Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секс во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од soledad, 28 ноември 2009.

  1. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Баш разговарав со другарка која што работи како сестра на ГАК, се најдовме две трудници и таа. И баш ја прашувавме разни работи. Јас баш се насмеав и и реков едвај чекам наредна контрола др да ми каже дека ги снемало хематомчињата за да му се фрлам на мм, веќе 4 месеца суша, и она кога ми се сврте ти дали си нормална, па најлесно можеш да „пукнеш“ во 5 и 6 месец зар не можеш да почекаш додека се породиш. Другава трудница баш и кажа ама еве јас сум 7 и од 4 месец си имаме секс, не секој ден и не грубо ама еднаш неделно си имаме, докторот не ми кажа да немам, не ми забрани, рече се е ок може да си продолжиш како и досега уште кога ми кажа дека сум трудна, ама ние сами почекавме да поминат првите три месеци. Другаркава што работи на ГАК ни кажа дека докторите ни биле неписмени, на ГАК постоела некоја докторка која најстрого го забранувала сексот. ние се насмеавме само а она ни рече смејте се, може ви е полесно што не работите таму па не гледате колку бељи им направил сексот на многу трудници. Јас се побунив и и кажав па ако не смее секс како може др да ми прави прв скрининг со вагинално ехо, а башка на тоа и спекулумот за брисеви да ми земе сигурно ме болеше повеќе него ли секс со мм да имам нежно и полека, на опуштено. Заклучокот нејзин беше секс никако до 9 пред пораѓај, а тоа што др ме гледал со вагинално дека абдоминалното не му чинело и дека веднаш штом се дознаело за бременост требало да ја заборави сондата за вагинално и веќе така да не ме гледал. Јас и другава трудница останавме така потшокирани малце. Еве не сум паметна, и ако др ми рече безбедно е сега да имаш секс незз дали би имала, искрено.
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не смее да има крв.
     
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Нема испитување кое докажува дека сексот му штети на плодот и не треба да се практикува. Освен со медицинска забелешка за патолошка бременост.
    Сите останати медицини освен македонската го препорачуваат сексуалниот однос во бременост.
    Вие размислете на која медицина и верувате и најбитно од се дали воопшто и сакате да имате секс во бременост. Се разбира партнерот треба да ви е здрав, инаку лошо би било без заштита.
    Имате секакви варијанти на секс не мора стандарден.
    Јас вагинален не практикувам оти шубе ни е во тројка :)
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Дека е безбедно никој нема да потврди 100%. Сондата за ехо гинеколог знае до каде ја внесува, исто и спекулумот. Тоа не допира до матка како при однос.
    За мирна глава, мирни 9месеци. Тоа не е нешто што не може да се исконтролира како жед и глад. Сериозно, ако се подразмислиме така е. Околку мене имам 3 трудници и после односот на дежурен завршија. Јас никогаш не би ризикувала. А со тоа што се соочуваат лекари, сведок е мајка ми која лежела 3недели на ГАК. У момент на занес-потрес тоа "нежно" знае да направи да е грубо.
     
    На lavica82 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Ние на почетокот немавме,но после 3 месец откако докторката ни дозволи па се до денес си имаме 2пати неделно...(23 недела сум)
    Се во граници на нормала нели!
    Одлично ми е,и мое мислење е дека се е до главата,ако си стаиш во глава дека ништо неможе лошо да се случи и да се опуштиш и препуштиш се ќе си биде убаво
    Немам никаков проблем ни со бебето ни со цервикс ни со болки никогаш ни крв немало ни со инфекции
    Така да опуштете се жени се е до нашите глави :D
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    16.987
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто би немала секс ако се е во ред со мене и бебето?!Освен нели ако немате желба.И првата а и вторава бременост сме имале секс.Незнам на кој начин би го повредиле бебето па побогу маж ми не е натприродно надарен со 30 см.Ако жената се отвараше со имање оргазам јас би ги родила двете на два месеца.
     
    На ane.bella и Bella* им се допаѓа ова.
  7. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    До кај крај на 13 недела не практикувавме секс, но потоа имавме, слободно, но доста ретко, некако немаме желба и двајцата. Како и да е, кога доаѓа тој момент,се опуштаме и до сега сѐ било ок фала му на Господ.
     
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.627
    Допаѓања:
    39.747
    Пол:
    Женски
    E како при однос допира пенисот до матката баш ме занима?
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Допира до грлото на матката, не дека не, но при нормална бременост, нели, грлото е цврсто затворено па не би требало да направи проблеми сексот.
    Баш затоа некои доктори советуваат пенетрацијата да биде "поплитка".
     
