Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс без кондом

Дискусија во 'Секс' започната од strawberry18, 21 ноември 2009.

  1. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Си добив на 30 ден...најверојатно циклусот се нормализира диктирајќи по моите хормони, а не по таблетите :)
     
  2. Popcornn

    Popcornn Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите!
    Имам еден проблем и со девојка ми сме малку под стрес па ако може да ни помогнете :)
    Имавме секс пред 4 дена и користевме кондом... првиот пат се беше супер пред да почнеме со вториот однос и два пати мочав после првиот и поминаа 2 часа.
    Свршив надвор после вториот однос меѓутоа приметив дека кондомот е скинат и испаничивме... после 6-7 часа девојка ми испи Норлево.
    Прашањето ми е дали и колку е можно да остане бремена после случкава?
    Ова е втор пат да земе Норлево, од прошлиот пат поминаа 5 месеци иако знаеме дека може на 6 месеци поминато да се пие, сепак испи.... прошлиот пат после 4-5 дека и протече бледа крв меѓутоа сега ништо.
     
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    8.574
    Ако добро разбрав сте имале еднаш со кондом и поминало океј. Сте имале и втор пат со кондом, си свршил надвор без разлика што бил скинат шансите за бременост тука се 0. Зошто побогу се труе девојка ти со хормони? Не е бремена, само си го шокира организмот со често земање на Норлево.
    Двајцата за раче и кај гинеколог да ви објасни за други начини на контрацепција, Норлевото не е за вас ако кикснувате често.
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    10.904
    Шансите се минимални за бременост,но поради сигурност пожелно е девојка ти да си направи тест за бременост.
    И во иднина,користи батка кондоми кое не се кинат веднаш,барем не штеди на тоа,ако не сакаш да бидеш тата.
    И тоа Норлево не е мастика за џвакање,па земи голтни нема бебе.
    Јас не знам како толку несериозно влегувате во секс,а едукација нула,заштита ич.
    Е после имало стерилитет,е ај да нема кога во просек во Македонија секоја 3 да не речам 2 девојка има барем 2 пати абортирано. :x :x :x
     
  5. Popcornn

    Popcornn Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Фала ти на одговорот :) Дефинитивно ќе промениме нешто и се надевам се ќе се заврши во ред :)
     
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    абе ова норлевото како гумени бонончиња си ги земаат :^) :tmi: :o
     
  7. Popcornn

    Popcornn Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Фала ти на одговорот. Веќе треба да и дојде наредна недела и почнува да и се јавуваат симптомите.... инаку користиме секогаш durex и никогаш не сум штедел на тоа но се случува да се пукне кондомот :(
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    17.582
    Пол:
    Женски
    Нас до сега не ни пукнал кондом, упс што беше тоа, па ние не ни користиме презевратив тако зван кондом :rofl: , камо среќа што побрзо да ни пукне ако се забременува така лесно со пукање на кондом, ако се забременува со скинат кондом уште вечер ќе дупнам еден :rofl:

    ^^ А ти попкорн (извини што ќе бидам вака директна) вториот пат дали го користеше истиот кондом што го користеше и првиот пат? Ако е така, епа се излижал бе батка од преголема употреба. :rofl: Се зезам.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Popcornn

    Popcornn Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Еден кондом за една недела употреба ми е... дека е криза не за друго :D Сега дека свршив се испаничивме, друг пат порано сме приметувале :)
     
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    10.904
    Ххахаа како бе еден кондом за едно неделна употреба?
    Лелел па тогаш не се сексај кога не можеш да ја заштитиш девојката.
    Не е се само во сексот.
    Еден кондом е за една употреба,а не за 10
     
    На Christina.A и lepadama им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.331
    Допаѓања:
    102.943
    Пол:
    Женски
    Дечки да не ви се верува ама се дешава, другар има извадено кондом од кесиче пресечен на пола, грешка веројатно, а ќе речеш Дурекс, марка, не знам ти што. Значи, фино лепо, проверување му е мајката. А дека се дешава да се скине среде однос се дешава, ми се има десено и мене, еднаш или два пати. А за Норлевото, па писмени сме бе мајката, читајте тоа не фрлајте за потпалок. 5 месеци од едно до друго апче е премал период според мене, минимум 6 месеци, сега може не, ама млади сме и треба да внимаваме на вакви работи, хормони се во прашање.
     
  12. Popcornn

    Popcornn Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Абе се зезав не стварно :rofl: Не сум толку забеган да користим еден повеќе пати.... :)
     
  13. Suzi-Q

    Suzi-Q Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    како можеш да му веруваш.па тој и да свршил нема да ти кажи верувај! само те лаже не му верувај оди направи си тест и биди си на сигурно.. сексот не е само играчка и задоволство треба и љубов во него. поздрав
     
  14. Pandoraa

    Pandoraa Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Јас не сум против секс без кондом доколку се работи за блиски партнери кои се познаваат и си веруваат еден на друг. Се разбира, кога тој не е сигурен (поднапиен, уморен) иако се знаеме и веруваме тој сепак ќе стави кондом, се се дешава.

    Меѓутоа незаштитен однос со некој кој едвај го познаваш, е тоа е веќе сосема друга работа за која сум строго против.
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.532
    Пол:
    Женски
    Жени ,девојки а гледам и девојчиња...
    Ви се појави ли господин кого не го знаете добро,а на кого не му се допаѓа секс со кондом,извадете најлон кеса и кажете му - Нема проблем душо,јас ќе средам :geek: :angel:
    Зошто си играте со себе???Бременоста не е нешто што му се случува на некого некаде,туку може и на вас да ви случи! :!:
     
    На Christina.A му/ѝ се допаѓа ова.
  16. liily

    liily Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    има ли апчиња што спречуваст бременост а може да се конзумираат до 24 часа после секс? ако има може ли да ми кажете кои се и нешто повеќе.. фала ви однапред
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    има постои 1 капсула се вика норлево и кошта околу 500 денари се пие во рок од 72 часа али најдобро е да се испие во првите 24 часа за да има супер резултати ако иамш направено некоја белја подобро тркни колку порано го испиеш толку подобро за тебе
     
  18. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    773
    но заборавивте да и кажете дека не се користат после секој сексуалеон однос туку само еднаш во 6 месеци и тоа ако имаш направено некоја беља (т.е. ако сврши во тебе па се сомневаш дека ке останеш бремена) но да напоменам дека се штетни..така да, девојкава за друго прашува а не за овие норлево.
     
  19. Borjana

    Borjana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Штетни се затоа и е дозволено максимум една во 6 месеци ..
     
  20. devojka990

    devojka990 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Вака.. сексуално сум активна веке 6 години , и никогаш ниеден нема свршено во мене. Имам долга сериозна врска,сериозна во смисла се размислува за брак но никако за дете(рано е :D ) па размислувам после многу мои решеници "никогаш нема да користам" апчиња за контрацепција.. Дојде и тој момент никогаш не вели никогаш.Многу малку информации знам за апчињата, некои викаат супер се некои не.. некои викаат одлично им иде во конзумирањето,некои велат многу последици има посебно негативни. има ли ваква тема на форумот или некој ако може накратко да ме информира за тоа какви се најдобри, колку пари се, како се зимаат, какво искуство сте имале, или пак да ме посоветувате за страни кај што можам да се информирам повеке за нив. Благодарам однапред.