Лелее како ме насмеа И јас сум у апстиненција,само чекам и бројам кога ке нападнам,немој вака брат и сестра лелеееее.. @Fallen.Angel не се секирај,сите сонуваме и по некој оргазам у сон нормално е хаха
Хахахаха ама така е не лажам јас.. И јас бев вака како вас пред бременост и за време на бременост ама после... неќам да слушнам за то
Какви последици? На прв преглед во 5та недела ни дадоја зелено светло, маж ми на почеток имаше некоја блокада додека уште еднаш не му објаснија дека нема никаков ризик, бебе е заштитено, ако немам болки слободно да си уживаме. Од тој ден редовно водење љубов, почна мешко малу да смета ама ништо страшно се навикнавме и на него. Ние практикувавме дури и свршување в натре, па ништо лошо не се деси. Сега сме моментално далеку ама за брзо продолжвиме таман и бебе да го натераме да излезе побргу. 38+3
Хахаха, кога сме кај полудените хормони првото тромесечие сакав 2 па и 3 пати дневно мм полуде, па дури и се карав дека не ме сака веќе. Второто тромесечие беше океј, а третото пак полудев последните недели го силував буквално. Секс имавме до 1 недела пред пораѓај , стомакот беше огромен, и веќе не можев физички иако имав желба Доколку е дозволено од доктор само напред.
Јас не знам веќе полудувам. Од 17 јануаари не сме имале односи, гинекологот тогаш ни забрани поради бактерија која се покажа на моите брисеви. Се лечевме и двајцата, на последниот преглед докторот праша дали сме имале односи, си кажавме дека не и ни рече дека слободно може да имаме доколку сакаме. И јас од тогаш секоја вечер спремна го чекам мажот во кревет, пробам да го провоцирам, а тој кутриот уморен веднаш ми заспива... Не знам дали да бидам подиректна или да си продолжам да се глупирам вака.. Не знам зошто ама си имам голема желба, изгледа хормониве ми се имаат измешано...
Штом не реагира на твоите провокации биди ептен директна кажи му И да да знаеш дека е од хормоните.. јас имам/в огромна желба ама како си проаѓаат неделиве некако како да ми се намалува желбата
Абе јас си имам.. Маж ми слабо покажува. Вчера пак се изглупирав. Додека се бањаше сакав да му влезам во туш кабина, ама се заклучил.
Ние немаме воопшто еве 5 месеци . Од прво ни беше страв, па после и малку прокрварив и уште толку ни беше страв. Сега се е во ред ама изгледа и мојот има уплав ич не бара .
Da ti dadam malce od mojava NE zelba za seks eve teram veke 28 nedela i kako so ostanav trudna pa se do sega nejke da mi cue za odnos. Ne ni zabranile nesto strikno , on nejke od strav radi predhoden spontan i ja isto ama i nemam ni zelba nekako cudno mi e duri so ne osekam nikakva zelba za seks,a predhodno si bevme priliccno aktivni
Јас имав огромна желба и на глава му се качував и ете бидна конечно пред некој ден ама ме болеше како невина да сум Веројатно дека долго немавме. Плус некој леплив секрет, ниедна позиција не ми беше згодна и завршивме колку да ми помине меракот ама дефинитивно мирна ќе си седам освен ако има потреба во 9ти
Изгледа треба подиректна да бидам.. Од време на време и мене така ми се чини. Кога спиеме ме врти на другата страна да не го притискал бебето ако ме гушнел. Претходно кога имавме односи пак прашуваше дали е безбедно и некако гледав дека не ужива целосно како во грч беше.
Ние на моја иницијатива (нели хормони работат) имавме 3 пати,еднаш после 12та недела, ми беше страв претходно и два пати во периодот од од 12та до 20та. Тогаш уште ни меше немав, па така не размислуваше мн на бебе. Нормално,сто пати препраша да не му се случи нешто на бебето. Во 20та ми открија скратен цервикс и збогум пријатно на сексот, а плус тоа ни него не ми дозволуваше со рака да го пипнам кога влегов 9ти , завршив 36та,37,38ма недела викам дај бе жити се побрзо да се породам сите препорачуваат, нејќеше да чуе, ау сега со толкав стомак нема шанси
Аууу алал да ти е како си издржала ајде кога ви забраниле јасно ми е ама вака кога имаш зелено светло кај нас па ни јас се плашам ни мм немаме гајле за тоа (може дека второ) за првото колку што се сеќавам си имавме исто редовно односи се додека доктор ни дозволуваше дури во 9ти мислам дека највише бевме активни
На ова тема ми е незгодно да зборувам со др не знам како да прашам па еве тука некој совет дали треба да се намали темпо и дали треба со заштита или можемое да користиме сега овој период за слобода ?