Јас сум била многу пати во таква ситуација а бидејќи постојано имам незаштитен однос со дечко ми секогаш сум се плашела и сум била под стрес и затоа ми доцнело. Е сега еднаш тој беше пијан и не се сеќава дали свршил во мене или не. Тогаш бевме во голема паника и двајцата, мене ми каснеше, но тоа беше само поради стресот. Но, можеби кај тебе не е истата ситуација. Сепак треба да си провериш. Купи си тест за бременост од аптека и направи го тестот па така ќе си си најсигурна.
Прво, не ми е јасно како имате секс кога сте пијани, и колку тоа сте пијани па да не се сеќавате, и како можете да уживате во секс во кој не се сеќавате како и што било???? Дали сте свесни дека, еве сте излегле во дискотека, па сте се напиле, па ви се допаднал некој, па во кревет, па без кондом, и бевте пијани? Една познаничка така вика, бев пијана, и закачила инфекција. Поентата ми е, во сексот се ужива кога си свесен, еве да речам и загреан (поднапиен), ама пијан, неее никако. Зашто последиците се несакана бременост, па и полови инфекции. А за проблемот на девојката горе. Најдобро да си направиш тест, зашто колку што сфатив, двапати сте имале однос вечерта. Постои можност да има семена течност во каналот на пенисот, па ако вториот однос бил брзо потоа и незаштитен, постои можност и за бременост. Може бев остра на почетокот, но да ве искарам вака како постара. Не ми земајте за зло.
Добро бе срцекршачке... И со маж ти ли ќе имаш секс со кондом??? И тој може да те заебе кога - тогаш. Факт е дека на никој не треба да се верува 100%, ама сеа па.. До толку ли? Мора да им веруваме на тие што ги сакаме, чим и тој има незаштитен секс со мене, значи и тој мене ми верува! Така идат тие работи.
ДОВЕРБАТА е едно а сексот без заштита е сосема друго нешто.Кога се работи за секс НИКОМУ не верувам.Тоа ти е или ќе ти биде во иднина,онаа старата - Од главата си патиме. За каква верба станува овдека збор?Не е тоа верба туку ПРЕТПАЗЛИВОСТ.Никој не се грижи и нема да се грижи за нас повеќе од самите себе си.Така да заштитете си се девојки,како вашето тело така и вашите желби,размислувања,ставови и се останато ....
Дечки да ве прашам нешто.. Значи со дечко ми имаме секс без кондом и му верувам потполно знам дека нема некоја болест а и никогаш не свришил во мене за несакајна бременост... Али последниве 2 3 дена мн ме чеша... Што да правам да не сум закачила некоја инфекција?
Мила погоре веќе напишав,довербата нема никаква врска со сексот без заштита.Дечко ти тебе не може да те заштити онака како шти ти тоа самата го можеш или обратно.Ај вака,ете да претпоставиме дека си добила некоја инфекција .... и што е со довербата сега,што ти вреди сега тебе таа доверба? Ќе поминеш низ многу непријатносто само заради тоа што не си се заштитела и не си водела грижа за себе а довербата на друго место и на друго поле ќе си ја покажете.Во сексот ти како и секоја друга жена кој има активен сексуален живот мора да води пред се грижа за себе а довербата ќе се покаже на друго поле како што веќе напишав. Што се однесува то твојот проблем доколку и ете утре го имаш истиот проблем,ако продолжи чешањето би требало да се советуваш со лекар.
Многу филозофирање... демек ти цел живот само со кондом секс ќе имаш... За да настане некоја инфекција не е потребно партнерот да оди со други или пак ти... има многу инфекции за кои не треба дури ни сексуално активен да си... и сега што? Веднаш ќе креваме паники, зошто со кондом - зошто без. Мила, ти најдобро почекај усте ден-2, ако продолжи чешањето - да си идеш на гинеколог
Какви филозофии?Што зборувате вие?Тоа се се млади девојки кои И ТОА КАКО ТРЕБА ДА КОРИСТАТ ЗАШТИТА И НА СЕКАКОВ НАЧИН ДА СЕ ЗАШТИТУВААТ.Премногу слобода се внесува во сите сегменти па и во ова.Малку треба да се има одмереност во некои работи и малку треба да ни проработат '' сопирачките'' за извесни работи во животот.Немојте вака да ги храбрите младите и како што гледам неискусни девојки. Едно е ДОВЕРБА а друго нешто е СЕКС БЕЗ ЗАШТИТА посебно кога си млад како овие девојки.Направете разлика.
Не ги храбриме. Баш на овој сајт има мнооооогу статии што кажуваат колку е лошо да се има секс без заштита. Ама ти зборуваш како да никогаш не си имала секс без заштита и никогаш не планираш да имаш. Ако е така - тогаш немој да се мажиш. И уште еднаш да повторам за девојчињата: Сексот без заштита навистина е лоша работа, посебно ако помислиме на која возраст се почнува со односи во денешно време. И плус сега се ближи Нова Година. Не бидете лоши девојчиња, нема да ви даде поклони Дедо Мраз.
