Ги читав коментариве и стварно дај не се шегувајте, ама овде има деца паника креваат за се дај да им објасниме. Секс без заштита: НЕ! Исклучок - долга моногамна врска со партнер којшто го знаеш ко својата дланка, и период кога и да останеш трудна знаеш ќе се земете и ќе си живеете заедно. Да поубаво е без кондом тоа го знаеме сите, ама подобро кондом отколку ППБ или несакана бременост. Да не се лажеме, подобро да се заштитиме отколку после крив е овој оној. Сепак секој индивидуално ја носи одлуката за тоа. Драги девојчиња не се секирајте ми касни и лелееееее паникааааа трудна суууум. НЕ! Циклусот на сите жени е повеќе нередовен отколку редовен. Мислам дали 10% од жените имаат циклус точно на 28 дена и тоа секој месец. Тоа е просто невозможно со оглед на стресот и секојдневните обврски, животна средина загадување, настинки болести и сл. Памет во глава и пазете што правите
Девојки би сакала да ве прашам нешто за што сум загрижена и се надевам дека ќе ми дадете совет/мислење...Вчера го имавме првиот секс со дечкото и секако не се скинав од првиот обид...беше болно(не премногу) и имаше сосема малку крв првиот пат, само на главата на пенисот и мислевме дека веќе сум скината...односот беше без кондом и тој сврши надвор од мене...помина некаде саат време и пробавме пак и повторно беше болно, тој пак сврши надвор од мене и и овој пат имавме однос без кондом, ама разликата беше во тоа што приметивме доста крв и на постелината, што значи дека од вториот пат сум се скинала...спермата не заврши во мене со сигурност, ама ме плаши предсемената течност од вториот пат, бидејќи нели е можно да содржи сперматозоиди што останале...дали има простор за паника и што предлагате...? И знам, памет за друг пат, однос само со заштита...
Алооо девојко дали се слушаш што збориш???? Ако имаш 14,15,16 жими се ти простувам, ако си возрасна и ова го кажуваш, секоја чест на размислувањата. Какви кампањи, какви бакрачи, кампањи ли мене и статистики на другиве ќе ни го водат животот?? Не шири вакви глупости по форуми кај што читаат и помлади, не си ставај гревови на душа ама очигледно немаш совест чим вакви работи пропагираш. Што ме за*оле мене а верувам останатите членки ќе се согласат за кампањи и за наталитет у Македонија? Каква убава иднина ќе има тоа дете, истото и него ќе го учиш?? Алал да ти е на размисувањето, значи со вакви особи како тебе и слични на тебе ќе дојде време кога на 9 години и подоле деца ќе се раѓаат и чуваат. Со вакви размислувања, им го уништивте детството на денешните деца. Тие не знаат за детство.
Лелелел девојки сега бев во тоалет и искрварив...ВЕ МОЛАМ МНОГУ СЕ ИСПЛАШИВ, ДАЛИ Е МОЖНО ДА Е ОД БРЕМЕНОСТ???
@Mariaxoxo завчера го имаше првиот сексуален однос, може ти е од хименот што не ти протекло за време на сексот. Да не се чудиш ни наредниот пат ако имаш крв.
што мислите вие ако имате секс и тој пред да сврши го ваѓа, има шанса да се остане трудна? мислам може ли нешто да остане или ?
Ај неколку основни информации.Постојат голем број на сексуално преносливите болести и заштита од истите е неопходна. Не доаѓа до бременост при орален или анален секс. Сперматозоидите надвор од човековото тело, на воздух, преживуваат само неколку минути. Во телото на жената можат да прежиеват и до 5 дена. При контакт со вода сперматозодидите преживуваат само неколку секунди. Многу кондоми содржат гел кој ги умртвува сперматозодите(ова ако некој добива чудни идеи да забремени на неконвенционален начин и без одобрување на партнерот) За да дојде до бременост треба спермата да навлезе во вагината. Вагината е внатре/ не надвор и сперматозоидите нема магично да дотрчаат навнатре доколку сте имале надворешен контакт со спермата. При секој незаштитен секс постои мала шанса да дојде до бременост а во зависност од тоа многу други фактори и за инфекции.
Сите теми од ваков вид станаа - Сака да се е...., нејќе да и влезе зш ако и влезе е трудна. Што си ја гледам серијата со бабиците во Лондон, е вакви работи се дискутираат, во 50тите години. Ги учат кондом како да ставаат, дека не мора на секое да раѓаат, ма научна фантастика за тука. Ајде за 50-60 години ќе пркнеме и ние малце. Едит - Дајте советот на батката, за 1 во 5 и слични ми ти глупости избришете го, читаат деца бе... Донации ќе собирала, Господе....
Наменето за сите оние кои не сакаат да користат кондоми (а притоа не го познаваат доволно сексуалниот партнер) - http://www.buzzfeed.com/carolynkylstra/condoms-are-for-chumps?bffb&utm_term=4ldqpgp#4ldqpgp. (NSFW) Дефинитивно сликите се грозни но тоа е реалноста на спб.
Немав храброст да ги догледам сликите ... колку и да се грозни ова е реалноста , и треба не само на интернет , туку и на Тв или по училиштата , да се прават некои дебати и едукации токму на ваквите теми . Мора да се подучува младината , да се грижи за сопственото здравје повеќе , одколку за брзите сексуални нагони , во ред е , секој нека има секс колку сака и со кој сака , ама барем да биде со заштита тоа , знаеме добро какви болести и вируси напаѓаат при најмало невнимание
Јас и дечко ми имавме секс вчера, без кондом.За време на односот, позата беше доги стајл, потоа орален и пак доги ст.дечко ми го стави еднаш и одма го извади, а од мојата вагина капнала капка некаква..се зачудив зошто бидејќи никогаш толку брзо не свршил, а јас осетив некаква топлина не знам како да опишам, но ништо не реков, стави кондом и продолживме и на крај си сврши во кондомот. Е сега тоа што ме замислува е зошто таква топлина да чувствувам? И што би можело да биде тоа освен сперма (негова), јас не свршив тогаш туку на крајот на односот и сега си мислам дали е можно да свршил во мене и да капне сперма бидејќи позата беше доги или е можно да е бело прање..ми тече обично кога сум запалена, но прв пат се случува така да капне НЕШТО.. не е можно дечко ми за време од 4 5 мин да сврши два пати барем јас така мислам. Не сакам апчиња да купувам за без врска, знам што се е потребно за забременување ама пуст страв. Ве молам за мислење и ако некој не сака да помогне нека не ме напаѓа