Значи не ми се верува колкава неинформираност владее помеѓу денешнава младина. Јас си мислев 21ви век, ама не било баш така. Постов нема врска со прашањата над мене, но едноставно морав да го напишам негде. 1. Од секс се забременува. 2. Тоа не е најголемиот проблем. Постојат и сексуално преносливи болести кои, според мене, се многу пострашни. 3. 1 и 2 нема да се случат доколку користите соодветна заштита. Кондомот е најраспространето, најдостапно контрацептивно средство. Некои парови практикуваат секс без кондом, но тука постои ризик, колку и да се внимателни. Предсемената течност содржи сперматозоиди и шансите да се забремени иако се мали, постојат. Секс без кондом, според мене, треба да практикуваат постојани партнери постари од 22 години. 4. Секогаш постои опасност од бременост кога имате секс. Исто како што секогаш постои опасност астероид да ја погоди земјата, но тоа не се случува баш често, не? Затоа нема потреба од страв доколку добро го познавате партнерот и сте заштитени. Знам дека четириве „правила“ се премногу очигледни за повеќето од вас, но какви се не прашања се изначитав во оваа и во други теми од „Љубов и секс“. „Се допиравме, бремена ли сум?“ „Му го пушев, бремена ли сум?“ „Имавме секс со кондом и сврши надвор, бремена ли сум?“ НЕ, НЕ и НЕ. Ве молам луѓе, информирајте се малку пред да запливате во сексуалните води. Фала
ok душичке,гледам дека си информирана.па ај дајми одговор на едно прашање...мојата другарка има сексуален однос веке 6 месеци,со еден партнер,и тој само со неа,но имаат без кондом,(врската им е сериозна и стабилна)и не била до сега на гинеколог...да не има некоја опасност од ова,инфекција,бактерија,,,не можам да ја уибедам да отиде на гинеколог,..
^Ма не се работи само за инфекции, бактерии итн... секоја девојка која започнала сексуален однос треба да посетува гинеколог, се работи за нејзиното понатамошно здравје и мора редовно да се прават прегледи, иако нема никакви симптоми на инфекции и слично.
Кога бев средно, во школо редовно идеа некаква организација и ни објаснуваа на нас тинејџерите све за секса. За орален, анален, вагинален...све! Сите во клас ни беше срам да гледаме како жената, која ни објаснуваше овие работи, покажуваше како се става кондом на дрвен ... Дури си имаше име - Кунчо Беше забавно, сите сме смеевме, но научивме многу. Имаше макети на машките и женските полови органи, ни покажуваа на видео како се оплодува јајцеклетка. Кажуваа ни за различните полови болести какви се симтомите и соодветно лечението за нив. Во неделата се пропушташе еден час, примерно историја и влегуваа двајца - тројца од тази државна организација во соба и имавме час по сексологија. Накрај на секој час ни даваа по 1 кондом, брошури за СИДА, брошури за различните предпазни мерки-како кондоми, противозачатачни, спирали, женски кондоми и други. Не бев видела и слушнала за женски кондоми до тогаш, но и нив ги покажаа, покажаа и како се става (без макети ). Се надевавме овие часови да се преврнат во ежедневие, затоа што стварно беше многу интересно. Како што реков, многу научивме. За тоа, треба да се погрижи Министерството на Образованието во средно да има такви образователни лекции. Потребно е секој млад човек, уште од пред да се допре со сексуален партнер да е информиран за удоволствијата, рисковите, и проблемите после тоа, кои може да има. Има многу непотребна информација, со која полнат главите на децата, има науки, кои се учат во најголеми подробности, а не е до толку потребно, би било добро, ако тази голема информација се намали на само основни нешта и се дополни со уште еден предмет за учење-сексологија. На кој не му е потребна тази информација? Секој после одредена возраст има сексуални односи. Потребна е секаква информација односно секса...ама ајде де... Јас лично како да сум алергична на кондоми. Ми жежи, ми штипе, ме боли. Имам постојанен партнер-сопругот и не се секирам за ништо. Имам му полно доверие. Си имам календар, на кој ми покажува кога се ми фертилните дни (кога сум во уволација) и тогаш се пазим максимално. Инаку кондоми не користеме Не се ми удобни.
Колку години има? Мислам дека секоја сексуално активна девојка треба да има отидено на гинеколог, како и секоја девојка до 16-17 години (и да не е сексуално активна) - чисто информативно. Таму може да праша се што ја интересира, да дознае нешто повеќе околу незаштитен секс и ризиците кои ги носи и слично. Инфекција и бактерија мислам дека нема да и се појави доколку партнерот не е носител на таква, најголемата опасност е бременост. И кај нас ги имаше истите работи, но очигледно ги немало низ сите средни школи во Македонијава. На еден куп вакви семинари сум била, ние местевме кондоми на банана Тогаш ни беше смешно, но научивме Дефинитивно треба да се организираат повеќе вакви семинари, особено низ помалите места во Македонија.
Со партнерот сме во врска веќе 7 години и верувале нити еднаш не сме употребубале кондом од проста причина што јас не можам да ги поднесам, но секогаш внимаваме, не се занесуваме. Нема да ми верувате ако ви кажам дека никогаш ми нема задоцнето. А за преносливи болести не се грижам бидејќи си го знам партнерот. Но, доколку се менуваат повеќе партнери добро е да се користат кондоми.
не ти било грижа да не случајно забремениш? за да забремениш немора да се чека ејакулација нели?? воопшто немате фобија од тоа???
епа.. за да се забремени треба да се "потроше некаков материјал" т.е ејакулацијата е пресудна за да се забремени.. али ете има и случки .. кога од предсемената течност забремениле . . бидејќи и таа содржи сперматозоиди .. колку толку ..
Nema sansi da ostanes bremena,ako on se trgnal i ne svrsil vo tebe....Taka da ne se sekiraj i ne misli na toa...zatoa sto od nervoza moze da ti docni premnogu menstruacijata.....Eve mene 13 dena mi docni se nervirav i jas za toa imav i drugi problemi i uste ne mi e dojdena menstruacijata...pravev 2 testa iskocija negativni ....taka da ne se nerviraj i ne misli na toa )
Од мене чекаш одговор, бидејќи си ми пишал и во ЛП. Знам дека и од предсемена течност може да се остане бремена, но јас само објаснив за мојот случај, не направив никаква контра реклама за употреба на кондоми, нити некого посочив. Се разбира дека е посигурно да се има заштитен секс, но ако ги употребувам имам алергија потоа. Толку од мене нема потреба да навлегувам понатаму во дискусија.
Од неодамна сум сексуално активна, секогаш односот ни е со кондом, али сакам да пробам какво е чувството без кондом, само што страв ми е, не од преносливите болести, туку од предсемена течност и такви ствари ( ма да милиони луѓе работат на таа техника "вадење пред да сврши" ), ама јас неможам да се отпуштам ме маваат такви мисли и неможам да се одлучам. Звучам ко мало неинформирано дете, немојте погрешно да ме сфатите хаха
секако дека сум била какво е тоа прашање, сексуално сум активна веќе подолго време. Редовно одам на прегледи.
па тоа прашав бидејќи велиш секогаш имаш секс без кондом...а се е ок,во најдобар ред...обично кај девојките с ејавуваат разни инфекции ради тој таков однос..без никакви симптоми ,а се откриваат кај гинеколог...и блазе тебе што се ти е во ред...иако не знма како успеало да биде така хехе...