Толку се извитоперени нештата што твојот начин, кој е единствениот, вистински, безбеден начин , изгледа како нешто што не е “нормално“, па треба да прашаш дали е во ред. Има и супер тенки кондоми, кои речиси не прават разлика. И многу повеќе е до здравјето отколку до „бебето“ и трескањето од земја после. Кажи му на дечко ти, ако прави замерки дека со кондом станува многу, многу поиздржлив...Ете така ќе го „придобиеш“ веќе ако не е свесен. Луѓето исто така не се свесни дека им треба и кондом за орален секс, не земаат предвид дека HPV вирус може да добиеш и орално. И има многу луѓе што добиле рак на грло на тој начин. И не е само HPV. Не знам зошто мислат дека секс е секс само ако е „класичен“. За анален да не правам муабет, излишно е. Тоа што нас ни се скапи е сосема друг муабет, но да не го ширам муабетот...
Мислења? Мислења имаш 213 страни наназад за прашања слични и исти ко твоево. Извини што сум директен,но за 26 години би требало да знаеш доволно за темава.
Ех? Ти посакав се најубаво, зарем е лошо да имаш свадба со тој што го сакаш и имаш односи, па и бебе да родиш како резултат на таа љубов? Јас ти посакувам се најдобро ти велиш дека сум ти се смеел. Не, бев сериозен.
Не е лошо дај Боже ќе биде се од тоа, меѓутоа не е сега моментот затоа и паниката. Погрешно сум сфатила.