. За да се денормализираат токсични ( извини @WildMk HAHAHAH еднаш прочитав дека ти смета зборот „токсичен“ и сега секој пат кога го пишам на тебе ми текнува и са зошто си на темата осеќам потреба да речам извини) врски и обрасци и да се нормализираат обрасци кои ќе влијаат поволно на новите генерации иако тие обрасци сега се табу.

    Зато и треба сексуална едукација. За тие кои го немаат луксузот на родител на кој му е гајле, кои немаат родител кој разбира и кои немаат родител без предрасуди. Супер е секој родител да си збора со детето, ама КАКО ќе стигниме до таму? КАКО ќе стигниме до место на родителот да му е гајле? КАКО ќе стигниме до место на родителот да не му е табу да збора се секс? КАКО ќе стигниме до место родителот да е без предрасуди? КАКО ќе стигниме до место родителот да не го срами детето за своите одлуки? КАКО ќе стигниме до место родителот да е океј со друга сексуалност освен нормата? Со едукација. Само со едукација ќе се спремат новите генерации, не старите, да ги сменат сите овие обрасци за кои зборуваме тука и тогаш тие нови генерации можат да го прават ова што велиш, да бидат родителот кој објаснува. Ама и ова нема да се среди преку генерација, ни преку две. Треба време зошто тоа што е во моментов нормализирано е нормализирано премногу долго за толку лесно да се тргни како невалидно/ само уште една опција во море од опции.
     
    На sj *O*, Glowy, mode-kristina и 6 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Немој да ми се извинуваш :)
    Смеа ме фаќа кога ќе го видам извинувањево.
    Во смисла: Кјут ми е:inlove:

    Зборот не ми пречи сам-по себе. Гледам проблем во тоа што се користи за се' и сешто.
    Од тебе не сум прочитала 'непотребно' да го користиш.
    Не ми се извинувај повеќе
    --------

    Многу вистина има во тоа што го кажа дека за повозрасните генерации, веќе е 'поминато времето' да се направи некаква значителна разлика во начинот на кој ги воспитуваат своите деца.
    Тие што до сега научиле-научиле. На 40+ нема да ги смениш.
    Децата кои би израснале со сексуално образование, би биле првите кои ќе можат да го започнат циклусот на отворен однос меѓу родителите и децата во иднина.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.213
    Допаѓања:
    162.689
    Пол:
    Женски
    @WildMk не можам да си поможам да не се извинам оти смеа ме фаќа штом го впишам зборот а знам дека си на темата. :D

    Инаку да. Тие кои сега се родители, дури и тие кои до прва ќе бидат, млади луѓе, не живееле во време каде да се збора за сексуално здравје е нормализирано. Нормализирано е одење на гин со прва бременост, не порано. То прај одење порано ради проблем кој можи да се превентира - да е потрауматично. Реков и проблем шо се превентира, ако некој збораше со детето - некои работи можи да се превентираат, други можи да се "фатат порано" али во фб групите ќе советуваат плакнење со камилица на полов орган и праење "салата" место да одат на лекар. И не можиш на чоек со такво размислување, само оти "мора", да напрајш да се однесува поинаку.

    Постарите или пораснале веќе деца ( шо нормално влијае на тие деца) или голем дел уште се држат до ваквите норми и табуа иако би рекла се намалва кај помладите. Зато едукацијата е за новите генерации. Тие да се сменат. Тие да се подобри. Тие се покрај се - иднината. Некои работи не можи да се сменат со сите, ама можи да се сменат со тие кои ќе го "наследат" општеството.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ова, конкретно....
    Прво бев на гинеколог, после имав секс.
    Таква ми беше 'среќата'.
    Имав проблеми со јајниците.

    Секој пат, ама секој пат, без исклучок, некоја од жените кои чекаа ќе ме прашаше: А ти мажена си?
    И кога ќе кажев: Не - ми правеа фаци.

    Се навикнав... не можев да им објаснам дека треба да внимаваш на сексуалното здравје, без разлика дали си во брак, или не.
     
    На sj *O* и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.340
    Пол:
    Женски

    Пак ќе повторам и цврсто стојам на тоа. Не е дека не подржувам и во образованието да се вметне таков предмет, апсолутно сум ЗА тоа.

    Имам против родителите (балканските родители) што чекаат се од небо да им падне, па така чекаат и некој друг безоглед дали е наставник,комшија,роднина…да се грижи и воспита и образова сопствените деца. Зошто? Затоа што нив тоа им се гледа многу мачно да работат со сопствените деца.
     
    На WildMk и slatkickamala им се допаѓа ова.