Немора да значи, може едноставно во текот на бременоста нормално ти е намален имунитетот и при односи да ти се појави инфекција. Или да ти се редуцира нормалната микрофлора на вагината и така да имаш поголеми шанси за инфекција што можеби пред тоа немало ни да се појави. Плус и за ризична бременост доста препорачуваат да се има односи со заштита. Мене во првата бременост после вторите брисеви, гинекологот не советуваше односи само со заштита до пораѓај да си бидеме на мирно додека се роди бебуш.
Ако е се ок со тебе и партнерот терајте и без кондом. Јас прашав гинеколог и добив дозвола, дури и со свршување внатре. А иначе може да пробаш други па види кои највеќе ќе ви одговараат. А и ме чуди дека велиш исцедок од кондом.
Гинекологот ми забрани секс, иако не наведе причина за тоа.. Дали клиторична мастурбација е дозволена според ваше мислење, искуства.. Благодарам
Кој месец си? На нас ни беше забрането до 12та недела, а понатака само со кондом и внимателно. И јас се мислев дали ќе наштетам со мастурбација, читав дека контракции се прават ама кај мене не се случи ништо до последен момент, на термин се породив.
Прашај го гинекологот дали смееш. Мастурбирав јас. Посебно во 4ти месец, полудена бев... единствен рилис ми беше мастурбацијата. А секс ни беше забранет.
Не, контракции имаш кога доживуваш оргазам така да еднакво опасно е. Се издржува, многу не има такви, збореа пред некој ден за ова во труднички или трето тромесечје беше не ми текнува.
Нас ни забранија, мада очекував до 12 недела дека ивф. Кога прокрварев докторот рече изгледа ќе паузирате 9 месеци Ај на јаве знаеш не треба немам ни желба толку ама секоја втора трета вечер такви безобразлуци сањам ме фаќа страв пак да не прокрварам, коа ќе се разбудам осеќам дека имало конттакции
Послем скоро 5 месеци апстиненција од вагинален секс, вчера првпат имавме (со дозвола од докторот нормално). Одвајчекав да заврши Цело време си замислував внатре што се дешава И плус ко да сум се одвикнала, неможев да се опуштам. Баш се разочарав, ова не сум јас
Женски јас имав кратко секс неколку пати до сега, а мастурбирам од 4ти месец наваму. Оваа недела влегов во 6ти. Гинекологот поради малите болки на почетокот ми рече без односи, но откако почнав да пијам магнезиум, немам болки и си терам без проблем. Во принцип мм нејќе секс дека му е страв да не не смееме или поради инфекции, ама еднаш месечно бар да не заборавиме што е тоа Инаку ни мене не ми е тоа тоа, иако пред бременост бев бетер од маживе. Секс потреба редовна, со љутиш ако нема ќе помине и ова, ќе се вратиме во нормала. Во меѓувреме да не полудеме ❤️
Имаме односи ама се плаши секако мм , оргазамот предизвикува контракции кај мене ама краткотрајни и тоа сега поубаво ги чуствувам зашто цел стомак ми се стега 3 до 5 мин максимум мирувам и ми се смирува , цервикс е високо , затворен така да не му се плашам , прашувам на контрола обавезно, викаат докторкиве може зелено светло така да тераме .... имав еден испад пред два месеци зашто хормониве до плафон а мм малку паничар и апстиниравме некои 10 дена и ја почнав филмови триста да си праам па да се лигавам па да не праам муабет директ депресија а бе живи срамотилаци , ама се држам добро поминуваме
Мене ми беше страв цела бременост стално имав болки и паники. Ама затоа во 9ти сега ќе поднадокнадиме Доктор чим вика да имаме односи за полесен пораѓај и отварање мора да послушаме
Ај доста ми правите лиги. Кога конечно ќе ми дојде редот таму 3 месеци после пораѓај да не речам година и пол од почеток ќе се чудите зошто повторно фатиле земјотреси во Скопје.
Ние еднаш имавме, во 5ти месец и фатив бактерија Значи годинава 2 пати сум имала односи, еднаш кога го направивме синко 2 и вториот бактеријата кога ја закачив. Јас ја излечив, кај мм се повторуваше. 1 обид за мастурбација имав, т.е. успешен обидот беше, си легнав после тоа и оп по 2 саати ми пукна водењак Сума сумарум тоа е мојот сексуален живот годинава
Ќе има огномети за Нова Година што на небото, што во спалната, таман утре ќе ми ја донесат нова ќе ми биде