Ако ти е нормална бременоста( без крварење и други компликации) може. Мене првата бременост ми забрани гинеколог, вторава бременост можам и смеам. Кога ќе одиш на гинеколог за да не ти е мисла прашај го.
Преместете го прашањево за каде и да е,ама си барам одговор итно! Имам нормална бременост,и нормално имавме односи до пред 2 дена, кога “по грешка” сврши во мене,и дури синоќа на туширање излезе од мене исцедок кој не се двоеше,беше бел и проѕирен,погуст од вообичаен исцедок и буквално висеше од мене се преплашив, пошо читав дека и мукозниот чеп изгледа некако вака,и сега јас како да разликувам за што се работи? 26+3 сум, не сум ни 7ми и на свашта ми оди памет.И болки слаби имам више секојдневно,кичма боли убива,менструални слаааааби осеќам, а преглед тек во среда имам.
Болките тек ќе се зголемуваат, не се страшни штом се слаби. И нас ни се “згрешаваше” , немало проблем. Мој совет, не читај по нет, само ќе се плашиш. Следи си го телото и неговите евентуални промени. Штом немаш јаки болки, грчења, крварења... се друго си е нормално за бременост.
@danichap Фала многу, бледа ко дух бев и мм го преплашив од реакцијата дека “готово,ја утнавме ептен и ќе раѓам кај и да е” Не читам, гугл не отварам до крај на бременост, и ќе го убедам да се потруди да не грешиме многу многу
Здраво феминки да прашам прва бременост ми е и се плашам да бидам интимна со мм веке сум 20 недели се имаме обидено но премногу сум стегната што да правам му смета на бебеуш ако имам секс или..?
Ако имаш нормална бременост нема штета, ако имаш крварење или некој друг проблем со бременост не, ама пак тоа треба да ти каже гинеколог.
Ако ти е нормална бременоста нема потреба да се воздржуваш..на нас ни е забранет од кога останав па се до крај...се смеам велам ајде во 9ти ќе се омрсиме хаха не ми ни тешко ни мачно само синко да ми е жив и здрав..
Луѓе срам не срам јас морам да ве прашам нешто Поради тоа што сите сме тука негде со неделите...Дали имате односи? јас откако дознав дека сум бремена ништо не сме праеле страв ни е,се ми е нормално ама се плашиме...Вчера кога бев кај докторката од срам не ја прашав дали смееме...Дај помагајте ми збеснаа хормониве,незнам што да правам...
Хахахах јас веќе 3 недели имам односи ама не секој ден секоја недела по еднаш па не се издржува и хормоните катастрофа иако докторот ни рече до 12 недела никако ама ете и вчера си имав ништо не се случи само треба малку повеќе внимание.. иначе после тоа ни болки ни ништо нормално како и секој ден така веќе 3 недели..
Доктор ти забрани а ти сепак имаше односи? Бременост постигната со ивф,и неможете да се стрпите? Луѓе барем до 12та недела додека се оформува не е препорачливо,ама сепак консултација со др.
dokolku imas dobra bremenost furaj so seksot nemojte tolku nasilno jas so prvoto imav redoven seks so vtorovo grevce mm eve 7 meseci ic od pricina sto prvin niska postelka posle necisti brisevi pa sega ete nekako iskreno nemam zelba legnuvam vo 22 kako voz da me pregazil. Inaku ako se plasite ili zaradi infekcii najdobro e so kondom uzivajte ako imate zelba
Мојот матичен ми кажа дека нее проблем да се има односи бидејки имам нормална бременост дури бев и на 2 други консултации и ме прегледаа истото ми го имаа кажано.. само др.што ми правеше ифв ми го кажа тоа..
Ние немаме ич односи, не сака ни мм му е страв и него (поради претходниот абортус) тогаш имавме по 1 неделно а сега ич. Да истераме 3-4 месеци да се зацврсти убаво плодот па потоа ќе видиме здравје Боже
Па да ти кажам и ние така тераме, тешко дека ќе има нешто до крај многу ми е страв, па ќе издржиме некако. Добро е и што мм несака, ко ќе му речам јас ајде потака за 2 месеци, тој вели тешки се да биди во ред ич нејќам, нема шанси
И ние откако дознавме немаме односи, јас немам желба воопшто. Ги прашав и докторките, ми рекоа еднаш неделно може, со кондом и полека, нежно. Не е толку дека се плашиме колку што е до мене работата, не сакам.
Докторт рекол до 12 никако а ти неможеш да издржиш и си се смееш и задоволуваш. 3 недели имаш односи а си 9 недела бремена значи од 6 недела односи. Алал да тие на храброста и плус со ин витро.