Вака, јас имам 31 година и сеуште не сум мајка, но дали мислите дека е во ред целосно запоставување на сексуалниот однос во текот на бременост, и понашње од типот еве јас сега сум трудна и само ќе лежам и нема да мрдам од кревет затоа што носам бебе. Според мене бременоста не е болест туку природна состојба на организмот и треба да се извршуваат сите оние редовни активности па и сексот. Мнногу е голема веројатноста партнерот да ви застрани и емотивно и физички да го изгубите ако го лишите од секс, и сексуални игри во текот на поголемиот дел од бременоста и нормално после 2-3 месеца додека вагината колку толку се врати во првобитната положба. Преголемата претпазливост, потоа избегнување на физичка активност, доведува до се потешки породувања кои најчесто завршуваат со царски рез. Баба ми, знаеше често да каже денешниве жени се залоени, што би значело од премногу претпазливост излежување и буквално лишување од секаков напор а јадење буквално се бидејки нели трудна сум и недај боже може да дојде до спонтан ако помислам на нешто а не го изедам. Претпоставуам знаете за што зборувам дека трудница мора ама аш се да проба што ќе и текне на памет, а кога цел ден само лежиш сигурно дека могу работи ќе ти текнат, се наталожуваат маснотии во тој дел и потоа кога ќе треба да се породи има проблеми. Прашајте ги само вашите баби дали правеле така, дали се излежувале и дали ги лишувале своите партнери од секс по цела година. Па тие како што рагале по 5-6 минимум требало мажите никогаш п...а да не видат. Сакам да прашам, зошто сексот е ризик за бременоста и зошто во последниот месец на пример пенетрацијата не би ја замениле со орален секс? Зошто да мора да се прекинуваат сите активности на полето на сексот. Друго што не ми јасно е, зошто се свака бременоста како хендиќеп, и голем дел од трудниците се однесуваат буквално како да ги удрило воз и не мрдаат ниту со малото прсте а камо ли недај боже како нивните баби што до крајот на бременоста работеле во ниви и се порагале дома. Додуша жените во селските средини според мене се некако по храбри и по нормални за разлика од размазените гратски деца кои од шољата кафе не кренале потешко, секако не го варат они кафето туку мама.
Ке останеш трудна па ке добиеш одговор на мн прашанја.Никој овде не рече дека бременоста е хендикеп.За жал постојат ризични бремености,и кај таквите не е дозволено имање односи ,кревање тешко,патување и сл-логично нели?Јас крварев мн и имаше ризик од загуба на бебето и затоа и немавме односи.Лежев во болница со инекции инфузии ...ако ти и покрај таквата состојба би имала секс за да не ти застрани партнерот тогаш повели.Има лугје кои со години се борат родители да станат родители и кога конечно ке дојде моментот најбитно е бебето да се износи живо и здраво па после се друго.а дека постојат ризични бремености,постојат остај ти бабати што кажува.нај на крај секоја трудница т.с пар нека си одлучи за себе дали ке има или нема секс.И доста се мисли само на мажите...ке фатиле швалерка,ке застраниле...тој што си е таков слабич на карактер ке швалерисува и со и без трудна жена
Јас бев енергична, подвижна трудница, се поправив 10 кг а си ја вратив килажата за три месеци по пораѓај, работев низ дома, на работа, имам уште едно дете, бременоста од секој аспект перфектна и да не должам- со стомакот до заби, кога на крај и од многу малку се заморува една трудница тешко дека ќе биде сексуално активна како да не е трудна. А има и мажи кои не сакаат односи при таква ситуација. Едноставно , не за џабе се рекло 'друго стање', не е исто ништо. Здравје, ќе дочекаш, ќе видиш.
Да се надоврзам на Leona83, истата ситуација е со мене, јас еве секој момент очекувам да излезе човечево и се чуствувам исто како и првиот ден(само со 15 кг повеќе сега ). Муабетот ми е дека, немам тешкотии, немам отоци, се движам цело време, едноставно уживам во бременоста. И пред да останам бремена, сексуалните односи ни беа повеќе од активни и чести, уживавме,останав бремена, сето тоа се намали. Но последниве 2 месеци јас воопшто не ни помислувам на секс, кажаа феминките погоре, големината на стомакот, вртење, страв постојат многу фактори кои те сречуваат да функционираш онака како што си функционирал претходно. И мојот сопруг не оди по швалерки или ку*ви, тој е со мене, и тој е во иста ситуација, подеднакво му е напорно исто како и мене. Не треба да се става толку голем акцент на сексуалните односи, ова е само период кој минува, неколку месеци, после животот продолжува,односите стануваат исти како и порано, она што останува е тоа дека ние стануваме многу побогати, на свет сме донеле еден живот за кој ништо друго не е поважно.
Да се надоврзам на муабетов. Нормално дека нормалната бременост не е хендикеп за ништо ниту болест. Во нормална бременост убаво е да се има односи со партнерот. Но секоја бременост и секоја жена се различни па така и желбата и потребата за секс. Тука хормоните играат голема улога. И јас сум доста подвижна и активна трудница. Не сум се залежала воопшто. Фала богу убава бременост си имам и дај боже до крај така да истераме. Не сум воопшто пребирлива по храната ниту пак стрвна. За сексот, кажав дека до 8ми месец имавме редовни односи со маж ми, но сега веќе е се потешко пред се од самата големина на мешето и слично. Нормално дека сеуште си сме интимни на различни начини но не и секс. Кога ќе бидеш бремена ќе ти биде се јасно. А ако се плашам дека маж ми ќе ме замени така лесно заради лишување од секс неколку месеци додека се вратиме во нормала по породувањето, тогаш не треба да ни биде со мене. Фала Богу маж ми има разбирање и подеднакво сме заедно во ова. Ова што го очекуваме е најважно за нас, нашето најголемо богатство.
