само два пати сме имале со кондом,инаку цело време без. оправдувам без кондом ако си во врска и ако сте здрави
Имам приметено, кога имаме односи без кондом обавезно свршувам. И тоа не еднаш. А кога имаме со кондом кога-како. Така да...Поубаво ми е без, иако за да ми е мирна главата повеќе практикувам со кондом.
Прочитав назад на страниците, некои имаа спомнато дека останале бремени без партнерот да свршил во нив. Медицински и теоретски, значи постојат шанси, али не ми се верува дека е тоа десено. И тие што тврдат дека останале бремени на несвршено, сигурно му се има десено на партнерот, знаете , да потсврши без да знае, се дешава и тоа. А да се остане бремена само од предсемена течност, хм, шансите се како на пример одиш по пат и ти се руши зграда врз тебе. Значи изводливо е, може да се деси, ама се десило? Не. Очекувам стварно некоја да каже дека е останата бремена само од предсемена течност.
Јас мислам дека можно е да не знае дека свршил.На пр можи да е запијан,а да има односи и на тој начин тој занесен во сексот и нема ни да се сети што прави
Можно е да се случи. На пример прво се случува ејакулацијата, и некоја секунда додека трае нема оргазам, и после иде оргазмот а сеуште има ејакулација. Значи прскаш, па по некоја секунда го осеќаш оргазмот. Ова се случува ретко, и затоа може да се остане бремена и после да се чудат двајцата како е можно, бидејќи тој не е свесен дека потсвршил внатре. Сум слушала од машки за оваа работа дека им се случила при мастурбација.
41 страна! Брејјј темава била интересна Ок, зависи од случај со случај, но ако: 1.кратко време го познаваш или 2.тој не е многу искусен или 3.мислиш дека поминал и сито и решето или 4.едноставно ти е премногу страв само со кондомче
Уфф, мене ова веќе еднаш ми се има случено, тоа што го спомна Лакримоса, и дефинитвно е точно! Од тогаш наваму си знам и си пазам, икслучиво кондом! Нема веќе за мене "искусен е" или "знае да се тргне", што е сигурно сигурно си е. Иначе сеа ќе бев мајка на 7 годишно дете
Да знаете мене колку ме уплаши кога ми кажаа. Единствено поради оваа причина се плашам кога имам односи без заштита, а за предсемената течност немам гајле.
Јас ќе си го запишам датумот кога последен пат имав секс без кондом .. пу пу скраја да е . Киттен , друг пат , на мекици барем викни не Да мораш да се плашиш и да пазиш коа правиш нешто убаво . Ни тогаш на раат да не си .. се има на овој бел свет ццц
^^Хаха, Душице среќа памет ме служеше тогаш па ги избегнав мекиците, непожелни беа. Што се однесува до сеа, радо би викала Само би додала да се пазите во плодни денови, тогаш бидува бељата од вакви работи
Се случи тоа што го објасни Лакримоса. Прво ејакулација мал дел, па после оргазам, но среќа самиот ми кажа дека не е сигурен дали можеби прснало малце пред да го извади на "време". А мене баш дента ми беше 15ти ден, значи овулирав бидејќи имам многу редовен циклус. Ме гризеше совест три дена и конечно решив да отидам на гинеколог и кога..што да видам и чујам Битно све решивме по брза постапка и на време И тоа ми беше памет за друг пат