а двете деца у различен ден ти се?! првпат слушам дека секој месец различен ден ти е плоден! да не не се разбираме ние ? ја не зборам за кој ден во месецот како 24 јануари например..... ти викаш дека 23-24 ден од мензисот ти бил плоден ондак коа ќе ти заврши циклусот коа трае 28 дена?! ја зборам за нормален месечен циклус кој кај нормални жени без многу стрес им е точен како саат... 28 дена траење, 15 ден овулација ..... на првава страна femina.mk има календар е ја баш за таков циклус зборам! ако и тој календар е за у курац тогаш да го тргнат кој кур ќе е коа нема благе везе...... ја неам деца али затоа имам доволно квалитетни врски за да ги знам овие работи добро.... кој има ваков пореметен циклус ко тебе ич да не се ебе боље ....
значи плодните денови секој месец се поместуваат и кај мене е така,значи датумот е различен а броењето е исто а ти smigool глеам не си доволно компетентен за оваа тема, незнам која биологија ја имаш учено ајде продолжи да си коментираш на тема СЕКС БЕЗ КОНДОМ поарно ти е ај не ги буни жениве
за блондираново да за првото некаде 15-16 ми беше плоден а за второто 23-24 де со редовен циклус од 30 дена и габе ти се квалитетните врски што ги имаш кога не си осетил на твоја кожа нешто од ова што го пишуваш ова испага си чул не си видел
Предлог: Календарот за плодни денови на Фемина да се вика smigool. Ај сега сериозно. Мислам што е многу, многу е. Неможеш ти на жениве овде да им кажеш кога на која и се плодни денови. Ако не да ти кажеме сите податоци па праќај пресметки преку лп, барем да си знаеме за сигурно кога сме си плодни. Јас си се водам по календарчето на Фемина затоа што секој месец имам редовна менструација и ми доаѓа на 28от ден. Ама пред некое време гледав една емисија на тв имаше доктор гинеколог, па имаше вакво прашање. Знаете што кажа, дека кај младите девојки секој ден им е плоден. Вели тие денови што вие си ги броите како плодни се денови кога најголеми се шансите да зачнете, ама незначи дека во другите денови тоа не е можно. Сите се фаќаат за тие денови, а другите воопшто не ги ни сметаат. Значи секој ден е возможно да се зачне. Инаку кондом се знае дека е најсигурно.
Јас никогаш не гледам плодни или неплодни денови. А и до сега во 2 и пол годишна врска само 10 пати дали сме имале секс со кондом. Секогаш било без. Но секако, се пазиме и не се случила несакана бременост до сега,се надевам и нема. Јас мислам дека за да се плашите од несакана бременост нема потреба. Колку повеќе се плашиме толку повеќе значајност му даваме на несаканото а го одбегнуваме саканото, убавината на сексот.
Ме интересира дали при првиот сексуален однос може да се останеш бремена и дали е можно да ти касни ако знае некој да ми одговори
Можеш да останеш бремена и при прв сексуален однос секако доколку свршил во тебе а може и да ти касни од сосема други птичини
кога останав бремена се плашевме со сопругот да имаме секс без кондом но тогаш одлучивме да се сексаме со кондом најнакрај сопругот ми рече „ ОВА БЕШЕ КАКО ДА ЛИЖЕШ СЛАДОЛЕД ПРЕКУ СТАКЛО„ како се изнасмејав
ја се извинувам на жениве шо мислат дека им бројам денови. неам попаметна работа. вие си знаете големи сте. пред да поверувате у сите можни комбинации што се изредија тука од две три дотични прашај те и трето мислење нпр со мајка ви, сестра ви, ватевер.... за ваше здравје, само живи и здрави да сте.
