Вики јас прв пат слушам за ова, и мислам дека благе везе нема, нормално ако не се работи за патолошка бременост каде ке биде забранет во цела бременост, и каде трудниците ке бидат известени од својот гинеколог.И најчесто жените кои останале трудни до кај првиот месец - месец и пол не ни знаат дека се во блажена состојба, па сите си практикуваат најнормално секс Така да нема потреба ни за второто да се пазиш, зборни си со твојот гинеколог ке ти го потврди истото.
И јас прв пат слушам за ова. Ние си имавме секс најнормално. Само без свршување внатре така ме советуваше гинекологот поради некакви болки
13ипол недела и ни еднаш секо до сега!!...имав мало крварење и од став пазам како спијам,се вртам,а не да ми текне на друго...не знам како ке биде до крајот,и јас ке го прашам гинекологот следниот пат. Имам слушнато од друга трудница дека неа гинекологот и препорачал секс за да се држи отворено дупчето,или опуштени мускулите,не знам точно што беше.
Ние си имавме ноормално односи во текот на бременоста , дури и при крајот секој ден. Пошто терминот ми помина а бебето нејкеше да си искоЧи гинекологот ме советуваше да имаме односи со сопругот и да сврши во мене , пошто спермата содржи киселини и ке помогне да се отвори матката и да дојде до порагање .
koga stanuvase zbor za seks ufffffffff..........begav,se vadev,lazev deka ne mozam,sepak na kraj popustav.......mi bese strav,mnogu strav,go prasav mojot ginekolog vo vrska so seksot mi kaza podobro e da nemas seks za vreme na bremenosta,no sepak ako imas togas koristi kondom. So tekot na vremeto se opustiv pocnavme da imame sekoja vecer odnosi,nekako se opustiv i toa bez kondom,moe mislenje e deka pri normalna bremenost mozi da se ima odnosi no sepak da se vnimava,kaj kriticnata bremenost najubavo da se bara sovet od ginekolog....
Труднички муабети еее за другарчето ич муабет да не правиме, пред некој ден гледав филм и имаше сцена како жена се порага, и си го зема детето во раце и почнува да плаче, и јас будалата како што гледав леле кога почнав да плачам неможев да се контролирам ми извираа солзи, и сестра ми по тел ме осети вика зошто плачиш и јас и велам и јас сакам моето бебето да го видам абе после кога се освестив што правам комедии бев па се смеев абе многу измешани емоции mey ние имаме односи, во првите 3 месеци лекарката ми рече во недела по најмногу еднаш, а сега ни дозволи слободно, но без да свршува внатре, а во 3тото тромесечие поточно во последните 2 месеци препорача повеке секс и да свршува внатре, не разбрав баш зошто го кажа така, но кога ке дојде време ке ја прашам.
Труднички муабети Сењорита, така е зошто треба да се рашири карлицата, а спермата помагала за да се створат контракции, затоа има периоди кога е пожелно или не пожелно да се свршува внатре.
Труднички муабети А кога сме веќе и кај таа тема, јас и мм имаме односи не често, ама ни одобри докторката бидејќи бременоста ми е нај нормална, па така по 1 или 2 пати неделно ќе имаме и сега мм сака да свршува внатре, а јас се плашам, поради можни инфекции, но тој не и не ништо нема да ти биде, не се плаши и додека му кажам оп немој тој веќе свршил и ајде одма трчам во тоалет да се мијам, значи не можам ниаккао да му докажам дека не е во ред свршување сега внатре
Труднички муабети Не не, засега никако внатре, калиас дај му на маж ти нека прочита, барем сега е лесно, на нет има се. Не се зезајте, а за инфекции може да има од тоа што не користите заштита, затоа и препорачуваат во бременост да се користи кондом
Труднички муабети Па да, јас го знам тоа, но тој се прави луд као да не знае ништо, така му одговара нема веќе толку, од сега само строго, па да видиме ако сака сака ако не немааааа , аш
ама не, не личи тоа така, сепак е многу неодговорно од негова страна, свесно ризикува живот Се надевам ќе го опаметиш
Труднички муабети Нас никако не ни дозволуваат да се незнам зашто ама тоа е тоа , ќе се воздржиме од акции а секогаш има и алтернатива сега сме во фаза само на мазење и гушкање и галење и искрено мм никогаш не бил толку романтичен и нежен како што е сега (супер рррррррр) а соништа +18 имам и јас и си прашав поискусни мамички од мене со по едно две веќе родени па ми рекоа дека тоа е сосема нормална работа и да не се секирам многу многу... ќе помине и тоа па ќе има и друго. ТУку чудно ми е што овие денови сонувам чудни соништа глувци и бубашваби па ме фаќа некоја нервоза за без безе. Што се однесува до ова боцкање во стомакот може и да е што се форсирав вчера со генералкава по дома па сега малку сум поуморна денес.
