^ Примај го ти и без гума и соЉупен ако сакаш, ама не им давај совети на децава од типот Така лесно не се останува бремена, немајте гајле, ајмо безкондомска ебанка.
Сериозно? Сериозно? Ако немаш нешто корисно да кажеш, зошто го исмејаваш девојчето? Другарка ми имаше 15г. кога остана трудна иако дечко и не свршил во неа. Јас сум била дел од милион предавања за сексуално образование како дел од НГО и милион пати имам слушнато гинеколози (одлични! што сега работа во едни од најдобрите приватни клиники) како имаат кажано дака може да се забремени од предсемена течност. Се разбира шансите се мали, но постојат. Затоа ако не сакате бебињa, користете заштита. Ги има и за 10ден. (ако се сеќавам,добро ). Зошто да се нервирате/секирате кога едноставно можете да се заштитите
Го пишав ова бидејки девојчето убаво има пишано дека дечкото не свршил во неа тогаш шансите да остане бремена немаат логика се знае како се останува бремена ако семената течност макар и една капка е внатре а да сврши надвор и да остане бремена нема логика позз
pikolino сериозно имаш 29 години? Мислам, не е ова ништо иронично ама ова што го збориш дефинитивно не е така. Може да се остане бремена и од една капка од предсемената течност, доколку се нашол некој сперматозоид во неа. Значи има шанси, не дека нема. Можеби се мали ама сепак можноста си постои. Еве и овде на форумов имаме примери за тоа. Многу постови имам прочитано каде се вели дека некоја останала бремена на тој начин. Никој не знаеме каков е нашиот организам во врска со тоа. Можеби мојата плодност е на најголемо ниво и ете доволно е само една капка па да се оплодам. Можеби па и не. Значи не си играјте. И ние со дечко ми не користиме кондом. Ама сме си реални, си го знаеме ризикот, последиците одговорно и двајцата ќе си ги превземеме и не дојдов овде јас да проповедам дека немате гајле, фурајте си сите без кондом супер е и нема ризик. Има и тоа како има. Ве молам малце размислете пред да напишете нешто барем во оваа тема. Има девојчиња, значи мали девојчиња што црпат информации од овде. Не можат да разговараат дома со мајки, тетки, сестри па ова им е најлесен начин. Не дека е тоа лошо, добро е што сакаат да се информираат, лошото е што ние како постари не знаеме да ги научиме како што треба. Информации од ваков тип можат многу лошо да влијаат на нечиј живот.
Daydream,многу убаво напишано..на мене ми беше потребно мислење од постари и со искуство,инаку па затоа прашав тука,сум разговарала со мајка ми,мојата докторка,но сакав да слушнам и некое искуство.не ми влијае ничие мислење од тука.Сепак ви благодарам
Daydream е во право... Секој има различен организам... Некои жени се обидуваат да забременат со години а некои можат да забременат и од сперматозоидите од предсемената течност... Така да коментари во стилот "нема шанси да останете бремени, така лесно не се забременува" се сосема неточни и непотребни...
Здраво дами имам прашање до вас За прв пат имав односи со дечко ми без кондом. инаку пијам таблети Јасмин за регулација на циклусот бидејќи порано имав циста. Дали е можно да останам бремена покрај тоа што користам таблети? (Тој свршуваше надвор - не во мене) Само првиот пат имавме односи без заштита (имавме три тури) а после со кондоми. Фала ви однапред
топло ви препорачувам да се образувате малце бар пред да прашате http://en.wikipedia.org/wiki/Menstrual_cycle за сите девојки и дечковци
Секако дека е можно да остане девојката бремена ако не користат кондом. Па дури и да користат може да се случи. Што ако се дупнал кондомот сосема малку а не се приметиле? Или исто сум била на предавања каде што гениколози тврдат дека дури и ако свршувањето е надвор од вагината (т.с врз вагината) може да се остане бремена.
е како не 3 години си била бремена кај се видело тоа знаеме дека се шегувате но вака ли. Па девојчето си прашува убаво дали може да остане брена ако не сврши внатере а и кажува секој што мисли
Темава станува премногу глупа. Секое прашање е: Имав секс со дечко ми и не сврши во мене,трудна ли сум? Одете отворете биологијата од 6то одделение и видете како се размножува човекот. Не се забременува ако мастурбираш или ако ја допреш спермата со показалецот од левата рака. Или во краен случај купете си тестови за бременост иако сте невини.
Секако дека е глупаво да прашуват такво нешто не ете пак се прашува. Може немат завршено основно па не знаат затоа
Добро бе луѓе. Точно е тоа дека од предсемена течност може да се забремени. Ама јас од кај да знам дали е она бремена? Она повеќе знае од мене сигурно. Имала секс без кондом и не свршил во неа,прашува дали е бремена. ОД КАЈ ДА ЗНАМ ЈА? Ако толку се сомнева нека оди нека се провери. Неписмена ли е па за да прашуе дали е бремена? Ако ги знае правилата на размножување нема да поставува вакви глупи прашања. Мене ми е така секој ден. Секој ден имам секс без кондом и не свршува во мене па не се траќам од земја. Ако ми касни ќе се проверам. Вас ќе ве прашуам јас дали сум бремена. Ако не да си ја сликам и да ви пратам слика како ми изгледа да не може нешто да се види. Пууу. Реков. Одете отворете биологијата од 6то одделение.
Да се надополнам со ариела09 Па купете си тест за бременост барем сега ги има од 20 денари па се нагоре и никој да не ве лажи дека тестот од 20 денари не е сигурен. Тестот нема да е точен само ако немат поминато 14 денови од како мислиш дека си останала бремена т.с кога сте имале секс.
значи да нема заблуда, има многу убави статии за процесот на забременување. јас само ќе надополнам дека тогаш кога сте имале секс не значи дека е и денот на забременување. сперматозоидите ја чекаат јајце клетката и до 7 дена. ако сте имале односи не значи и дека јајце клетката е исфрлена плус потребно е околу 3-4 дена оплодената јајце клетка да стигне да се вгнезди. така да внимателно. читајте бе луѓе читајте...
http://moebebe.com.mk/?p=301 ЕВЕ КАЈ ДА ПРОЧИТА ФЕМИНКАТА КОЈА НЕ ПРАША ДАЛИ Е БРЕМЕНА А НЕ СВРШИЛ ВО НЕА. мислам тоа е исто како баба ми да ме праш „чедо јас невина ли сум и покрај тоа што родив 4 деца„
Dobro be luge izvinete sto prasame za iskustva,zosto togas e napraven ovoj forum..kolku sto znam da se prasuva i da se spodeluvaat iskustva od postari.Ne napravivte nepismeni budali zatoa sto prasuvame za iskustva,mnogu ubavo od vozrasni licnosti,bravo!!
Девојко јас само сакав да ве упатам дека темава не е за да дознаваме дали сте бремени туку што мислите за секс без кондом. Инаку во прво сме затоа што прашувате дали сте трудни. Од кај да знам јас дaли од на дечко ти од предсемената течност се фанало? Ти неможе да знаеш дали се фанало не па ние. Направи си тест и провери. Неможам јас да знам.