Јас не сум имала спонтан, ова ми е прва бременост па моето маже веќе два месеци неќе да чуе за секс. Ми вика не можам да замислам да бутам нешто внатре сега, кога сме направиле мало чудо Среќа што ни јас немам желба , ама баш никаква. Блазе си им на тие што им се сака кога се бремени.Јас желбата ја имав до 20 та недела, сега сум 30 та и воопшто не ми ни текнува.
срцки јас сум во седмата недела и затоа мажулето не сака да имаме секс а јас добивам желба ај се надевам дека ќе ја потиснам некако мора да се издржува
Секс за време на бременост? Дали го практикувате со истиот интензитет? Дали имате зголемена/намалена потреба? Болки? Чувствувате ли непријатност заради бебето?
уф малку со страв и неможе да биде како порано од самиот страв и од стомакот неможеш во сите пози да го практикуваш сексот..болки имам на почетокот пошто немамме мн редовно секс и додека да се навикнам болно малку ама потоа е супер
Здраво феминки јас сум 8 недела бремена со мм имаме односи многу често но сакам да прашам дали може да свршува во мене зошто тоа ми е прва бременост па сакам да знам нешто повеќе околу тоа.поздравчиња
Еве колку да знаеш од мое искуство, кога го прашав мојот гинеколог дали смеам да имам односи со партнерот, ми рече: Па нормално дека можеш.. Кога го прашав: А со кондом или без кондом? Ме погледна вака :roll: и ми рече: Па нормално без кондом.. Кога го прашав: А смее да свршува внатре? Ми направи една фацка и ми рече - Па продолжете си со нормален сексуален живот.. Значи без ограничувања, освен ако не сте заинтересирани за садо-мазо или испробување кама сутра секоја вечер, нормално е да си продолжиш со односи само со повеќе пазење. Е сега ти ќе си го прашаш твојот гинеколог што тебе ќе ти препорача затоа што секоја жена си е различно осетлива, си носи своја бременост, свои потреби, реакции, проблеми..и многу многу нема да слушаш што околината ти кажува, туку што докторот те советува и се ќе биде OK :up: .
Ако бременоса е нормалана се разбира може и имајте колку ви душа сака, нема потреба од воздзување, јас сум 25 недела и до сега си имаме нормално, сега расте мешето како што врват деновите е поголемо , па така и ке намалуваме, дури имам желба се радувам, за месец-два кога ке бидам како балонче и да ми сака душиката нема да може, така да насладок е до кај 7 месец после тоа апстиненција некое време дури да дојде бебчето , па и после тоа некој период али не еништо страшно
Ок ти благодарам за одговорот па наредниот пат кога ке идам ке го прасам докторот па ке видиме што тој ке каже.
Имавме нормален сексуален живот за време на двете бремености, до самиот крај, со тоа што како ми растеше мешето, биравме соодветни пози.
Секс во тек на бременост сега за сега за нас е научна фантастика. Првата бременост ми беше патолошка, па не доаѓаше предвид никакви односи, дури ни орални, цела бременост сите 9 месеци ги поминуваме сушно, барем јас, за мм не знам, не можам да гарантирам со глава Сега исто (5-та недела сум), пак ни забранија додека се зацврсти плодот, најверојатно до 12-13 недела нема да смееме пак никаков секс да практикуваме...кутриот мој маж, кутрата и јас
Сега Лолита најактивна ќе си во оваа категорија. Ама пази - од сексот почна! Мене ме интересира што ќе се случи ако машкото свршува внатре во првите месеци од бременоста. Нели не било препорачливо? А, ако тогаш не ја искористиш таа слобода и уживање, тогаш кога?
^^Види се` е школо, човекот секогаш по нешто и од некаде учи. Пред 5год. го немаше форумов и буквално од тетки, стрини и вујни се едуцирав, замисли некогаш и погрешно Инаку колку што разбрав, т.е. прочитав баш на форумов не е препорачливо да се свршува внатре, наводно спермата можела да предизвика контракции, колку е точно не знам, уште истражувам
mene ova m e vtora bremenos i si znam od prvata deka nema od sto da se plasam dokolku bremenosta e normalna sekako deka treba da se pazi kako ama nema potreba od strav deka ke mu se sluci nesto na plodot.ginekolkozite preporacuvat i vo posledniot mesec seks zsto e dobro za polesno da se otvori matkat ,a i i seksot stiti od vaginalen sekret.pa devojki uziajte od pocetokot do krajot zosto jas uzivam
Не е точно дека препорачуваат гинеколозите секс во крајните месеци. И според мене она дека полесно се отвара со секс, кај мене не се покажа како точно. А од каков вагинален секрет штити сексот ?
) знаци вака дали мозе оргазмот да му настети на бебето? и напротив дали е убаво да дозивувас оргазам во бременсота поцнувајки од прво тромесецје?
Не може да му наштети не грижи се, таман работа тоа си е заштитено, освен ако не се работи за патолошка, ризична бременост во тој случај гинекологот ке ви каже дали смеете да имате односи.
Ја имав односи со мм во текот на цела бременост,а не сум знаела дека до 15 недела не треба,уствари ја дознав дека сум трудна дури кога влегов во 2 месец,а пред тоа тазе земени турбо имавме секс за второто дете ке знам....заборавив да кажам последните неколку недели немавме односи