Труднички муабети идни мамички како сте? јас пак можам да се пофалам дека нокеска после незнам колку време си спиев и тоа убаво туку ај денес да си помуабетиме на една друга тема, мене баш ме интересира каков е вашиот сексулен живот откако останавте бремени???? ние искрено од кога разбравме дека сум бремена не се имаме чепнато, ( во смисла за во џозефинче, еххех јас така си ја викам ) не дека не сакаме, или не смееме, туку ни е страв, додуша поке на мажево отколку мене да не му наштетиме на бебето, да му штетел мојот оргазам, и еден куп други глупости.... а се пукнавме од читање на интернет дека не е ништо опасно ама ајде де, никако да се решиме
Труднички муабети Секс .... што беше тоа Од кога сотанав бремена , крварев на почетокот, па до 13н ни беше забрането, потоа ај демек дозволено, но полека едно друго, па хематом ми се појави и морав само да лежам. Сега веќе сеедно ми е, само нека заврши бременоста како што треба, да се роди бебушката здрава и жива, па после нова година ќе ја повториме лекцијата за секс Имам периоди кога ептен многу ми работат хормоните, па наоѓаме начини како да се смириме.. само во последно време никако да ми проработат , до ништо не ми е
Труднички муабети кај нас пак нема причина ама стравот е голем, само што ке се решиме ете на пример вчера одма се премислуваме и на друг начин еден од многуте си го правиме задоволството , поке задоволство на мажето, еххехе искрено на почетокот и немав некоја желба, ама со тек на време се повеке сакам имам некои познанички кои биле бремени ги мрднале мажите по неколку пати во денот сакала
Труднички муабети Допрва ќе бидед весело кај вас, накај 20-22н кога се зголемува дотокот на крв низ организмот, е тогаш да видиш каква експлозија е тоа Уживајте слободно ако можете
Труднички муабети Зошто бе душички неможете да спиете? Јас па се утепав од спиење, од 23 часот синока спиев до пред саат време ама соседите сечат дрва и ме разбудија . Инаку гледам секс нешто ова она зборите срамотни работи , јас ја прашав мојата лекарка и ми кажа во првите 3 месеци поретко после при нормални бремености е дозволено, само да не биде груб секс, онака романтично полека и не ни е пробелм слободно си имаме секс кога сакаме, но за разлика од пред да бидам трудна и сега значително ни е намален сексот оти мажето многу се плаши дане го ударал по главата бебето и габе е тоа неможам да му го докажам дека не е така, битно по еднаш до 2 пати неделно си поминуваме убаво не се плашите само полека и се ке биде во ред.
Труднички муабети Сексот ни е како никогаш до сега, и во квантитет и во квалитет. И на бебето ништо неможе да му биде доколку имате нормална бременост. Ете така да си знаете.
и јас сум иста бегам наоѓам изговори и понекогаш на крај попуштам... Знам дека не е фер спрема партнерот но немам некоја желба а и се плашам за бебчето едноставно не можам да се опуштам...
Исто и јас немам воопшто желба за секс.Односно имам огромна, ама чим дојде до самиот чин ме фака страв и паника, и ништо. Гинекологот ми рече дека најнормално да си продолжиме се сексуалниот живот, но јас од сам почеток имам страв.Инаку во првите месеци имавме почесто, а сега се сведува еднаш на 2 недели.И тоа измачувачки.Заборавив како е да свршиш Тоа е. Едвај чекам да се породам, да поминат тие денови до кога смееш, ќе ги викнам бабите да го чуваат бебец неколку часа, ќе изнајмам соба во хотел, ќе го одвлечкам маж ми таму и ќе го сексам 10 пати по ред .