    На lavica82 и forumce им се допаѓа ова.
  10. Ringishpil_

    Ringishpil_ Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте кирилица.
    Zdravo mamicki ❤
    Eve I jas kako nova vo temava imam edno prasanje do vas .Jas sum 7 nedela I do sega dva pati imam napraveno vaginalno eho prvoto vo 5 nedela zasto mi se pojavi kafen iscedok minimalen sto do nekade znam deka e normalno vo pocetokot zaradi implantacijata ama sepak sakav ginekolog da me vide plus I da mi potvrdi bremenost neli. Ovaa nedela bev na kontrola znaci pak so vagunalno eho bev gledana posto uste e rano .Mi rekoa se e vo red vidovme i srceva rakcija i se nadevam taka ke bidi i vo idnina.Unaku ziveam vo stranstvo i naskoro si odam za Mkd pa bi sakala i tamu da se konsultiram so mojot ginekolog ama si vikam pak ako me gleda vaginalno da ne e ztetno nez ,a inaku za seksot imam zelba I sakam ama nekako se plasam da ne mi se pojavi pak nekoj iscedok ma da od tuka doctorot mi kaza deka e safe.
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.377
    Пол:
    Женски
    Почекај си прво нека се смести убаво ембриончето, плус си имала и кафен исцедок, за секс има време сега е најбитно бебенцето.
     
    На Bella* и Ringishpil_ им се допаѓа ова.
  12. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Девојки дали имате секс во поодмината бременост? Како реагираат мажите? Мојов се плаши хахаха смешки значи не знам како да го убедам дека нема шанси бебето да осети тоа си е над бешиката не доле:x:x:D
     
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.377
    Пол:
    Женски
    Ние немаме ич досега 28 недела сум, исто и мм се плаши :D јас похрабра сум ама тој :shake: има тема секс во бременост, најверојатно и таму ќе ни ги префрлат мислењата.
     
    На Sparkles27 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    I mojot mm se plasi mnogu I nemame seks a veke sum 28ned
     
    На Herrera и Sparkles27 им се допаѓа ова.
  15. @Verba

    @Verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2017
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    2.214
    Пол:
    Женски
    @Sparkles27 јас сум 31 недела веќе и ниту јас,ниту мм не ни помислуваме на секс. Толку го чекавме ова мало нешто,да сега не би ризикувала со ништо. Јас тоа така го сфаќам,како ризик. Може и претерувам,не знам. Вчера реков од ништо не сум поштедена,се работам,ама ете на сексот заборавив :wasntme:
     
    Последна измена од модератор: 20 септември 2018
    На LUCI 99, Melinda85, Martka и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Добро значи повеќето мажи ви биле такви хахаха Ние сме немале воопшто секс значи не дека е нешто без што не можеш, но хормоните ми се до плафон и сега веќе кога е при крај си викам ајде зошто да не, после породување тешко дека 2 3 месеци а може и повеќе ќе помислам на секс :doh: Другарки па ми викаат имале скоро секој ден и највеќе уживале тогаш баш кога биле бремени... :tmi:
     
  17. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Сексот во текпт на бременоста е корисен дури и препорачлив од страна на гениколозите само доколку не е проблематична бременоста.Уживајте преубаво е :$
     
    На Bella* и Sparkles27 им се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.217
    Допаѓања:
    25.781
    Пол:
    Женски
    Ако бременоста е нормална без проблеми сексот е дозволен, ако ви е страв разговарајте со вашиот доктор,и вашиот сопруг нека биде присутен за да се увери дека не може да го повреди бебето, (освен ако му е 25см. Е тогаш незнам:)) Не знаете што пропуштате заради лудите хормони сексот во бременост е многу по различен и по убав.
     
    На Bella*, lackygirl и A.27 им се допаѓа ова.
  19. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    И јас немам секс ни па ми оди преку ден умот на тоа, а сум 32 недела. Ама веќе од 37 сакам да почнам да имам за полесно отварање и го припремам маж ми психички од сега. А, на вечер ми се има случено неколку пати да имам еротски соништа и дури да свршам. Се будев со грижа на совест. Очигледно она што го потиснувам преку ден на сон си излага. Хормоните си го прават своето. Баш ме интересира каков е сексот во бременост. Дека и повеќе доток на крв има во гениталиите викаат дека тогаш бил најубавиот оргазам. Уште месец дена здравје, па можеби ќе пробам.
     
    На anita123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски