Јас таква бев минатата бременост, оваа покрај сите други работи кои ми се обратни и ова дури ми е. Никаква желба некој период... сакам само да спијам, спијам и спијам навечер, а преку ден не ми е тука мм незнам дали е до тоа што веќе кога ке заспие синчево и јас сум како заклана, секое кофче ме боли и стварно не ми е дојдено до тоа, само сакам да спијам а од друга страна имам опасни мрсни сонови работава ми е сакам, ама неможам па ке си сонувам
За неможење секако дека неможам, ама како што велиш, соништа мрсни.. нешта што на крај памет не ми биле. Шокирана сум од себе. Не дека не сме имале активен сексуален живот со сопругот, ама ова богами незнам од каде излегува. Лудило.. Желба за секс ненормална, а ваму одвај одам, во кревет од лево на десно да се свртам не можам, се ме боли.. ми требаат 5 мин, а за станување како бабичка прво да се потпрам на наслонач, па една нога, па друга.. и така полека. А ваму ти се сака...
Од кога дознав дека сум бремена не сме имале односи со маж ми. Не дека не помислувам на тоа, ама не можам да го направам.
Ние до 7ми месец си теравме. Потоа читав дека 8ми е ризичен, и паузиравме. А сега во 9ти ниту можам ниту се осмелувам. Но желбата постои.
Ме изнасмеавте. И мене ми се врати желбата, ама пусѕи страв. До сега во бременост само еднаш имавме и тогаш со пусти страв да не му направиме нешто на синло. А ми се сака и почнаа да ми се навраќаат соништата. Незнам што да прсвам?
И ние сме немaле oд кoгa дoзнaвме зa бременoстa. немaв желбa првите месеци a сегa иaкo имaм желбa немaме oднoси oти мм не сaкa
Ние до 12 недела немавме ,после тоа се ослободив малку и почнавме,не мн често до два пати неделно,е сега веќе карлица ме боли бебе тежи и тешко ми е немам мн желба ,не дека немаме воопшто ама намаливме
Ние од почеток имаме секс, Еднаш неделно имаме некогаш и еднаш на 10 дена без свршување внатре, можда во 9 ти ќе биде и со тоа незнам како ќе биде до тогаш. Си велам не е многу. И пазиме многу. Внимателно. И кратко 10-15 мин. Инаку за желба јас немам никаква не ми текнува на тоа, ама ради мм еднаш неделно доста е.
Здраво, јас сум 13 недела со имвитро и со близнаци ..досега немав односи а желба огромна имам ...гинекологот ми рече дека може да имам односи само полека нежно ама заборавив да прашам дали со кондом или без ..со свршување внатре или не ...
Со оглед на ситуацијата, јас не би имала секс без разлика што докторот дозволил. Може не сум во право, ама јас така би постапила. Како ќе си одлучиш, тоа на тебе останува. Доколку имате секс тоа нека биде со кондом.
Еднаш, една познаничка ме праша дали ќерка и ( во стомакот ), може да остане трудна од маж и ( таткото на бебето )... Јас и реков да не ризикува, за секој случај...
Ние немавме секс првите три ипол месеци а после тоа да па дури и во деветти.Не толку често ама не бевме без ич.Ако е нормална бременоста без некои проблеми незнам зошто би немале.И нормално ако се осеќаш способно.
6Ti mesec i odnosi nitu ednas.Sega sum so skrateno grlo,a i da sakam nema so koj.Prethodno bese ok no ne se osmeluvav.A za sonovi hm gi ima i toa kako.E sega Neznam dali e loso i orgazam da se ima