Како тоа мислиш дека сидата е лага? Значи што не ќе прочита човек. Денес е светски ден за борба против сидата, прочитај нешто, информирај се и не трескај вакви глупости другпат. Извинете за офтопиков ама стварно ме изнервира "мислењето"
неможи болеста да е лага и не е само сидата.. имаш хепатит, трипер и други болести. Сексот без кондом сите го сакаме, но јас не применувам воопшто кондом пред се треба да запазите со коква личност ќе имате некаков однос и хигиената е најважна пред се.
кога би бирал со или без..секако дека би избрал без..чувството е незаменливо..но сепак со девојка што прв пат ја гледаш се разбира дека мораш да користеш кондом..но со некоја што си подолго време во врска или се знаеш подолго време можаш да фураш слободно без кондом..
Секако чувството е различно,без кондом е многу поубаво.Само треба да се води редовна хигиена и секако со постојан партнер.
ме интересира дали ако една вечер поминам без кондом и утре сабајлето земам пилула има шанси да забременам..знам дека сексот без кондом е по убав али...фрка..
Беззз дефинитивноо....само треба да се пази пошо може и да се заборави дечкото и после ќе ти тропне некој друг на врата..
Znaci od koga sum so deckoto, veke dva meseci non stop imame seks bez kondom. Ne saka so kondom i sekogas se trga koga treba da svrsi.. mene mi e ednostavno strav da ne zabremenam od predsemena tecnost bidejki i samata osejkam deka i da sakam na vreme ne mozam da se trgnam za da svrsi ako sum vo nezgodna pozicija... znam deka mi e malku glupavo prasanjeto no i denes imavme seks no imav dobieno pred nekolku casa pred da imame... sekako bez kondom. Kolkavi se sansite za bremenost? Спојлер izvinte za fondot, nemam mk
^ кога и покрај тоа што ти е страв од бременост имаш редовно секс без кондом, зошто баш овој пат е толку значаен дали баш сега има шанса да си забременила?
ај ве молам помогнете ми....дали ако во плнодни денови имам секс без кондом,а он не сврши во мене може4 да забременам?бидејќи го гледав календарот за плодни денови,максимални шанси се сега.......дали може и така да збаременам?плс ми треба ваше мислење или искуство....колку е точно тоа од тој календар...
Луѓе користете кондом! Не гледајте плодни - неплодни денови, никој не гарантира дека не може во неплоден ден да забремениш. А, и од предсемена течност се забременува. Шансите се мали, ама сепак постојат. Знам дека ви е полесно кога некој тука ќе ви каже терајте слободно, јас така со години терам па нема ништо..Кај секој е различно и може баш кај тебе па ќе има нешто. Не се базирајте на туѓи искуства. Одговорноста за вас е само ваша и ничија друга!
и јас веке 2 години терам без кондом и ми е супер ,а за тоа да се остане бремена од предсемна течност не верувам многу затоа не се секирај
Кога бев помала редовно си користев кондом.Ама и со тоа не треба многу опуштање пошто се кине...коси побелев на времето...Сега се си зависи до парнерот.Со сегашниов не користиме уште од почетокот на моја иницијатива,пошто ми е поубаво,двајцата сме здрави прави и нема проблем.
Покрај тоа што се зачленив заради љубовен проблем и во оваа тема најдов доста страшни одговори и предлози. Прво, зошто секогаш се повторува тоа „зарем и во брак ќе користите кондом“? Од каде идејата дека луѓето во брак не користат кондом?? Кондомот е една од поевтините и поедноставните варијанти прво и основно да се спречи бременост, кога веќе збориме за секс во брак партнерите најверојатно знаат дека се двајцата здрави и прави. Едноставно се згрозив од тоа колку без грижа на совест неинформирани девојки се решаваат на секс без кондом од причина што нивните недозреани дечковци ги убедиле дека е поубаво и дека на време ќе се тргнат. Сите ние сме различни, некој има среќа или несреќа да забремени од предсемена течност, некој со години ќе се обидува. На некоја овулација и започнува на 14ти ден од циклусот на некоја на 16ти. Поентата ми е, никој не може да ви гарантира дека одредена несакана работа, пред се бременост, нема да се случи. Доколку едноставно не постои можност за кондом, иритации, проблеми со ерекција кај партнерот (иако има 100001 вид на кондоми некој од нив сигурно одговара) постојат антибеби пилули. Девојки, прво здравје пред се. Второ сигурно љубовта утре нема да ви купува пелени нити да станува навечер на 3-4 саати, if you know what i mean. Грижете се за себе, ваша работа е, не на некој друг. За што и да се случи 95% е ваша вината, во ваквите случаеви на оваа тема. И ова нормално не се однесува на возрасните девојки кои веќе се грижат сами за себе, и многу добро знаат за сите последици.
со дечкоми ни еднашка не сме користеле кондом,од чиста причина што не го сакаме ни он ни ја ,последниве 2 3 месеца не се ни пазиме баш , од психа пред 2 месеца ми каснеше,па после се беше ок,потоа разговаравме ,и сега ако дојде ке биде добро дојдено ,и многу сакано ја се куртулив од кондомот
со дечко ми имавме секс со кондом но после 15 20 минути без кондом тој се тргна од мене и сврши после 5 минути.Дали е можно да сум трудна. ве молам одговорерте ми.
Кога и да пробаме без кондом, после тоа мене ми касни. Знам дека се е до психата, и дека нема ништо затоа што внимава, ама сепак. Што си е сигурно, сигурно си е. А и јас не чувствувам некоја разлика.
Спојлер Јас еве ќе ти реплицирам со едно контра мислење. Против кондом сум во неколку ситуации, кога си во долга моногамна врска, кога знаеш дека партнерот не е извор на зарази, кога знаеш дека може да си ја контролира пенетрацијата и кога со дотичниот имаш стабилна врска со планови за заедничка иднина. Кондомите се заштита, точно, но и тие како и било која друга контрацепција не се 100% сигурни. Посигурно ми е да го извади и сврши надвор отколку внатре со кондом. За контрацептивните пилули, од лично искуство тврдам дека не се толку добри колку што се пропагира. Тоа се хормони, кои по вештачки пат ги внесуваш во организмот, а хормон ко хормон, може хаос да направи. Не дека не се добри, соодветни пилули нудат заштита меѓутоа ниту тие не гарантираат целосна заштита. Бременоста од предсемена течност не е невозможна но многу се мали шансите да се забремени вака. Шансите се 1:1000, како прво најчесто бројот на сперматозоидоте во предсемената течност е индивидуален(кај секој различно), второ бројот на спермматозоиди се зголемува при втора ејакулација т.е. втора партија и трето и најбитно предсемената течност не е поволна за сперматозоидите, зошто предсемената ги успорува, за разлика од семената која ги убрзува и секако им нуди поволни услови не само за пливање туку и топлина, густина и сл. Ако така лесно се забремени, јас до сега две ќе ги думкав, зошто после две години активен незаштитен секс тоа би ми било резултатот а не само еднаш менструацијата да ми кадни три дена заради настинати бубрези и јајници. Не користам контрацепција, и не планирам да користам, зошто имам партер кој ми е сигурен. И не гледам како незаштитениот секс негативно влијае на здравјето, понегативно може да ми влијаат пилули, или да банкротирам давајки пари за кондоми отколку вака кога уживам за џабе.