Честитки и со лесно бременоста на мене ми забрани докторот од сам почеток , а да не ви биде шубе нај убаво да си го прашаш матичниот , сепак тој нај убаво знае за тебе и твојата бременост .
@Justmarried Јас би почекала барем да поминат овие критичните 3месеци. После е подруго сепак во второ тромесечие, секако нежно После кога ќе порасни меше има сама да бегаш нема да имаш желба
Девојки смее ли да се има секс во 8ми месец нешто голема желба ми се јави,до сега немавме никако секс но немав ни желба
Имав некој проблеми но сега не ја прашав прееска матичната вика сега никако заради инфекции а срам ме беше да прашам со заштита дали може вие сте имале ли без заштита? (леле срам ми е што прашувам ова)
Ќе ви се уфрлам во муабетот за инфекции. Мојот гинеколог ми има кажано дека кондом не штити целосно од инфекции, особено не од кандида.
Јас не сум компетентна да пресечам дали е сигурно во тек на бременост или не, сепак ќе имате секс со маж ви, штом до сега не сте имале проблеми, не би требало да се појави инфекција. Чудно ми беше тоа што гинеколог кажал дека може со кондом, а мојот гинеколог објасни дека кандидата, на пример, не е лоцирана баш само на пенисот, туку генерално може да биде во тој предел. Сепак тоа е габа, не може да се контролира точно каде ја има а каде не. Пример, кога се мачкате со маст, не мачкате само на тоа место, туку и неколку сантиметри околу.
Здраво. Бремена сум 35та недела. Еве веќе цел месец немаме секс со маж ми. Јас сакам и иницирам но тој нема абер од тоа. Разговарав со него дали е до тоа што сум бремена? Дали можеби не сум му повеќе секси? Дали е до мене нешто ? Но на се добив негативен одговор. Бил само доста уморен и ми вика не е до тебе до мене е проблемот. А кога ќе го прашам што конкретно кажи ми. Почнува да води тензичен разговор. Завчера само ми рече сам од себе. Ајде породи се да се вратиме во нормала. Јас сум си тотално разочарана. Би била среќна да се среди се од после мојот пораѓај. Но се плашам да не продолжи вака... во брак сме една година. И до сега не сме имале проблем со сексот. Би сакала да слушнам мислења и искуства доколку некој имал ваков проблем Ви благодарам.
@Вил ние цела бременост два, три пати имавме и тоа едвај со договарање ај да пробаме. Ама реално никој од нас не беше опуштен, повеќе е малтретирање отколку уживање. Е сега, и мене на моменти ме маваат хормониве и почнувам да му драмам зашто нејќе, (не дека јас имам желба, ама нели убаво би било кога он би иницирал барем) дали не го привлекувам итн... ама неговиот одговор е дека не може да се опушти едноставно. Не може да замижи пред стомакот и да го игнорира фактот дека таму е нашето бебе кое толку многу си го сакаме. Страв ми е вика, што ако се занесеме и направиме некоја беља... и така, од една страна ми е криво а од друга и мене ми фуфка па ќе си почекаме уште малку. Се надевам само дека после ќе можеме нормално да си продолжиме (не знам како е со бебе додека спие во иста соба )
Точно е да докторите препорачуваат секс во 9ти за полесно отварање. - Друго, доколку имате нормална бременост не треба воопшто да се плашите да имате секс,нема да го повредите бебето.