^^ А каде молим те реков дека си курва во постот? Кој чии зборови извртува? Прави си како што ти е ќеф и остај не` нас да не` боли грбот од работа.
Си ја ставаш судбината во рацете на мажот, м? :geek: А инфекции? Открија лек за сида и немаш гајле нели? Поради тоа што младината не оди на гинеколошки преглед и ти исто така, мораш да не се замараш нели? Зошто да му ја мислиш кога тие не мислат. Како и да е, не сум јас никој и ништо за да судам на некој што не го ни познавам, но за твое лично здравје преземи си грижа. Не знам дали сфаќаш како изгледа реалната слика. Што, ти на патувањата си им кукла таму, и на копче - кога некому ќе му се присака мораш да шириш нозе. Извини, ама така изгледа од страна. Не си ништо посебна со ова. Не си јака риба што 'успеваш, снаоѓаш' на ваков начин. Јака риба ќе бидеш кога ќе си заработиш со труд и со борба. И што мислиш, тие многу те почитуваат нели, бидејќи си на послужавник кога ќе им текне? Мажите повеќе почитуваат жена со карактер, со принципи и која си успева сама. И те молам, сите други кои заработуваат на пристоен начин се глупави или нешто...? Извини што бев груба, но сигурна сум дека можеш да успееш и на друг начин. Сигурно сакаш еден ден да имаш и семејство и маж кој за разлика од овој нема да те користи на ваков начин. Или можеби ти го користиш? Не се залажувај, твојата душа пак ќе остане празна еден ден. Него многу му е гајле. Важно му е да си ги задоволи нагоните.
Прво воопшто не се чувствувам искористена. 2. Погрешно сте ме сватиле дека јас некому сум му на дугме. 3. Да, може да се успее и на друг начин, но како што имаш луге кои одат по заобиколен пат, и оние по покусиот, така и овде ти бираш по кој пат ќе одиш. Значи јас го избирам мојот начин како ќе си го трасирам мојот пат, дали на тој пат ке минувам низ трње, или низ идеално поплочен пат е мој избор. И, зошто имаш толку ригиден став кон жените кои имаат сексуална слоода? Јас например ги презирам оние кои ке се врзат за еден партнер цел живот, за мене тие особи сежрти на самите себе. Бидејки да о живееш жиотот само колку да преживееш е паразитски начин на живот. Јас сакам да пробам се во животот освен дрога, тоа ни под разно не доага во предвид. И, бидете сигурни дека не ширам лесно нозе, но кога ке ми се посака тогаш не се воздржувам и не мислам што другите ќе речат туку гледам себеси да си приуштам задоволство.
Немој ти да презираш и да си ја полниш душата со гнев Навистина не знам зошто продолжува да се развива дискусија на нејзините постови. Уште три профили ќе направи и со уште три различни стории (корисни само за нискобуџетни амерички филмови за возрасни) ќе се врати, навистина ли треба толку внимание да и се посветува? Најверојатно таа и само за тоа тука доаѓа. А за вредностите на оние кои читаат не грижете се, и онака тешко дека млада личност со резон ќе се потпре на размислувањата на некој кој толку слабо стои со правописот. Еве јас не ја ни дочитувам во целост.. на пример. И гледам 95% од младината и покрај се, знае во кои прилики се користи кондом и колку е неопходен , они сами одлучуваат што ќе прават, нема солзичка да ги превоспита по нејзино.
1, Јас не јаотворив темава. 2. Јас само го кажав мојот став а они се нафрлија да ме вреѓаат. Прочитајте ги постовите со навреди кон мене и ќе се уверите. Незнам за какви други профили зборуваш зарем мислиш дека сум до толку луда, да имам и други профили и да си реплицирам сама на себе. Ако ти имаш толку време тоа да го правиш јас немам, имам и попаметни работи да правам од седење пред компјутер и гледање како некој си лечи комплекси на мене.
Јас не реков дека зборуваш сама со себе. Јас само кажав дека имаше други профили од кои слични бисери паѓаа и кои не се активни повеќе благодарение на администраторите. Нормално дека ти знаеш за што ти зборувам, ама така ти чини. А тоа.. тоа лесно може да го провери тој што треба ако сака, така да џабе ме праиш мене будала или не знам каква сега.. искомплексирана. И нели не си ја отворила темава, немало потреба да им реплицираш на сите по милион пати и животна биографија на ниските страсти да пишуваш . До душе, подобро и да си отворела отколку овде да се полнат офтопици веќе неколку дена.
Ме заинтригира коментаров...Внимавате на хигиената? Според мене целта на кондомот не е хигиенска, повеќе ми оди кон заштита од болести и бременост
Да објаснам подобро. На мене маж ми ми е прв, а он со тие што легнал користел кондом. Инаку, вршиме редовни лекарски контроли.
Првиот пат немавме со кондом...мене ми беше страв да не боли повеќе...а и неможевме пола саат да го ставиме кондомот, многу тесен му беше .. и мислам дека нема некој проблем да се направи нели? Не сврши во мене...
Ако си во плодни денови, сепак имаш мали шанси. (плодни денови - броејки од последната добиена меструација (првиот ден) од 9тиот до 20тиот ден е можно да си плодна, надвор од тие денови си скоро сигурна) И, кондомот не е само за заштита од бременост, туку и од многу други заболувања, од СИДА па до најмали инфекции! Другпат размислете поубаво и внимавајте..
И ти реши да одиш по покусиот пат така? Преку кревет до директорска функција. за тебее! Никој никако не те нарече, ти сама си кажуваш што си и како си. Не викам не, свесна сум дека постојат такви жени. Само едно ќе ти кажам, според ова што го читам сфаќам дека колку и да викаш дека го живееш животот со полни гради, всусност твојот живот е празен, на крајот на денот не си исполнета. А знаеш зошто? Затоа што не го имаш она чувство на заљубеност, за приврзаност за еден. И не, ние што сме верни на еден партнер не сме за греота, фала на разбирањето ама немаме потреба од твое сожалување! Си имаме се што ни треба во животот, си го имам него до мене што ме сака и што знам дека нема да ме искористи, си учам факултет, супер ми иде да не се урочам и знам дека ќе имам успешна кариера еден ден, ама знаеш како? Со моето знаење, со моја работа, со мојот ум, а не со моето тело. Така да ние треба тебе да те жалиме, а не ти нас. Да не бидам оф, обично практикуваме секс со кондом, првично и најмногу за да се заштитам од бременост (најголем страв ни е на двајцата, дури мислам него повеќе ),а после секако и од сексуално преносливи болести, иако си веруваме, долго време сме заедно, сепак сега за сега кондом, уште ми е прерано за детенце
практикуваме без кондом поголемо е задоволството како и шанските за бременост,сексуално преносливи болести итд.
Сакам да ве прашам што користите за контрацепција после однос, ден потоа ги нема никаде во скопје испаничена сум многу....ПОМАГАЈТЕ! Ми дадоа некој Yasmin да ги пијам два пати по две али незнам дали ќе има ефект.Помош!!!
јас ништо не пиам после секс затоа што дечко ми се пази незнам ни како изгледаат тие апчиња што ги читам постојано Норлеово Yasmin итн
леле луѓе што мислите бе вие дека бременоста е плукни залепи некои парови со години се обидуваат да добијат дете па неможат иако е се во ред. шансите од прва да се забремени се 20% зошто машкото треба да се испоти убаво да те наполни едно два,три пати убаво па да се забремени.
A koj ti gi preporacal Yasmin da gi piesh dvapati po dve???Tie se kontracepciski apcinja,ama vo nikoj sluchaj ne e zamena na norlevo apche
Ова не е начин на контрацепција. Не, не е. И сами знаете дека предсемената течност содржи сперматозоиди, исто како и спермата само во помал број. Не знам како дошло до тоа ова да биде начин на контрацепција, особено па некој кога ќе ми рече дека и плодни денови рачуна за да може вака „безбедно“ да има односи. Х-м.