Јас сум 7ми месец и до сега имаме нормално секс, до 4пати во неделата Гинекологот ми рече дека не е проблем. Е сега маж ми почнува да се плаши по малце, бидејќи стомакот ми е поголем и синко поактивно клоца. Доколку имав ризична бременост, и докторот да ми забранеше секс, секако ќе немавме и ни во момент не би помислила дали маж ми ќе застранил.
vo red e zapostavuvanje (nikoj ne umrel od nemanje seks)bidejki poveke ne sme sami i ne mislime samo na nasite potrebi na prvo mesto ni e bebco i na mene i na mm im posakuvam na site zeni da da gi blagoslovi Gospod kako sto mene me blagoslovi ps. golem broj od nas bremmenite sme u raboten odnos i nazalot ne se izlezavame u krevet cel den
Jas mislam deka vo sekoja normalna bremenost moze da se ima odnosi Sekako zavisi do zelbata na dvajcata jas sum 15ta nedela pa si imam normalno
И јас иако не сум била бремена мислам така. Мислам дека доколку е нормална бременоста нема зошто да не, сега сигурно нема да се претерува или грубо да биде, за тоа мислам дека секој ќе се согласи. А ако е нормална бременоста зависи од желбата и на двајцата, во некои случаи на мажот му е морничаво или страв, а во некои случаи на девојката или пак од влијание на хормоните нема желба за секс. Зависи како ќе те удрат хормоните во глава, што значи нема планирање од сега од типот: јас ќе имам или ќе немам односи. А за во поодмината бременост веројатно самата трудница си осеќа кога треба стоппп.
Ахххх каков стоп, на крај најмногу треба Иако треба многу креативност со положбите, јас стварно не знам како е физички возможно Инаку се препорачува на крај за побрзо отварање и полесен пораѓај, барем така викаат
И јас така сум чула. Мислев стоп ако едниот од партнерите се чувствува неубаво со толкав стомак. Инаку верувам дека може некако да се изведе и покрај мешето, кога се сака се се може. А јас слушам некои викаат до 3 месеци не, некои при крај не... така да јас ако се прашувам не би се раководела спрема општи муабети, туку ако ми рече гинекологот дека ми е нормална бременоста и ако си имам желба, нема стоппп. Ќе има стоп кога ќе мора, после породување. Не верувам дека му штети нешто на бебчето, сигурно и тоа е среќно мама и тато да си водат љубов. Мала шала, да не бидам погрешно сфатена.
си свршила работа ако веруваш на гинекологот....како што гледам воопшто не си ја вршат (од коментари на др трудници)работата како што треба...на крај краева неможе он да то даде гаранција дека нема да дојде до компликација.....не се ослонувајте на секакви мислења никогаш не би ризикувала ....па после да се каам....сепак тоа е мое мислење
Mene doktorkata ne mi zabrani, a i jas si sakam haha No eve na primer na bratuced na mm zenata isto e bremena, mesec ipol sme razlika...na nea i zabranija zatoa sto plodot i bil dole spusten :/
posledniot pat pri odnosot nekako ne bev dovolno opustena,i posle toa,zabelezav kafeav iscedok ama nebese mnogu ,dali znaete za sto stanuva zbor?
бела незнам...... али јас несе осудувам нели сеа на крај требало побрзо да се отворриш...ама пошто имав мало крварење ништо од правилата за последниот месец секс.....пешачење и баш зборев со другарка ми она имаше патолошка до6 месец мораше да лежи крвареше внатрешно па многу лесно помина на пораѓај абе...една жалба не чув од неа сепак консултирај се со докторот за исцедокот..
Ние уште при првиот преглед си прашавме дали е ризично, дали е во ред... Затоа што секоја бременост е различна. Односи имаме во согласност со моите луди хормони. Имало период кога сум била често расположена, имало период кога се десило еднаш на три недели... Партнерот мора да има комплетно разбирање дека не се работи за паника, извољевање, туку психичка состојба која е резултат на хормони. На крај, сексот е чин во кој двајцата треба ментално да се внесени, и никако не смее да биде "ради реда"...
доколку се има желба и ако се е во ред со бременоста, зошто да не, претходната бременост си ја поминав цела во ред, а притоа крајните месеци имавме многу често односи, е сега ова исто би постапила доколку се е во ред, сега малку паузирам, додека да одам до гинекологот да видиме што ќе каже тоа, ама ќе почекам уште малце, право и срцето да го слушнеме
si imav seks od pocetok do sam kraj(den pred da se porodam),skoro normalen seks,sekako od stomakot ne moze sekoja poza da se napravi i moeto mislenje a i doktorsko mislenje e deka vo tekot na NORMALNA BREMENOST seksot e dozvolen duri i potreben (posledniot mesec pozelno e ejakuliranje t.e. svrsuvanje vnatre zaradi dopolnitelno vlaznenje na vaginata-ova sekoj doktor go znae no retko koj go kazuva),nema potreba vo normalni okolnosti da se apstinira,zosto da si skratuvate zadovolstvo i sebesi i na partnerot???? e sega ako bremenosta ne e normalna ili postoi nekakov rizik od prevremen poragjaj ili spontan togas normalno deka apstinacija e resenieto,nikoj ne e nenormalen i pokraj preporaka od doktor da go izlozi na rizik nerodenoto bebe zaradi seks!
Lusi има начин пробајте Позите се малку ограничени но возможно е Користете го периодов, после нема да можете...