Во ниту еден момент јас не се анализирав самата себе во врска со темава туку изнесов реален став како треба да се однесуваат девојките за да не си ги уништуваат животите и да не поминуваат низ непријатни ситуации.
Сакам да прашам дали е можно ова: Имав однос со девојками скоро пред два месеци, во текот на односот во еден Момент забележав на Мојот полов орган влажност и леплива течност. Се уплашифме од случајот и застанавме со Сексот па после од половиот орган излезе Сперматозоит тоес покасно Свршиф. немав никаков однос се до да добие мојата девојам Месеќен Циклус: Циклусот секогаш му иде на Ред но тој месец Му закасна само 1 ден а тоа можеби е причина Некој Антибиотици кој ги пие за Грип. Потоа после Одреден Период по Месечниот Циклус имавме уште еден Секс и знам дека не истече од кај мне Сперматозоит. И Втората реда Му дојде Месечниот Циклус кој е уште во Траејне но Му дојде еден ден или два пред Претходниот Месец. Се пазефме да не Направиме некоја бела и Се надевам дека нема да има ништо сериозно. Но има некој Грип девојками па многу често Мокра дали има некој знаци за Бременос. Не сакам да има уште е мала па и јас па затоа ке ве замолам да ми објаснете.
Ако имаш навистина 25 години, срамота за се` ова што го напиша! Како се пазевте? Со кондом? Претпоставувам не, бидејќи тука си ја сместил темава. Најверојатно не е бремена. Колку што разбрав има добиено, така да уживај за тоа. Ако пие антибиотици знае да закасни за некој ден. А чим веќе не сакаш да остане бремена, а не знаеш да се контролираш, кондомче братче... Обавезно
Леле дечко едвај те разбрав, малку појасно пишувај идниот пат. Се гледа дека и ти и девојка ти сте неискусни па затоа и волку непотребно се плашите. Прво, девојка ти добила два циклуса по ред откако сте почнале со сексуални односи, што самото тоа е знак дека не е бремена. Второ, тоа што си забележал леплива течност е од самата вагина што при сексот лачи свои секрети кои се погусти па понекогаш личат на сперма, така да за да се ослободите од тие стравови, додека да стекнете некое искуство и ко за почеток користете си стално кондоми. Трето, нема потреба да рачуна точно до ден кога треба да и дојде менструација бидејќи ниту една и ничија менструација не е толку точна. Плус или минус пет дена е нормално. Така да лишете се од непотребни фрустрации. Зашто ако помине тој ден а не и дојде баш тогаш, ќе почне да се нервира. Нека си смета отприлика кога треба да добие. И четврто, тоа што девојка ти во моментов е болна- има грип, исцедокот и се појачал што може да е предизвикано од лековите што ги зима. Исцедокот апсолутно не треба да го зема како симптом за бременост кога ете и во моментов има менструација.
Годините не се точни туку 6 помалце Без Кондом беше сексот и јас Мислам но сепак Малце бев на двоумење сепак ви благодарам.
Јас радо би ти објаснувала правопис искрено. Пошто ако си сериозен, за тебе баце не е девојка. Стик ту Десанка, и пази немој и неа со сперматозоит да му оплодиш па да биде бела, па и за тоа после да прашуваш овде.
добив и ми олесна многу фала за советите,и отсега ќе користам заштита секој можен пат како сака нека е,психичкиот мир да ми биде на место...кога не се планира во догледно време да се има потомство самата помисла на можноста од тоа полудува....изгледа едноставно ми доцнеше само...практикувајте безбеден секс,и со долгогодишни партнери ако знаете некогаш да се препуштите на уживањето повеќе отколку одговорноста...немојте на пијано без кондом де
А ти цел живот ќе имаш секс со кондом? И маж кога ќе имаш? Пошто доверба, инфекции... не се добива со венчање. Прво ако веќе имам секс со него морам да имам доверба во него и изграден однос. Не се легнува туку така со секој, па и да е со кондом, нели кондомите пукаат и сл. Е сега нормално е на почетокот да имаш со кондом, но со текот на годините искрено мене ми е смешно да му речам на дечко ми еј сакам со кондом не ти верувам. Пошто му верувам, нормално, инаку не би била со него. Инфекции? Како што кажа некој погоре има инфекции што не се полово преносливи. Сум имала, да, ама не ми паднало на памет да го обвинам дечко ми. Кого требаше да обвинам првпат кога имав инфекција а немав ни дечко? Ако нешто ти значи мојот случај при прегледите дечко ми секогаш бил чист, ама сепак пиел таблети кога ќе ми препишеле, заради тој секс без кондом. А ако веќе некој одлучи да шврља претпоставувам ќе користи кондом
Тоа што тебе ти е убаво никој не ти забранува да си го правиш, и не зборувај тука такви работи, зошто има и мали деца што преку овие форуми се информираат,а истите се достапни за секого, па фатална грешка ќе направат ако го земат во предвид твоето мислење. Секој треба да внимава. Незнам кој те учел тебе, но како си се развила читам по тоа што го пишуваш.