Треба малку осет, така ни кажа докторот, малку да сме биле внимателни. До 36 недела обавезно кондом, потоа може и свршување внатре. Ние не знаејќи без кондом си имавме односи и кај мене се појави бактерија во 14-15 недела. Од тогаш наваму само 2 пати сме имале исклучиво со кондом. Во 22 недела брисевите ми беа чисти, ама не ризикувавме.
Ние со сопругот така без кондом па еве сега уреаплазма (се надевам сме ја излечиле - чекам резултати). А што е најинтересно јас уште на старт го прашав гинекологот дали кога имаме односи да користиме кондом и тој ми рече не мора... и нели нормално чим не мора си теравме така. Веќе до пораѓај (здравје Боже) нема шанси без кондом. Мој совет... користете кондом
Да, чудно така што ви кажал. Мене од сам старт ми рече докторката прво тромесечие без секс, а после строго со кондом. Ама еве 35та недела ми се изгуби и желбата веќе.
Како шо читам мислења и искази можан да заклучам дека секој гинеколог си има своја теорија и принцип на работа. Најважно ми е да си ми е океј бебо, сексот нема да ни избега..
Да, различни совети има мада јас не би без кондом во било кој месец. Никогаш не се знае што може да се случи.
Хахаха а кај ти текнало да мериш притисок Нормално е, а - мастурбација, секс, физичка активност...исто е. Очекувано е да се покачи Друг пат не мери
Морам да прашам зашто жива ќе се изедам. 10та недела сум и имам покачено либидо до таван. Во план ни беше со сопругот да почекаме после првото тромесечје па да прашаме за зелено светло од гинеколог. Докторката ништо не ми кажа ни забрани,ни дозволи а од срам глупо ми беше меѓу прегледи да и пишам "ќе може ли да се онакваме". И ете бидна што бидна. Сега си ја гризам опашката. Дали сме безбедни ја и бебуш? Да не ја оплескавме, пошто имав оргазам а читам постојат и некои контракции. Сега не ме боли ништо си лежам и мирувам. Да паничам ли? Згрешиме ли?
Мене ми рече матичната да не ризикуваме. Ама и јас ко тебе бев напалена како никогаш. Дури и сонував такви соништа Така да имавме секс, полека во забавено темпо. После тоа и мене ми беше шубе и чудно се осеќав ама ете ништо не се деси. Фала му на Бога.
Леле колку ми е шубе. Значи ова ќе ми е квотата исполнета за сите 9 месеци. Еднаш. Вакви стресови веќе не. Само се да е во ред. А на мојот ќе му земам една на пумпање. Гола не му се појавувам година и пол.
Така викаш Таа потреба во бременост не се контролира И јас имав желба како никогаш досега дури на моменти го фаќав мм како чудно ме гледа. На нас не ни беше дозволено во прво тромесечие, а после тоа само со кондом. Изгубив желба во 9ти месец (барем така мислев) дури и пишав на форумот и пред 3 дена само ме погали и леле кога ми дојде... Си завршивме работа и мирни сме сега. Сум читала и на нет и од една апликација ми стигна нотификација дека кога имаш оргазам и на бебето му е убаво. Така да, уживајте
Јас еве 11та недела успешно издржав без секс со тешки маки.Да не беше мојов кочницата досега секако ќе имавме ама ете таков ми се погоди паничар. Ајде уште една недела па после.. Си знае,му кажав, уште една недела и ќе мораш
Во првата бременост имавме секс 10 недела некаде и наредниот ден ми се појави кафеав исцедок од тоа. Оваа бременост сега мислам дека до крај ќе немаме, заради тоа претходното искуство и заради крварењето на почетокот што беше. Сега за сега (10 недела) немам ич желба, а како ќе биде понатаму незнам
Денес е се мирно после мојава авантура. Нема никаков исцедок. Дали од психата вчера цела ноќ око не склопив како што треба, се ми се чини ме тегнеше стомакот на која страна и да се свртам. Ќе се замонашам ако треба наредни 8 месеци, само да не ми биде пак така.
Не мора да значи дека ќе имаш исцедок, но и да се случи, ништо страшно, си поминува сам од себе. Ако е се во ред со бременоста зашто да немаш и да си ја мачиш душата па
Никогаш немам употребено кондом во бременост и немам фатено инфекција. За да фатиш инфекција, треба маж ти да прцнал на страна, не може одеднаш да се створи инфекција од нигде никаде. Мене појше шубе ми е да пикам силикон внатре, демек кондоми за бременост, глупости. Појше од тоа може да се изиритира. Мене првите три месеци после секс ме болеше и и кажав на докторката, таа ми рече да олабавам малку. После 4ти месец не ме боли. Немам секс како што сум имала, затоа што желбата ми е намалена а и на мојот му е шубе, но кога ќе осетам потреба, имам најнормално. Нема никаква потреба да оскудевате од секс за време на бременост, доколку сакате и доколку имате нормална бременост. Ако има некаков проблем, самата докторка ќе каже.