Сексот без кондом е топ. Само некоја погоре напишала демек не мора да ти е долготраен партнер и да имаш толку доверба во него.. Како бе да немаш доверба? Ваљда не легнувате со било кој без кондом а? За жал јас хпв фатив и сеа на секои 4 месеци ќе треба колпоскопија да правам, имунитетот да го ојачам ептен за да можам повторно да му се препуштам на задоволството без кондом
Ееее и јас така се чудам од каде таква храброст кај девојките со секој дечко, макар 1 месец да го знаат без заштита? Ризик е голем за несакана бременост посебно.
несакана бременост е и најмал проблем, кога ке се земат во предвид другитр последици од незаштитрн секс, јас имам другарка која еве веке е мажена скоро 5 години и со сопругот последнава година има односи со кондом бидејки се сомнева дека сопругот ја вараа и се плаши, а имаат едно детенце.
Ќе ви раскажам една приказна на кратко па вие одлучете дали со кондом или без? Си била една девојка која запознала многу убаво момче преку интернет исто така и таа била многу убава и така со месеци се дружеле но тој бил од друга држава се дружеле и се зближиле толку многу што посакале да се видат... На нејзиниот роденден тој и испратил писмо во кое имало повратна карта за таа да дојди во неговата држава и така да се видат сето тоа било како подарок за нејзиниот роденден. тој нејзе и се претставил како дечко кој е многу богат од образовани родители и какви се не способности... таа отишла таму тој ја пречекал на аеродромот и од сите негови богатства кој тој и ги кажал се било вистина отишле кај него дома и цела недела додека таа седела таму се забавувале стигнале и до најстрасни моменети така што имале секс. Кога таа требало да се враќа назад тој и дал кутија и и рекол дека тоа е поклон од него за неа и да го отвори кога ке полета со авионот...таа така и направила кога полетала со авионот ја отворила кутијата во која имало само едно писмо на кое што пишувало - СЕГА И ТИ СИ ДЕЛ ОД НАС- тоа значело дека тој имал сида и таа болест му ја пренесол и нејзе. Се надевам дека извлековте некоја поука !!!!
So decko mi sum 2 ipol godini ii sekogas imame seks so kondom...izbrzavme i se slucija nesakani raboti no zemav apce...
Се стресов целата кога го прочитав крајот.Навистина добра приказна ама мислам дека важи само за секс со некој кој не го познавате доволно,а со оној што сте заедно подолго време и одите поизбилно мислам дека немора да се пазите од сида,иако никад не се знае
Да така е ама никогаш не можиш да знаеш дали личноста што мислиш дека ја познаваш всушност е неговата друга личност-другата страна.
Задраво феминки. Ја сум нова на форумов и ми треба вашата помош. е вака имам дечко околу година ипол и секогаш имаме секс со кондом, но на 21.11 утрото имавме без заштита тој секако не сврши во мене. на 22 вечерта имавме повторно секс но пред да го стави кондомот пробавме пак без кондом но тоа не беше некое долго време само 5-6 пат го пи*на и го извади и го намести кондомот. сега ме интерсира дали може да сум бремена мислам ме сванавте што сакам да прашам. јас разговарам со дечко ми тој е 100% сигурен дека нема ништо дека јас паничам. ви благодарам однапред поздрав
Штом не свршил, нема шанси да си бремена, немај гајле. А што се однесува на приказната на brancetoo, ме наежи крајот, ама добро е нагласено дека тие малку се познавале, нејзина грешка била што си дозволила такво нешто и тоа без заштита. Секако дека ако имаме долга врска со која планираме заедничка иднина, смешно е да се плашиме од такви работи. Тоа важи само за авантуристите. Јас не би ни легнала со некој ако не сум сигурна дека можам да му верувам. Ако гледаш така, тогаш ни со сопствениот маж не треба да имаме секс без кондом? Не можеш да живееш во страв и со мислата дека можеби партнерот не е онаков каков што мислиш. Во ред е да не веруваш слепо и да си претпазлив, ама ни во тој случај не секогаш можеш да ги спречиш работите да се случат, доколку така треба да биде. Во секој случај, живот во страв не е опција. Пак ќе нагласам, зборувам за постојаните партнери.
многу ти благодара што одговори на моето прашање, но сакам да знам дали е можно да останал некој сперматозоид па кога пробавме утре дента без кондом да се има нешто десено. инаку многу ти благодарам
Нема теоретски шанси од вчера до денес да остане сперматозоид. Веројатно си слушнала за една по друга партија, ама не си разбрала убаво. Може да се каже дека има опасност ако имаш две незаштитени партии во рок од околу половина час, па да останале сперматозоиди од претходното свршување и да влезат заедно со предсемената течност. Но дури и во овој случај се мали шансите, а за секој случај се препорачува пред тоа да уринира партнерот, бидејќи урината ги уништува сперматозоидите. Се надевам успеав да ти помогнам.
lovely93 многу ти благодарам исто и тебе brancetoo. понекогаш многу паничам без потреба незнам зошто па изгледа некоја мисла отепувачка ме има фанато
edno prasanje ve molam me prasaa i mene no ne mi se desilo za da znam da odgovoram, bliska moja imala seks so kondom deneska no koga zavrsile go nemalo relativno mladi deca se, dali moze da ostane vnatre i sto ponataka
Мене ми се има случено 2-3 пати, ама за среќа никогаш не бил доволно длабоко влезен внатре за да не можеме да го извадиме. Зар не се обидела да го извлече? Не знам дали и какви последици би можело да има, ама воопшто не е прифатливо да ѝ остане внатре. Јас сум чула за тампон заглавен внатре кој го ваделе оперативно.
Оф леле, штом не осетиле на време, тој си имал можност да се заглави подлабоко. Не знам дали ја боли од тоа стомакот, а може и психички да е, ама во секој случај страно тело е, не смее да ја остави така работата. Мора да отиде на гинеколог и тоа под итно, така да ѝ кажеш за нејзино добро.