Досега можеби имаш добиено, ако не, веројатно си била и на гинеколог. И цистите се причина за доцнење. Ми има доцнето месец и пол поради циста, на гинеколошки преглед ја видоа и ми кажаа кога ќе пукне, точно тогаш и добив. @Strumka22 здравјето е на прво место јас се сложувам дека кондомите треба да се поевтини, значи не само овие но нејм што се, туку и попознатите марки, оти сепак младиве порано се впуштаат во сексуални односи, а не заработуваат (зборам за средношколци и студенти). Ама треба и ЕДУКАЦИЈА!!!
Едукацијата е тоа, користење кондом, сите други варијанти се само за заштита од бременост, како што се анти беби апчиња, спирала.... Денес не само што младите почнуваат порано а и воопшто лугето сексот го практикуваат на многу поинаков начин и многу почесто отколку порано. Денес без 2 партии на вечер рето кој останува, тоа ти се 2 кондома, помножи го тоа со секој втор ден најмалку тоа се 30 кондоми на месец. Тоа се многу пари за вработен а камо ли за млад човек кој едвај добива пари да купи едно пиво и еден сок на девојката. Според мене ниту долгата врска не е гарант дека нема да добиеш некоја полова болест, тоа го знам од лично исуство. Знаеш колку мажи кои биле во „стабилни“ врски или женети биле со мене:? А сигурно нивните партнерки биле уверени дека тие им се верни и не користеле кондоми со нив. Постојат многу болести со кои можеш да се заразиш, но постои и можност да си умреш невина ако размислуваш само на лошата страна на сексот, затоа мој соет до младите е уживајте во сексот и не му ја мислете многу, доколку имате пари купете кондом тоа сгурно, но доколку немате не дозволувајте да немањето пари за кондом да биде причина за немање секс.
вака сакам да ве прашам нова сум и за прв пат имав однос вчера , не ми влагаше баш најверојатно дека не ми бил скинат хименот потоа сврши ама не сум сигурна дали го извади на време а иначе од кога го извади му претече,сега ми е страв нешто да не останало пред да го извади и дали е можно да сум бремена,и дали да се напијам некое апче?
Да потребно е да се напиеш апче за глава препорачливо е Аналгин, Кафетин или да и кажеш на мајкати да направите муабет па она нека пие апче ти во тој случај може да го одбегнеш апчето.
Ако и ти и дечко ти сте нови во сексот, ти препорачувам да имате односи со кондом за да немате некои лоши дешавки. Ако не свршил во тебе не си трудна, а колку што разбрав го извадил па свршил така да немаш место за голема паника. Прашај го за секој случај колку да не се замараш толку. А за апчиња ако не свршил во тебе тогаш не се занасај со тоа, не се играчка тие, само 2 пати годишно норлево можеш да се напиеш мислам дека. Од сега со памет и користете заштита
фала ти многу, он ми рече дека не свршил пошто одма го извади ама има ли шанси сепак пошто најверојатно не ми е скинат хименот помали се шансите за бременост?
фала уште еднаш сепак, ако не ти е тешко пиши ми во порака за подетално да те прашам некои работи во врска со ова зашто став ми е а немам со кого да зборам на оваа тема
Здраво женски, само што се приклучив тука бидејќи знам дека секогаш помагате, советувате па ајде да пробам и јас. Имам еден проблем па решив тука да пишам, не се сомневам дека нема да ми помогнете. Пред две недели почнав да се гледам со еден и ајде вака така се опуштив со него. Имам 18 и решив да пробам со него бидејќи до сеа не сум имала секс. Завршивме се што треба пред тоа, и ајде таман да бидне онаа небива се мачевме 5-6 пати абе несака и не. Незнам еве воопшто не сум искусна, можда и влегол до некаде оти после тоа ме болеше све и јајници и под стомакот.Плус кога се вратив дома имав крв на гаќичките еве незнам. Вчера исто пробавме абе небива се чуди он се чудам ја.Што мислите?
Ништо страшно ,мислам дека на сите им е така првиот пат, следен пат купете си лубрикант и подобро ќе е
Ех сега ја зафркна со муабетот, а баш имав убаво мислење за тебе. Ако му е океј на девојката и два саати да знај некој, ќе му биде прв. Немојте така... Не пиши некаде колку време треба да знаеш некој за да ти биде прв или втор или стоти. Затоа секој со сопствените желби и потреби и готово.
Па напиша девојката дека пред две недели почнала да се гледа, можеби 10 години се знаеле претходно. Плус друго е прашањето и друга е темата. Не те напаѓам воопшто, само многу ми забоде очи бидејќи да беше машко кое „легнало“ женско за две недели можеби и аплаузи ќе имаше. Keep an open mind!
Минатиот месец на 2 Април се напив Норлево потоа од 6 април до 11 април имав не многу обилно крварење. Значи секогаш имам односи без кондом со дечкото и до сега година дена ништо се немаше случено, но тој пат стварно не бевме сигурни. По пиењето на апчето повторно имавме односи, но никогаш не сврши во мене и сме сигурни. Сега ми доцни точно 13 дена, инаку немам редовна менструација. Дали е можно да е од таблетата или сепак можно е бременост. Инаку од симптоми градите ме премногу болат. ДАЛИ ИМА МЕСТО ЗА ПАНИКА ? Ве молам за ваше искуство или ако е некој повеке информиран?
Лично јас го немам пиено апчето, но од тоа што знам е дека голема е веројатноста да ти касни од него. Ама штом немаш редовна менструација, плус не сте сигурни тој еден пат што се случило и ти касни, сепак е најубаво да отидеш на гинеколог. Мислам дека ти касни од апчето, ама да не му ја мислиш многу, најубаво да отидеш и да си бидеш на чисто