Нели мислиш дека со таквиот однос можеш да си го расипеш бракот? Мислам дека е предолг период на бременоста па и 2 месеци потоа да се нема односи, не толку за тебе колку за за сопругот. Според мене постои реална шанса тој да ,,забега" ако веќе нее а сите добро знаеме дека ако мажот тргне по тој пат потоа тешко се одрекува од тоа. Стравот е едно но доколку нема препорака од доктор т.е ако нема здравствени причини постои реална можност мажот да помисли дека го избегнуваш без оглед што тебе ти се чини дека тој тоа го прифаќа сосема ок и има разбирање. Искрено јас да сум на твое место би се запрашала дали можеби постои некоја друга штом тој толку рамнодушно го прифаќа тоа твое неоправдано ескивирање на сексот.
Во контекст на муабетов, јас се породив со царки, бебуш не врзуваше сон, жива ненаспана бев. И дека со царски мајка ми ми вика, пази се сега да не останеш трудна, многу е рано за уште една бременост. Јас и викам не се секирај, апстинираме и добив искрен мајчински совет: ау, немој така, на гладен човек секоја сендвичарница убаво му мириса Се замислив малку, па си викам во право е жената
@blessed2 Најубаво разговарај си со докторот. Мене ми беше забрането првите три месеци, издржавме едвај и после тоа нормално си имавме односи и сеуште имаме. Само ќе си припазите и нема да бидете груби инаку не би требало да ти забрани, дури пред крај и препорачливо е. За мажот не се секирај доколку доктор ти забрани односи тој не е глупав да навалува, ќе сфати. На крај краева постојат и други начини да го задоволиш и да не ви згасне страста во бракот. Тој ако сака да те вара, ќе те извара било кога, а не баш сега кога му се ствара детенце. Глупости. Плус сексот во бременоста е многу поубав
Aiii gluposti muabetov, kje zabegal po druga ako ne mu dades... Ubavo si naglasi deka po potezok pat ostanala bremena, a mazot mislam deka toa mora da go ceni, pa ako e lud neka zabega sega koga detence mu e na pat. A i toa sto vika @<3 pleza4e <3 ako saka toj da zabega, koga bilo kje zabega nie na kraj mn retko imavme, ama od sto si se posakuvavme retko i najubavo bese, pa ne mi zabega mazot... a i ima i drugi nacini na vodenje ljubov, koga se raboti za bebe i seksot nekogas moze da poceka
Глупости мажот и ќе забегал како не, ако сака да забега ќе забега и кога е бремена и кога не е, и 100 пати на ден да има секс, ако на некој му мрда газот му мрда, барем сите секојдневно го гледаме тоа...Има парови овде што сексот им е забранет 9 месеци, жената има крварење во бременост, ниско го носи бебе и што ли уште не, па мажите не им оделе по други, а за чекање колку му е тешко на сопругот, толку и е на трудницата, башка и хормони до плафон и зголемена желба за секс...А и неможеш да знаеш дали тој тоа го прифаќа рамнодушно или едноставно ја почитува нејзината одлука за да немаат секс. @blessed2 доколку ти е се во ред со бременоста да си го прашаш докторот и ако ти одобри, да си имаш секс...Јас фала му на бога си имав уредна бременост и си имав редовно секс низ целата бременост, мм малку го фаќаше страв кога порасна меше, но и тоа го поминавме и си имавме секс и верувај на крај е најтешко со голем стомак Сексот е потреба и во бременоста така секој што му е дозволен може да си ужива во него како и пред тоа
Обично нормални мажи што си ја сакаат жената, особено што се зрели за чекор дете и фамилија, имаат нешто што се вика разум и почит. Ни за момент не би се посомневала сопругот дека ќе најде друга ако немаме односи. Ако треба да се посомневам за тоа, треба да се запрашам за многу посуштински работи, како на пример зошто сум со гад гадосан себичен кој нема никаква самоконтрола во интерес на неговата фамилија, неговото сопствено дете... Особено ако сум останала бремена по потежок пат, па уште заради него! А дури и да е "неосновано" како што се изразивте погоре, мене да ми е психички страв, тој треба да е тука за мене и да разбере и разговара.
Cela bremenost nemav,i eve veke skoro tri meseci po porogaj. Ne etesko samo za nego,i za mene e isto teska apstinencijava.No koga se raboti za bebce i sopstveno zdravje?Mora i moze da se izdrzi. Ke zabegal po drugi mazot.. Zarem nemozeme i nie da zabegame po nekoj emocionano i razumno sto ke ne rabzere? Ako za vakvi raboti nema razbiranje vo eden brak togas za sto ke se razbereme?
Najvekje me iznervira ovaa recenica od @Strumka22 :Искрено јас да сум на твое место би се запрашала дали можеби постои некоја друга штом тој толку рамнодушно го прифаќа тоа твое неоправдано ескивирање на сексот. Neopravdano? Daj procitaj go ubavo postot. Imas li maz, deca ili cekas bebe na pat? Ako nemas nema da go razberes ova, a i nemas pravo da komentiras..
