Девојки нова сум на форумов и ми требаат вашите мислења и искуство во врска со темава. Вака: Имам 18 години и пред неколку дена го имав првиот однос. Беше на последниот ден од мојата менструација , но не користевме заштита. Дечко ми не сврши во мене. Вечерва повторно имавме незаштитен однос во кој тој повторно не сврши во мене , но денес ми е некој 2-3 ден пред овулација (лесно ми е да си ги одредам плодните и неплодни денови бидејќи за своја возраст имам прилично редовна менструација која ми доаѓа на секои 28 дена). Ме интересира колкави се можностите да се остане бремена од предсемената течност , и воопшто колкави се шансите да останам бремена ако тој не свршил во мене ? Ве молам за најискрени одговори , бидејќи ме фаќа гооолема паника. П.С: Дали од прилика некоја од вас знае колку би можела да ми доцни следната менструација , со оглед на тоа дека досега сум немала односи ?!
Не си бремена ако не свршил во тебе. А пошто ти е прв секс во зависност од организмот може да ти дојде,но може и да ти касни. Па така да, не си стварај паники без потреба. Ќе ти варира менструацијата. А од прилика неможе никој со сигурност да ти каже, бидејќи не е во тебе.
И да ја надополнам Бубаче .. следен пат кога ќе мислиш да имаш секс купи си кондом за да не си ја тупиш главата со непотребни прашања
а бе дете-ем ти иска ем не ти стиска! ако практикуваш секс без кондом биди спремна на се -од полови болести и инфекции до бременост. секое невнимание носи ризик.заштити се и,не очекувај некој друг да го прави тоа за тебе за да не си чукаш главата секој месец а да не речам и цел живот.
Ме фаќа паника , иако по вашите совети не би требало , но мислам дека ќе полудам додека ми дојде. Ако не ми закасни , тоа е негде за некои 16 дена. Посакајте ми среќа.
Ти посакуваме ние среќа, ама џабе паничиш, ќе ти дојде. Ако е тој сигурен дека надвор свршил немаш никаква причина за грижа. Ако не е доволно испраксиран, користете си кондом.
може одг? Имавме односи со дечкоми но на почетокот имавме предигра и 1 мин орален секс и кога го ставаше кондомот во темното не забележа дека е наопаку но после тоа го сврти... дали е можно да имало предсемената течност и да се залепило додека го ставал наопоку ???
Каков одговор очекувате на вакви прашања? Ние не вршиме статистика па во проценти да ти кажеме колкави се шансите
Не верувам дека не е испраксиран , бидејќи веќе неколку години е сексуално активен , не е некој почетник-тинејџер кој едвај знае носот да си го избрише.