Јас немав односи ми беше забрането( патолошка бременост) ама и да не бев со ризична не би имала а и маж ми се плаши или незгодно му е не знам како да објааснам имаме зборувано на оваа тема претходно... А баш.се смеев со другарка бебет и има дупчиња во образите и она вика со мааж ми многу работевме додека бев бремена ххххаа Ете немам примери за некои компликации од однос во бременост ама мене лично не ми се присака може зошто бев оптеретена со проблематичната бременост.
Ќе кажам само, за тие што можат, да го искористат периодот на бременост за интимност онолку колку сакаат, зашто баш тогаш желбата е зголемена. После раѓање на бебето нагло опаѓа нивото на хормоните, а заморот и стресот додатно допринесуваат да немате желба. Мене ми требаше период од шест месеци за да ми се врати желбата, а и сега богами после второво еве 4 месеци ама ич немам потреба од него
Јас редовно имам и тоа без никаков проблем ни беше одобрено од докторот од 15та недела па навака си немам проблем и баш поубав мие во бременост а за желба секој различно некој сака некој не на некои мажите им се плашат и да немаат проблем не им сака душа така да секој е различен
Јас имав односи цела бременост. Посебно на крај. Немав ризична бременост, ниту имав компликации од секс. Интересно кај мене беше што кога ќе ми дојдеше моментот пред оргазам, се укочував - мислев и бебето ќе се возбуди. Јас брзо се вратив на активностите после пораѓај - чекав само на контрола да ми одобри докторката.
Здраво на сите сакам да ве прашам дали може сега партнерот да свршува во мене 9 месец сум некаде читав дека спермата била добра да почнемо малку со рабпта и да си олесним пораѓајот колку е вистина ќе видимо
Конечно, конечно после 20 недели, да се опуштам и јас да имам секс со сопругот. Последниот пат кога бев на контрола не го ни прашав др дали смееме, зошто претходниот пат беше ај превентивно продолжи само со уште едно кутивче утрогестан и си знаеш (демек почекајте со секс има време до 5-6месец). Една другарка ме подучи, ако не ти смета тебе, ако не му смета на бебуш, слободно имајте си, ама за да знаеш мораш да пробаш, ако иде иде а ако не ќе си прекинете, и еве вчера конечно. Нит ме болеше нешто, нит грчеви, нит страв некој, ништо. Само позитивна мисла и максимално уживање
Жал ми е, изгледа кај некои потешко оди, ама зашто да не се проба Кај мене имаше ефект, задните десет дена го "мачев" маж ми секој ден да имаме. Кога стигнав во болница бев 8см и се породив за еден саат. Можеби требаше и првата бременост за да можам да направам споредба. А тогаш ич не сакав во 9ти кога бев. Чекав 8 саати за да се отворам.
Јас немам желба за секс откако сум бремена, и баш ми е криво поради тоа Ептееееен ретко имаме односи со мм, мислам дека либидото ми е мртво скроз. А баш напротив читам по интернет, дека заради хормоните сега треба да сакам повеќе.
А не знам дали може да се има секс ако веќе си отворен 3 прста Некое такво искуство? Ја еве цела недела сум отворена и така си чекам
Девојки веќе два дена се обидуваме со мм да имаме односи но неможам многу ме боли ги пробавме сите пози но никако пак боли од што може да биде според апликација што ја имам веќе сум влезена во 9ти месец според докторот сум 35та а според менструација 36та.. од што може да боли толку многу..плус да напоменам немаме често односи можеби во неделата 2 пати..
не сум имамла односи, но мои другарки што имале викаат дека од што не се влажнат како порано ги боли. Можеби е тоа...
Не напротив влажна сум но пак боли не се издржува..Мене мие ради спермата велат дека го омекнува грлото на матката..
А добро, ова кринонот гел стапчињава што ги бутам длабоко секоја вечер, и да мора убаво што подлабоко да се бутне, со ова што праиме???
Штом боли значи дека не треба да имате односи. Подобро консултирај се со матичниот др прво чисто информативно. Тој треба да има одговор.
Jas dosega ne sum imala odnosi, ama cat pat znam malce da se zadovolam(3 pati do sega, a krajot na 5 sum) mazot ne mi e ovde, ama pa maka mi e se si mislam loso mu pravam na bebeto psiha, ama zdravje pred da odam kaj mm ke ja pitam i ginekologot dali smeem.