Мажот ќе забегал по други ако немал секс долго време. Ова ми е најпримитивното размислување, нешто најниско, најодвратно, толку многу понижувачко за женскиот род... И што е најтрагично, доаѓа од жени. Ниту едно машко не сум слушнала да го рече ова. Баш напротив. Зарем уште некој размислува вака? Јас сум запрепастена. Во кој век живеете бе луѓе, на кое место од земјинава топка се наоѓате па што се' уште вакви размислувања имате? Како бабине да ги слушам. Сврти го, дај му во кревет инаку готово, отиде. Ако тој отиде по други, во жената е кривицата. Јас не знам кое нормално, живо суштество од машки род би мислело попрво на секс отколку на здравјето на сопствената жена и здравјето на сопственото неродено дете? Кој е тој маж? Каква е таа личност? Јас такви мажи во моево опкружување немам. Сите си ги чуваат жените како капка вода, посебно па за време на бременост. Никој не вели дека сексот не е важен, важен е, ама не е најважен. Барем тие што се во брак треба да го знаат ова. Не се случува само бременост во текот на животот, не дај Боже се случуваат секакви здравствени проблеми, не само кај жената, може да се случат и кај мажот. И што треба да правиме? Ако маж ми не може да има секс една година од било која причина, јас да одам со други? Тој да лежи во болница (не дај Боже), а јас дома да се сексам со друг? Вака треба? Веднаш помислив на @galapce. Те молам извини што те спомeнувам. Жената низ што се не помина да донесе на свет нов живот. И се' уште поминува. Какви не компликации и се исподесија и маж и' треба попрво да мисли на секс, отколку на здравјето на сопствената жена која пет пати отиде под нож? Очигледно некои луѓе ги имаат смешано вистинските вредности за една љубов. Сексот е здрав само кога се има во една здрава врска кај која сите останати сегменти се на место. Како дополнување на убавите нешта, а не како пополнување на гнилите дупки во врската. И јас се' уште се чудам на некои размислувања. Не можам да поверувам што читам по темиве.
iako dosega bremenosta mi e normalna I se e vo red, dosega dva tri pati sme imale odnosi eve skoro dva meseci nisto, mm ne saka I ne saka I sto da mu pravam ne ni mozam da go razubedam ne se ni somnevam deka raboti nesto so strana ova bebe e tolku posakuvano I cekano. Toj odsekogas velev koga covek resil da se zeni I ja pronajde vistinskata znaci zavrseno e so momackiot zivotzivot I plus veli grev e trudna zena da se izneveruva taka da jas dosega ne poznavam nesto sto faka krivini dodeka zena mu e trudna, nego kazuvajte kako da go ubedam mm
Nema ubeduvanje nikako nemoze da im se dokaze na mm me svakaat,nie imavme nekolki pati i sega veke ne strav mu bilo a mene hormoni mi rabatat mi se saka kako nikogas do sega ama ete ke si trpam moze ke go ubedam nekako
sto e toa e , nemame drugo ke si cekame jas ete peti mesec sum uste pola,mu velam vo deveti ke nadoknadime za polesen poragaj ama cisto sumnjam so golemo mese nema sansi @monik55 ako go ubedis kazuvah recept
Јас сум влезена во 7ми месец, до сега си имаме редовни односи како и пред да останам бремена, дури мислам дека и поубаво ни е, дали дека ми вријат хормони До сега не сме имале никакви проблеми ниту докторката ни има забрането, се надевам дека така ќе биде и до крај
Blaze si ti uzivaj jas otvoreno mu rekov na mm deka me poluduvaat hormoni do plafon i deka morame oti veke ne se izdrzuva
@<3 pleza4e <3 Eve i nie imavme zabrana od doktorot vo prvo tromesecie odnosi nikako,sega sum 13+5 i uste nemame odnosi-uste nekoj den i na kontrola pa ke vidime sto ke kae doktorot-toa so zabeguvanje na mazot nema nikakva vrska i da imate odnosi sekoj den,covekot ako si e ljubovdjija nisto ne te spasuva
Хахахах знам ние едвај издρжавме тρи месеци и после тоа си немаме пρоблем аκтивни сме си. Неможе да му наштети тоа на бебето... него туκа тешκи муабети паднаа, ќе забегал мажот ова она, тој аκо си е таκов нема вρсκа дали жената е бρемена или не. Ама на неκои луѓе изгледа уште не им се јасни тие ρаботи, џабе го заплашуваа девојчето со глупави муабети
Pa taka de, nie so dusa go docekavme ovoj moment posle 2 godini obiduvanje i sega so treba da mislam ,maz mi ke si najde druga oti 3 ipol meseci nemame odnosi.. ,
Јас имам пишано погоре дека ние редовно си имаме односи иако сум веќе влезена во 6-ти.На мм не му е проблем,ниту страв исто и мене,само што сега последниве 1-2 недели мене ми е желбава намалена може и да се кажи ја нема ај можи ќе ми се врати желбата пак
Koga ke porasne deteto ke go tepa tatko mu po glavata velejki:E da vidis kako mi bese mene dur bev vo stomakot kajh majka mi.