samo ednas imavme seks pred nekolku meseci so decko mi koa me skina i togas bese bez kondom bidejki mn spontano i neocekuvano bese. No bese mn vnimatelen i uste pred voopsto da oseti deka mu doagja da svrsi, go izvadi i ne svrsi voopsto mi kasnese nedela ipol a bas utredenta trebase da dobijam, a i od nervozi da ne sum trudna, kasnelo malce poise, no dojde podocna i sve e okejj se ushte.. odsega so kondom obavezno
Сеуште не. Еднаш само пробавме и ко за беља наредниот месец ми каснеше,и триста филмови ми се свртеа во глава.После тоа си реков тогаш и кој знае кога пак.Најверојатно кога ќе сакам да останам бремена,па така ќе си ги зголемам шансите Поубаво е,има поголемо задоволство(така барем јас го доживеав тогаш),но јас секогаш не го ставам задоволството на прво место,особено не во случај кога не сакам да ризикувам за работа која може тотално да ми го промени животот.Не на подобро,бидејќи сакам да го завршам факултетот,да си се вработам,па дури после деца. Спојлер Не викам два пати сепак,животот е непредвидлив
Со дечко ми цело време имаме без кондом, а тоа цело време е година дена Точно е дека понекогаш кревам паника, особено недела дена пред да добијам, се тресам, паничам ама тоа е мн ретко. И богами огормна среќа ме следи, сме имале ризични ситуации 2-3 пати имаме пробано со кондом ама мн ми е некако "вештачко" незнам како да го опишам, некако додека го наместува кондомот ми се губи желбата гледајќи го :/
Со дечко ми сме заедно скоро 5 г. а сексуално активни скоро 4 г. и за сето ова време само 2-3 пати сме имале со кондом. Едноставно не сакам со кондом... Па до сега ниту сум имала некои инфекции, ниту пак сум се плашела од можна бременост...
И јас исто можам да кажам при толку време интимни досега само еднаш имаме искористено кондом. И тоа го извадивме и си продолживме како што ни беше поубаво.. Хаха ако продолжиме вака Дурекс ќе банкнотира заради нас
сексот со кондом и не е баш секс само да кажеш ете ја завршивме задачата а задоволството покасно ке си иде
Абе сега ај да не се лажеме сите. Нормално е дека е поубаво без кондом ама сите сме возрасни и знаеме дека кондомот е средство кое најсигурно не' штити од несакана бременост. И тоа е факт. Вакви коментари од типот како кеса да имам ставено, или ништо не осетив, или после доаѓало задоволството, ти реков ми рече ми звучат како пубертетски тинејџерски коментари. И ние не користиме кондом ама сме крајно реални и си знаеме дека ризикуваме. И факт е дека е ризик. А сега би било смешно и трагично на некој начин јас овде да кажам дека можат сите без кондом и немаат гајле, а притоа сум свесна дека деца читаат. Ве молам. Секој си ги сноси последиците за своите постапки ама па кај секој не се исти последици. Ние не користиме кондом ама имам долга врска, дечко ми знае што прави и тоа е тоа, крај краева и да се случи нешто недај боже ние и онака си планираме заедничка идинина.. ме сфаќате. Ама некое девојче овде неможе да го следи мојот пример, зашто нејзините години не се исти со моите, плус може да не се искусни итн да не должам и сето тоа да донесе несакана последица. Поентата ми беше дека, да, се согласувам дека е поубаво без кондом ама бидете реални и пишете дека е ризик, а не непотребни коментари. Зашто пак ќе кажам овде може и повеќе од пола се мали девојчиња, да не бидеме лош пример.
Секс без кондом - никако. Може, пред да ми дојде 2-3 минутки за проба, ама и тоа ретко. Не сум спремна за бременост. Моите работат во болницата. Не сте свесни ДНЕВНО колку дечиња умираат заради абортусите на оние кои се смеат на сексот со кондом. А велите гревче детенце го прегазило кола.. А ако дојде денот кога вие ке треба СОПСТВЕНОТО да го убиете? Па пак се плескајте без заштита Ако неможеш да го родиш и одгледаш на најдобар начин, не го прави. Не го прави, ако имаш во план да го убиеш. @Nana19 И сексот со кондом е секс. И абортусот е убиство.