И ние од од 1до 6 месец дали 10 пати сме имале Од почетокот јас немав желба и не ми беше убаво Кога рипна мешето јас сакав тој не, му беше страв и така....
Мене кога останав бремена со првото ни забрани гинекологот да имаме односи затоа што јас прокрварив малку и беше многу ризично.Со второто се си беше во ред ама јас немав воопшто желба за тоа од почетокот от кога останав бремена па се до крајот.И ептен ретко имавме односи додека бев бремена скоро и да немавме.
Женчиња ај да ја разработиме темава, има ли некоја искуство со утрогестан и секс? Може ли да се има додека се ставаат? Толку многу ни се сака на двајцата, последниот преглед докторот ништо не ми рече, првиот ми рече не, но тогаш имав грчеви во матката сега си е се во ред.... Да не не смее до полни 3 месеци?
^ Ова со забранава за секс, стана како мода кај гинеколозиве. Сите препорачуваат до 3от месец партнерите да стагнираат од секс или да имаат поретки односи, но пуста желба, јака му душа на тие што издржуваат. Можеби на 2недели еднаш или поретко, но ние не издржавме 3 месеци, признавам. А тоа со утрогестанот, не знам немам искуство, ги користев само недела дена и ми ги прекинаа, навистина се таблети, но секретот што останува е непријатен за глетка и не знам колку е медицински заштитно, но се прашувам што доколку трудницата ги прима во текот на цела бременост?
Aко ве советувал дека треба да почекате до три месеци,почекајте,во овој момент нели бебето е најбитно,после тие три месеци ако добиете зелено светло,нема што да стагнирате ...
Мене не ми забрани гинекологот ама јас се плашав сама до 16 недела не сме имале односи, јас се плашев да не ризикувам спонтан.Па и после кога почнавме можам да кажам само еднаш неделно така и сега правиме и тоа да ви кажам искрено нема веќе уживанција со стомакот само ради реда хехех Не знам кај мене и хормоните изгледа ми се такви ич душа не ми побара Поздрав
chache87 и мене мојот ми рече да се воздржиме барем до 12 недела, такашто ајде издржете уште 2 недели. И јас ставам утрогестан и смачено ми е, ама мора да правиме како ќе ни кажат докторите. Долку се мачевме за бебе е сега за еден секс, ќе издржиме
Ние немавме никаков проблем и редовно си практикувавме Но како што станав поголемка (последниов месец) и сексот стана поредок, еднаш на недела или две. Ама откако ми кажаа дека сум еден прст веќе отворена, решивме повеќе да немаме, да не се отворам повеќе, освен евентуално при крај ако го дочекам терминот
Еве јас сум 11+5 со бременоста се е во ред фала му на бога,не примам никакви вагиналети ама некако желба за секс немам никако,еве веќе 3 недели сме немале односи,гледам на мм му се сака ама јас ич немам желба
до 7 месец имавме секс нормално е откако влегов во 8месец мм како да се пресече и несака никако многу му е страв да не му бидне нешто на бебето, си се задоволуваме на друг начин ама секс не, а пуста желба и кај мене и кај мм е голема ама ете несака ми вели ако треба уште 3месеци ќе чека само да биде се во ред
јас би советувала на идните трудници да разговата најпарвин со нивните гинеколози за нивната бременост а потоа да се има односи посебно од 7 месец нагоре помалце
ние немаме односи поради тоа што првите месеци крварев на два пати.Sе плашам и подобро е вака.Vекје сум 6 месец немаме кој знае уште колку мн а и ке надокнадиме после
И ние немаме односи откако дознавме за бременоста, долго време го чекавме ова бебе, а и се префорсиравме овие 3 години Бидејки бременоста е нормална, можеби и ништо нема да се случи, ама од претпазливост така решивме, па што вика joy уште малку ни остана а и ке надокнадиме после
И јас сум со нормална бременост и некако сега имам желба повеќе од претходно,ама пак не сме опуштени не е тоа тоа,имаме ама многу ретко и секако ќе имаме доста да надокнадиме
Ајде малку да ја активираме темава Ние до осми имавме односи и тоа често, убаво ни беше, ама сега во 8ми веќе не ми се секса Мешко си расте, треба мн пазење и не можам да се опуштам...а омилените пози сега можам само да ги сонувам али се снаоѓаме некако надохнадуваме на други начини
Мами и јас сум 8 ми ние ич немаме односи од оправдани причини.ама си се тешам дека уште малце ни остана па после ке надокнадуваме колку е можно.некогаш ептен ми е глупо ради ситуацијава ама мора вака да биде
Идни мајки и после пораѓај нема да биде исто некое време. Раната да зарасне, па зависи дали бебето спие или не ( од премореност нема да ви текне на секс- ако бебчо е немирко), ама и тоа ќе помине
Тоа го знам векје го искусив пред 5 години.Имав срека првиот пат бебчето преку ден фино си нанкаше и беше мирно па имавме време за нас .Ноките беа др приказна